verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Манипулација со информација заради дискредитација на СЈО

on 19 - 09 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

fireshot-capture-37-sjo-protiv-gragjanite-i-mpc-koi-protest_-http___kurir-mk_makedonija_vesti_s
Овој текст не може да се пофали со вистинитост и со објективност. Нафрлени се некои работи кои не можат да бидат точни, но тоа во написот не се појаснува. Тоа значи дека намерата не е информативна, туку манипулативна, со крајна цел – да се дискредитира Специјалното јавно обвинителство.

sjo-sarena-revolucija-protesti1Линкуван до оригиналниот напис: СЈО против граѓаните и МПЦ кои протестираа против стопирање на изградбата на црквата, а молчат за дивењеето на платениците на СДСМ и СОРОС

 Датум и време на објавување: 15.09.2016, 12:54

 Датум на рецензирање: 19.09.2016

 Рецензент: Владо Ѓорчев

„На 10-ти јуни 2013-та година поголем број граѓани протестираа пред општина Центар за да ја одбранат изградбата на црквата „Свети Константин и Елена“. Стануваше збор за протести на револтирани граѓани кои беа против стопирање на градбата на црквата, која сакаа Жерновски и СДСМ да ја сопрат“.

Ова е целосно неточно тврдење. Граѓаните, точно е, излегоа пред Општина Центар, но најмалку причината беше да се одбрани тоа што е наведено во текстот. Подоцна од таканаречените „бомби“ се виде дека тие биле испратени за да го одбранат ДУП на Општина Центар во кој се споменуваат и некои објекти што биле „пикирани“ од поранешниот премиер Никола Груевски. Тој момент воопшто го нема во текстот, што го прави необјективен. Ако сакале написот да биде професионален, морало да го има и ова потсетување, па да се остави јавноста да си донесе став.

Исто така е неточно дека се искршени само три прозорци. Штетата е поголема, а текстот го нема податокот дека повредена беше и една советничка.

„За СЈО очигледно поголемо кривично дело е тропањето по прозорците на Општина Центар каде граѓаните сосема легитимно излегоа на протест за да протестираат против стопирањето на изградбата на црквата, отколку каменување на македонски полицајци, демолирање државни институции, демолирање на Народната канцеларија на претседателот Ѓорге Иванов, сквернавење на Собранието на Република Македонија, Порта Македонија и низа други објекти. Во ваквото вандалско однесување лично учествуваа Зоран Заев и Радмила Шекеринска“.

Голем проблем во текстот е и овој пасус, кој е целосен спин. Прво, за боењето на објекти од институции и од „Скопје 2014“ поведени се некои процеси и тоа преку Јавното обвинителство. Второ, СЈО нема надлежност врз овие случувања. Имено, Специјалното обвинителство е формирано со мандат за прислушуваните материјали, од кои дел објави претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

Затоа и законот за ова обвинителство е наречен „Закон за Јавно обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите“.

Во член 2 од овој закон стои:

„Неовластено следење на комуникации“ се дефинира како неовластено следење на сите комуникации извршено во периодот помеѓу 2008 и 2015 година, вклучително, но не и ограничено на аудиоснимки и транскрипти поднесени до јавното обвинителство пред 15 јули 2015 година“.

Случувањата од „Шарена револуција“ не произлегоа од прислушуваните материјали и затоа не може да ги преземе СЈО.

Овој текст е целосно испревртен, неточен и манипулира. Тоа, пак, не може да биде својствено за медиум кој сака да се нарече професионален. За да биде тоа, мора да се внимава повеќе на аспектите што треба да ги има еден професионален новинарски производ.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

неточни наводи

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални, анонимни

нерелевантни

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор, наведен извор без линк

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

не апликативно

има контекстуални линкови

стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести