verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Владо Ѓорчев

Интересна истражувачка сторија

на 3. 03. 2016 | |

[Рецензија: СКУП истражува: Државно земјиште поделено на функционери (обновено)]

  Сторијата „Државно земјиште поделено на функционери“ третира актуелна тема, која произлезе од прес-конференциите на дополнителниот заменик-министер за земјоделство, Љупчо Николовски. Тој повеќепати обелодени како земјоделските субвенции и државните земјишта биле доделувани на функционери и на луѓе блиски до власта. Пристапот со кој е обработена оваа тема е  поинаков од тоа што сме навикнале да го гледаме и да го читаме. Наместо само „голо“ пренесување на прес-конференцијата, текстот темелно ја обработува цела приказна која е поткрепена со документи, изјави, соопштенија… Линк до оригиналниот напис: СКУП истражува: Државно земјиште поделено на функционери (обновено) Датум и време на објавување: 01.03.2016 Датум на рецензија: 02.03.2016 Рецензент: Владо Ѓорчев  

ОД СИТЕ АГЛИ

На читателската

Голем „срам“ за голема конструкција

на 1. 03. 2016 | | sq
   

[Рецензија: СРАМНО: Поранешната потпретседателка на СМК не го осуди нападот врз Тодор Петров]

  Тенденциозен и едностран текст кој има цел да ја дискредитира министерката за труд и социјална политика, Фросина Ременски. Оваа куса (дез)информација од само три реченици е пренесена од друг портал, но без директен линк. Линк на оригиналниот напис: СРАМНО: Поранешната потпретседателка на СМК не го осуди нападот врз Тодор Петров Датум и време на објавување: 28.02.2016, 14:54 Датум на рецензирање: 01.03.2016 Рецензент: Владо Ѓорчев  

САМО ДА СЕ ОЦРНИ РЕМЕНСКИ

Во објавата се тврди дека Ременски била потпретседателка на Светскиот македонски конгрес (СМК), но за тоа не се нуди никаков доказ. Можеби таа навистина била во раководството на СМК, меѓутоа, написот мора да даде

Новинарите не смеат да работат по директиви

на 29. 02. 2016 | | sq

[Рецензија: Првиот човек на ДИК работи под директиви]

  Прилогот ги заборавил основните новинарски правила. Тој е инспириран од говорот на најистурениот член на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, па веднаш откако Димовски имаше прес-конференција на која ја повика ДИК да одржи јавна седница, почнаа  прозивките за претседателот на ДИК. „Три дена по повикот на ВМРО-ДПМНЕ да одржат јавна седница на која ќе присуствуваат по двајца членови од четирите политички партии за да утврдат каде се проблемите со прочистување на избирачкиот список,  првиот човек на ДИК Александар Чичаковски писмено соопшти дека вршат кадровско доекипирање.“ Написот заборава дека Државната изборна комисија е независно тело и самото одлучува за својата работа. Линк на оригиналниот напис: Првиот човек на ДИК работи под директиви Датум и

А зошто возбуда ако СДСМ е „сигурен губитник“?!

на 26. 02. 2016 | | sq

[Заев не сака одредување на датум за избори затоа што знае дека ќе ги загуби]

  Текстот е напишан со единствена цел да се омаловажи лидерот на СДСМ. Впрочем, тоа е „закон“ за написите што се ставаат на браникот на владејачката партија, воопшто не водејќи сметка за етичките и професионални стандарди. Ваквите содржини се пристрасни „до небо“, а за втората страна – златното правило во оваа професија – како и да не чуле. Линк до оригиналниот напис: Заев не сака одредување на датум за избори затоа што знае дека ќе ги загуби Датум и време на објавување: 23.02.2016, 12:31 Датум на рецензирање: 24.02.2016 Рецензент: Владо Ѓорчев  

НА БРАНИКОТ НА ВЛАСТА

Написот ја турка тезата дека Заев заговара одложување на

Неуверлива објава

на 24. 02. 2016 | | sq

[Рецензија: На Заев и Шекеринска не им се допаднаа скечевите за СДСМ, па ја напуштија „Бубамара”]

  На овој текст тешко може да му се верува. Во него нема видеозапис кој може да ги убеди читателите дека  Заев и Шекеринска навистина ја напуштиле манифестацијата „Златна бубамара на популарноста“, како што се тврди уште во насловот на текстот. Ниту, пак, се посочуваат цврсти докази  дека тоа го направиле демонстративно, затоа што, наводно, не им се допаднале скечевите на Сашко Коцев. Линк до оригиналниот напис: На Заев и Шекеринска не им се допаднаа скечевите за СДСМ, па ја напуштија „Бубамара” Датум и време на објавување: 19.02.2016, 14:23 Датум на рецензирање: 22.02.2016 Рецензент: Владо Ѓорчев  

