verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Школски пример за спин

on 15 - 09 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

 

republika-zaev

[Рецензија: Заев се сили со албански гласови: Цела Македонија ќе ја направам двојазична (ВИДЕО)]

 

 

Овој текст е школски пример за спин. Тоа се гледа веднаш штом ќе се преслуша видеозаписот кој е ставен како извор на тезата што се застапува, но ниту тоа не спречило да се објави ваков сензационалистички наслов.

 

zaev-spinЛинк до оригиналниот напис: Заев се сили со албански гласови: Цела Македонија ќе ја направам двојазична (ВИДЕО)

Датум и време на објавување: 14.09.2016, 12:12

Датум на рецензирање: 15.09.2016

 Рецензент: Владо Ѓорчев

 

ИЗВИТОПЕРУВАЊЕ БЕЗ ОСНОВА

Со самото преслушување на видеоснимката веднаш се сфаќа дека се работи за спин. Тоа што се алудира во насловот, „Заев се сили со албански гласови: Цела Македонија ќе ја направам двојазична“, не може да се извлече како заклучок од видеоснимката. Напротив, во неа Зоран Заев, претседател на СДСМ, зборува за потребата од албански гласови, а никаде не споменува дека Македонија ќе ја направи двојазична.

„Тој во интервју за НОВА ТВ вели дека во борбата за глас повеќе од Албанците е подготвен албанскиот јазик да стане официјален јазик во сите градови на Македонија, па дури и во Прилеп, Штип, Струмица и останатите градови каде што живеат над 90% етнички Македонци“.

Ниту овој дел го нема. Заев во видеозаписот вели:

„Сметам на албанските гласови за СДСМ. И очекувам СДСМ да добие најмногу албански гласови, па после некоја друга политичка партија од албанскиот блок“.

 

ТЕЗАТА НА ТЕКСТОТ НЕ СЕ НАОЃА ВО СНИМКАТА

Од тоа се гледа дека овој пасус е целосна невистина. Никаде тој не спомнува дека е подготвен албанскиот јазик да стане официјален јазик во сите градови на Македонија, па дури и во Прилеп, Штип, Струмица.

На овој спин реагираа и од СДСМ со реакција, која подоцна во медиумот не беше објавена, ниту, пак, беше додадена во текстот. Еве што се вели во демантот:

„Заев во ниту еден момент во интервјуто не спомена двојазичност на целата територија на Македонија и тоа јасно се слуша од одговорот на прашањето, кој го испраќаме во прилог. Поистоветувањето на познавањето на повеќе јазици со двојазичноста е или елементарно непознавање или тешка манипулација од страна на куририте. Не постојат спинови на власта кои ќе ги одвратат граѓаните од намерата на 11 декември да му кажат збогум на Груевски, а потоа заедно да ја градиме новата Македонија“, се наведува во реакцијата на СДСМ“. 

Ова е текст со јасна намера – да се омаловажи Зоран Заев претставувајќи го како „предавник“. Но, спиновите, се недозволиви во новинарството, односно ваков текст е соодветен за партиски билтен, но не и за медиум.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

неточни наводи

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор, наведен извор со линк

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

не апликативно

стилски уреден

поврзан со тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Претплатете се за најнови вести