verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Владо Ѓорчев

Претставките за медиумите поднесени, судот ги разгледува без брзање

на 7. 10. 2016 | | en
Управувачот далечински, надзорот од близина. Фото: redjar/flickr  

Овој напис ги објаснува постапките што ги преземаат надлежните институции и тела – Агенцијата за аудио и аудио-визуелни медиумски услуги (АВМУ) и Привремената комисија за надзор на медиумите во предизборниот период (ад хок телото), какви одлуки носат и како ги објаснуваат своите одлуки за претставки против медиумите, кога тие ќе ги нарушат правилата за информирање, а кои се поднесуваат до судот за

Текст без два основни стандарди може да биде само „жолт“

на 6. 10. 2016 | | sq

Иако професионлниот стандард на наведување извор(и) во македонските медиуми е усвоен пред многу години, сè уште среќаваме написи без никакви извори на информации и такви во кои изворите не се именуваат или погрешно се лоцираат за да се заведе читателот. Но, исто така, сериозен проблем е и користењето на еден или истородни извори, без да се почитува етичката обврска да се сослуша и другата страна. Таков е и овој напис, кој е едностран, со многу прашалници, уште повеќе неаргуменитрани и непроверени тврдења и сето тоа без извори. Линкуван наслов на оригиналниот напис: Министерот Цветков се изнервирал и забранил да му даваат кафе на заменикот Николовски, немал заслужено Датум и време на објавување: 4.10.2016, 18:45 Датум на рецензирање: 06.10.2016 Рецензент: Владо

Внимание: лажна тревога!

на 5. 10. 2016 | |

[Рецензија. Наезда на смрдливи бубачки во Скопје – внимавајте опасни се]

  Текстовите мора да се вистинити и точно да ја одредуват локацијата каде што се случил настанот. Информацијата што се пласира мора да има потврда – преку соговорници, документи или некоја друга фактографија, за да можат читателите да бидат сигурни дека се работи за вистина. Овој напис не нуди такви докази и не остава простор да му се верува. Линк до оригиналниот напис: Наезда на смрдливи бубачки во Скопје – внимавајте опасни се Датум и време на објавување: 03.10.2016, 21:52 Датум на рецензирање: 04.09.2016 Рецензент: Владо Ѓорчев  

СКРИЕН „ТИЗЕР“ ЗА ПОВЕЌЕ КЛИКНУВАЊА

Насловот и почетокот на текстот се пишувани како да се работи за нешто што се случило

Спин затеран уште од насловот

на 30. 09. 2016 | | sq
 

[Рецензија: Совет на обвинители: Катица Јанева е непрофесионална и неука]

  Еден текст мора да биде целосен и точен! Тоа е основно правило на новинарството, кое во овој текст е прекршено. Еве, во што: Кога се зборува за еден човек или кога тој зборува, а не истакнува дека ставот е од името на институцијата во која работи, станува збор за негов личен став. А овој напис ги меша личниот со ставот на една институција.     Линк до оригиналниот напис: Совет на обвинители: Катица Јанева е непрофесионална и неука Датум и време на објавување: 28.09.2016, 15:06 Датум на рецензирање: 30.09.2016 Рецензент: Владо Ѓорчев     Ако се прочита само насловот, се претпоставува дека се работи за некое соопштение или

Само од фејсбук-статус не се прави текст

на 28. 09. 2016 | | sq

Овој напис покажува како не треба да изгледа еден текст. Само од статус на „Фејсбук“ не може да се направи текст, тоа може да биде само иницијална каписла. На ваква објава не може да ѝ се верува безрезервно, без разлика од кого доаѓа.   Линк до оригиналниот напис: Панов „купил“ стан во Скопје од фирма што има склучено тендери со општината во висина од половина милион евра Датум и време на објавување: 24.09.2016, 12:28 Датум на рецензирање: 28.09.2016 Рецензент: Владо Ѓорчев  

А ВТОРАТА СТРАНА?