ТУКА НЕШТО НЕ ШТИМА

Овој  текст е

Седум минути спинувани во 22 секунди

на 22. 02. 2016 | | sq
 

[Рецензија: СКАНДАЛ: Заев бара ослободување од притвор на терористите од Диво Насеље]

  Станува збор за голем спин врз основа на кој потоа е граден целиот текст. Ова е пример како не треба да изгледа еден новинарски напис. Од една изјава, на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, која не е целосно пренесена, се прави конструкција која нема никаква врска со вистината. Линк до оригиналниот напис: СКАНДАЛ: Заев бара ослободување од притвор на терористите од Диво Насеље Датум и време на објавување: 16.02.2016, 14:38 Датум на рецензирање: 17.02.2016 Рецензент: Владо Ѓорчев  

ИСКАСАПЕНА ИЗЈАВА

Тоа што текстот е подолг и има фотографии, ни најмалку не значи дека се работи за вистинит и за содржаен материјал. Најголемата грешка е тоа што

Оцрнување на Шекеринска со подгревање на старата „манџа“

на 18. 02. 2016 | |

[Заминаа ли Шекеринска и сопругот од Македонија?]

  Tекстoт се пресметува со опозициската политичарка преку нејзиниот сопруг и тоа за наводна кривична пријава од пред неколку години. Инаку, написот, најверојатно, е враќање „мило за драго“ за текстовите што се објавуваа дента кога поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, беше на распит во Основниот суд Скопје 1(12 февруари 2016 година). Тогаш некои медиуми шпекулираа за тоа каде е поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, откако еден „портал“ излезе со наслов: „ЈАНКУЛОВСКА ВО ДИПЛОМАТСКА ПОСЕТА НА ИТАЛИЈА“. Сепак, новинарството не е професија за враќање „долгови“, туку треба точно и вистинито да ја информира јавноста. Па, гледано во тој контекст, треба да се каже дека споменатиот „портал“ го нема

Предизборно „билдање“ на патриотизмот

на 16. 02. 2016 | | sq

[Рецензија: Катица Јанева преку Спасовски од СДСМ го уапси единствениот македонски градоначалник во Албанија]

  Текстот е несодржаен, необјективен и сензационалистички. Со спин сака да прикаже некакво антимакедонскo и антидржавно однесување на СДСМ и на Специјалното јавно обвинителство (СЈО). Станува збор за целосна шпекулција во интерес на поттикнување на патриотизмот кај гласачите во пресрет на иборите. Линк на оригиналниот напис: Катица Јанева преку Спасовски од СДСМ го уапси единствениот македонски градоначалник во Албанија Датум и време на објавување: 12.02.2016, 14:10 Датум на рецензирање: 15.02.2016 Рецензент: Владо Ѓорчев  

ДА СЕ КОМПРОМИТИРА СЈО

Овој напис е ставен во функција на пропагандни и на манипулативни цели. Тој нема апсолутно никави допирни точки со вистината и со основните етички норми во новинарството. Неговата

ТВ-дневник: Пушти го „Курир“ и имаш вести

на 15. 02. 2016 | |
„Курир“ е спасот. Фото: скриншот, колаж: СПФМ  

[Критички осврт врз ТВ-дневникот на „Канал 5“  во 18 часот на 14.02.2016 година]

 

По гледањето на ова информативно издание, гледачот останува неинформиран. Прилозите се половични, необјективни и шпекулативни. Во нив нема критички осврт за да може гледачот самиот да извлече заклучок. Напротив, во нив се сугерира пристрасност со спинови со кои се претставува лажна слика. Затоа, овој ТВ-дневник на „Канал 5“

Наместо известување, етикетирање

на 15. 02. 2016 | | sq

 

[Рецензија: ФОТО: Кој всушност стои зад денешниот протест на приватните специјализанти?]

  Текстот што го рецензираме натежнува од пристрасност и има цел да го дискредитира протестот на специјализантите. Овој материјал не известува за суштината на собирот, туку обележува личности како блиски на најголемата опозициска партија, што е, практично, единствената причина протестите да бидат квалификувани како „сдсмовски“. Линк до ориги налниот напис: ФОТО: Кој всушност стои зад денешниот протест на приватните специјализанти? Датум и време на објавување: 10.02.2016, 14:04 Датум на рецензирање: 12.02.2016 Рецензент: Владо Ѓорчев  

НО, ЗОШТО ПРОТЕСТИРААТ СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ?

Во текстот нема ниту една изјава, ниту потврда за напишаното. Сите наводи во оваа „фото-сторија“ се произволно нафрлени и зачинети со коментари. Втората страна на приказната е комплетно игнорирана.

Претплатете се за најнови вести