verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Текст каков што одамна не сме прочитале

on 12 - 09 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

 

plusinfo-za-remenski

[Рецензија: Ременски дојде во министерството, директорите на центрите за социјални работи се разболеа]

 

По неколкудневната хајка со текстови против министерката за труд и социјална политика Фросина Ременски, конечно во македонскиот медиумски простор се појави нормален и професионално содржаен текст. Тоа што во него има неофицијални извори воопшто не му пречи на написот, напротив, само го збогатува и му дава содржајност. Ова е аргументирано, сеопфатно, а сепак читливо и непретенциозно четиво, а обработува прилично „жешка“ дневно-политичка тема.

 

 

remenski-plusinfoЛинк до оригиналниот напис:  Ременски дојде во министерството, директорите на центрите за социјални работи се разболеа

Датум и време на објавување: 10.09.2016, 17,39

Датум на рецензирање: 12.09.2016

 Рецензент: Владо Ѓорчев

 

 

Текстот има правилно направен наслов, кој ги опфаќа и двете засегнати и опфатени страни. Тоа што е најважно, текстот ја има реакцијата на синдикатот, а и одговорот на Министерството за труд и социјална политика. Има неофицијални информации, но текстот со нив оддаваа чувство на вистинитост. Опфатена е и страната на министерката Ременски.

Можеби најголем плус за текстот е што покрај сите шпекулации на оваа тема, дава конкретни одговори на оние прашања што македонскиот граѓанин, всушност, и најмногу го интересираат.

Тргнувајќи од точни и од веродостојни факти, написот ги надградува со информации од соодветни извори.

Пријатно, но сè поретко, за жал, е искуство кога имаме еден комплетен, заокружен новинарски продукт, кој ги задоволува сите стандарди на професијата и кога, едноставно, нема што да му се одземе или додаде. Тој во целост ја исполнил својата функција да информира.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

веродостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални, неофицијални

релевантни

повеќе извори

повеќестрани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

сеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

нема извртување на вистина (спин)

нема лажни информации

Не може да се утврди

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

наведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

креативен

соодветен

јасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

не апликативно

нема контекстуални линкови

стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести