verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Текст кој е и психијатар и експерт

on 7 - 09 - 2016       

Kurir za Cicakovski i Nikolovski

 

 

[Рецензија: „Независниот“ Чичаковски од ДИК на брифинг со заменик-министерот Николовски од СДСМ]

 

Текстот е несодржаен и необјективен од почеток до крај. Правен е со идеја да го дискредитира претседателот на Државната изборна комисија (ДИК) и да ја стави под прашалник неговата професионалност. Но, притоа се заборавило дека ДИК е независно тело и самото одлучува за својата работа, a нејзиниот претседател може да се среќава со кого сака во слободно време. Тоа воопшто не значи дека тој не е професионален. Напротив, неговата професионалност се гледа во работата на ДИК, во нејзините одлуки и во нејзината доверба кај граѓаните.

 

cicakovskiЛинк до оригиналниот напис: Независниот“ Чичаковски од ДИК на брифинг со заменик-министерот Николовски од СДСМ

Датум и време на објавување: 4.09.2016, 17:38

Датум на рецензирање: 06.09.2016

Рецензент: Владо Ѓорчев

 

ОБВИНУВАЊА ВО ФОРМА НА ПРАШАЊЕ

„Дали на средбата меѓу Чичаковски и Николовски се зборувало за тоа како е можно после сите измислици на СДСМ списокот на гласачи да е речиси идентичен како тој во 2014 година, или тројцата сосема случајно се нашле на иста маса, во моментов е непознато, пишува Пресс24“.

Ова е дилемата што ја наметнува текстот. Сепак, се заборава дека новинарството треба да нуди одговори, а не да прашува. Еве, на пример, ние би го одбрале одговорот под два, дека сосема случајно се нашле на иста маса. Кога веќе текстот ни нуди опција за избор, тоа е нашата. Можно ли е да е така? Секако дека е. Како можело да се провери тоа? Ако тој што фотографирал, наместо да бега, ги прашал. Тогаш дилемата што ја поставува текстот, наместо да ја загатнува без да ја одгатне, би била решена. Сепак, и да било така, тоа немало да го спречи појавувањето на овој текст. Причината е едноставна. Текстот морало да излезе ваков, затоа што тоа му е намената – да го омаловажи претседателот на ДИК.

Издржана новинарска содржина не смее да манипулира со паушално нафрлени обвинувања, без да понуди докази за искажаните наводи. Исто така, професионалниот новинарски пристап не дозволува да се изнесуваат критики за нечија стручност и компетентност (во конкретниот случај, ДИК), без притоа да има вистинска и издржана потврда за тоа.

„Самиот Чичаковски, кој на фотографиите делува дека не е премногу воодушеден што некој го фотографира во друштво на Николовски и Милев, за себе тврдеше дека е „независен експерт“, а не партиска инсталација на СДСМ во ДИК, иако дел од медиумите објавија фотографии на кои се гледа Чичаковски во младоста во првите редови на митинг на Бранко Црвенковски“.

 

ОПА! СЕ ВМЕШУВА И ПСИХИЈАТРИЈАТА!

Текстот во еден момент навлегува и во емоционалната состојба на Чичаковски. Па, како психијатар, оценува дека тој не бил премногу воодушевен (како ли е кога некој е премалку воодушевен?). Што се однесува на тоа дека неговата независност се става на маса, мора да се истакне дека независниот експерт Александар Чичаковски е прифатен од сите четири политички лидери, потписници на Договорот од Пржино. Не постои изјава од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, во која тој вели дека Чичаковски е лош избор.

Напротив, телевизија „Телма“ на 16 декември 2015 година извести:

„Лидерите на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА, Никола Груевски, Зоран Заев, Али Ахмети и Мендух Тачи, на вчерашната средба во Клубот на пратениците постигнаа договор за целосниот состав на ДИК.

– Препорачуваме Парламентот да ги назначи Реџеп Прекопуца, Атанас Урумов и Александар Чичаковски за независни експерти во ДИК. Го покануваме Парламентот да ги финализира неопходните постапки што е можно побрзо, со цел ДИК да започне со својата работа и да ги преземе своите должности за подготовка на веродостојни избори и да придонесе за создавање рамноправни услови во предизборието, се наведува во заедничката изјава на четворицата лидери објавена по средбата“.

 

СЕ ВАДАТ И СТАРИ ФОТОГРАФИИ

Текстот продолжува и завршува во истиот стил. Се вадат стари фотографии на кои, наводно, Чичаковски е на митинг на СДСМ (како да е тоа забрането). Се манипулира со бројки дека избирачкиот список воопшто не е променет, иако не се кажува дека 170.000 гласачи ќе бидат ставени на посебен список. Текстот е преполн со коментари кои не се издвоени, туку интегрирани во него.

Ова е текст за пропаганда. Тоа, пак, воопшто не е намерата и смислата на новинарството. Новинарството значи стандарди, кои во овој напис ги нема.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални, анонимни

нерелевантни

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

делумна копија

ненаведен автор, наведен извор без линк

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

не апликативно

нема контекстуални линкови

стилски уреден

поврзан со тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Претплатете се за најнови вести