Овој текст губи од професионалноста со тоа што фејсбук-статус од висок функционер на СДСМ е земен здраво за готово и е пласиран како новинарски текст. Притоа насловот е категоричен според тврдењето, без воопшто да остави

Наместо вистинска информација – спин

на 27. 09. 2016 | | sq
 

 

[Рецензија: Очајниот Заев нарача притисоци и напади врз судот (ФОТО)]

Овој текст е целосен спин, а невистината почнува уште од првиот пасус. Иако точно се знае што се случило, написот тоа го игнорира и објавува нешто што нема никаква врска со вистината. Единствено професионално сработено е потврдата од МВР дека имало таков настан. Линк до оригиналниот напис: Очајниот Заев нарача притисоци и напади врз судот (ФОТО) Датум и време на објавување: 26.09.2016, 10:30 Датум на рецензирање: 27.09.2016 Рецензент: Владо Ѓорчев   „Очајниот опозициски лидер Зоран Заев нарача притисоци и напади врз Основниот суд Скопје 1, каде што треба да му се суди за случајот „Пуч“.“ Покрај тоа што во овој пасус има и коментари и квалификации за лидерот

Повреда на новинарството, законите, но и на достоинството на јавен функционер

на 23. 09. 2016 | |
Инкриминирана верзија. Фото: скриншот  

Недозволиво е да се изнесе материјал кој не е објавен од еден медиум и да се појави во друг. Објаснувањето дека се работи за „свиркач“, односно укажувач, воопшто не држи, затоа што за така да се класифицира протекувањето на видеоснимката мора да има други елементи во неа. Сепак, како и да е, едно е јасно. Покрај тоа што се повредени неколку законски акти од правниот

Јанева никогаш не се залагала за двојазичност

на 23. 09. 2016 | | sq

[Рецензија: Катица Јанева чека по телефон некој да ѝ ги испрати одговорите на прашањата од пратениците!]

    Ова е уште еден текст од серијата напади на специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева. Таа е под постојана „тортура“ од медиумите наклонети на владејачката партија, кои без грам професионалност штанцаат текстови за да ја дискредитираат. Таков е и овој текст. Линк на оригиналниот напис: Катица Јанева чека по телефон некој да ѝ ги испрати одговорите на прашањата од пратениците! Датум и време на објавување: 22 Септември 2016, 14:12 Датум на рецензирање: 23.09.2016 Рецензент: Владо Ѓорчев

 

ПО СЕКОЈА ЦЕНА ДА СЕ ОЦРНИ ЈАНЕВА

„СЈО и Јанева покажа незнаење за тоа што е демократија и политички систем. Не знаете што е по Устав

Необјективен коментаторски извештај претставен како вест

на 22. 09. 2016 | | sq

Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, деновиве е во „барабан“ на провладините медиуми со критики и so напади. Секојдневно се девалвира нејзината личност, а тоа се прави преку написи кои се непрофесионални и во најголем дел коментаторски. Таков е и овој текст. Без аргументи се напаѓа Јанева, а притоа нема ниту збор за тоа дека постојат и спротивни ставови. Сето тоа се прави со извртување на фактите, кои потоа се коментираат.   Линк до оригиналниот напис: Арогантната Катица Јанева бара да не ѝ се поставуваат многу прашања Датум и време на објавување: 21.09.2016, 12:48 Датум на рецензирање: 22.09.2016 Рецензент: Владо Ѓорчев   „Додека траеше репликата на Димовски, Катица Јанева покажа крајно непочитување кон пратениците и Собранието со што се дрзна без

Шпекулација пласирана како целосна вистина

на 21. 09. 2016 | |
 

[Рецензија: (ФОТО) ПРОПАГАНДИСТИТЕ ЛАТАС И ИВОНА КУПИЛЕ ДВА НОВИ СТАНА]

Имаме напис кој покажува елементарно непознавање во две категории, односно вест и коментар. Станува збор за класичен политички пристрасен и манипулативен текст, кој не содржи никакви извори и не нуди докази за да ги поткрепи изнесените тврдања, туку претставува чиста шпекулација. Насловот дури и не прашува, туку констатира, што е голем проблем. Линк до оригиналниот напис: (ФОТО) ПРОПАГАНДИСТИТЕ ЛАТАС И ИВОНА КУПИЛЕ ДВА НОВИ СТАНА Датум и време на објавување: 19.09.2016 Датум на рецензирање: 21.09.2016 Рецензент: Владо Ѓорчев  

КАФЕАНСКИ МУАБЕТ

Проблематичната вистинитост во најголем дел се должи на крајното отсуство на извори на информации. „Додека мнозинството граѓани плачат во контактни емисии, некој секој ден ги убедува дека Македонија

Претплатете се за најнови вести