verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Целосен политички напад со половично анализирање

on 14 - 09 - 2016       

kurir-remenski-pasosh

[Рецензија: Ременски уште невлезена во МТСП си побара дипломатски пасош за себе]

 

Ова е уште еден од низата текстови натопени со идејата за пресметување со министерката за труд и социјална политика Фросина Ременски. И во овој текст воопшто не се води сметка за професионалноста и за стандардите на новинарството. Затоа и личи на напис по нарачка од некој центар, на кој воопшто не му се битни правилата, туку замајувањето на јавноста.

 

 

remenski1Линк до оригиналниот напис: Ременски уште невлезена во МТСП си побара дипломатски пасош за себе

Датум и време на објавување: 7.09.2016, 13:21

Датум на рецензирање: 09.09.2016

Рецензент: Владо Ѓорчев

 

ЦЕЛОСЕН НАПАД СО ПОЛОВИЧНО АНАЛИЗИРАЊЕ

„Технички назначената министерка од СДСМ одбиваше исто така да го потпише решението за вршење дејност за новата градинка Гоце Делчев во Општина Илинден, иако беа целосно исполнети условите и комплетно беше опремена новата градинка во општина Илинден која што требаше да прими нови 170 дечиња“.

Текстот обработува неколку теми, но ги анализира половично и површно. Што се однесува на овој пасус, текстот не нè информира дека на 7 април годинава Владата на седница ги поништи сите решенија што ги донеле министрите на СДСМ во периодот од 11 ноември минатата година до 7 април годинава, меѓу кои се и решенијата на министерката за труд и социјална политика. Можеби ова решение не било меѓу поништените, но тоа не се знае бидејќи при подготовката на текстот не е направена таква проверка – нема изјава од ресорното министерство или од Владата.

Исто така, недостига изјава од засегнатата страна – министерката Ременски, па таа самата да каже дали го потпишала решението или не. А, доколку не го потпишала, да ги соопшти причините зошто не го направила тоа.

„Ременски и нејзиниот кабинет одлучија да се стопира уште започнат еден проект кој е во интерес на најранливата категорија на граѓани. Проектот „Бесплатна рехабилитација и рекреација на деца со пречки во развојот во социјална установа за згрижување и рехабилитација на деца и младинци од 6 до 26 години и возрасни лица со телесен инвалидитет” е проект кој повеќе од три месеци беше стопиран и не се реализираше, а кој започна да се реализира во 2014 година и со него беа опфатени 285 деца со пречки во развој и 285 родители односно 570 корисници“.

 

РАФАЛЕН НАПАД БЕЗ ОСНОВА

Написот емотивно се обидува да ја прикаже министерката Ташевска-Ременски без чувства за лицата со попреченост. Притоа се заборава дека ниту еден министер во извршувањето на функцијата не треба да се раководи од чувствата, туку треба да спроведува проекти што ќе ги подобрат секојдневието и живеењето на сите граѓани.

Таа се посочува за одговорна оти „проектот кој повеќе од три месеци беше стопиран и не се реализираше “, но нема наведени никакви извори на информации кои би се однесувале на работата на ова министерство, а отсуствува и став од повиканата институција.

„Ременски од неразбирливи причини го блокираше и проектот „Се грижиме за топол дом“ кој што веќе две и пол години им помагаше на семејствата од социјален ризик. Овој проект  беше широко прифатен во општеството, подржан од компании, јавни личности, граѓански здруженија и преку него се реализирани 1800 донации за социјално ранливи и загрозени категории на граѓани. Повеќе од еден месец огромен број на граѓани не можеа да ги користат бенефитите од овој благороден проект поради тоа што Ременски одбиваше да склучи договор со фирма за превоз како и за сите други проекти за кои досега медиумите известуваа“.

Овој критизерски дел, исто така, не нуди факти за искажаните тврдења ниту, пак, евидентира користени извори, што ја доведува во прашање вистинитоста. Не е презентиран никаков документ што би го потврдил она што е напишано, дека повеќе од еден месец огромен број на граѓани не можеа да ги користат бенефитите од овој благороден проект поради тоа што Ременски одбиваше да склучи договор со фирма за превоз како и за сите други проекти за кои досега медиумите известуваа.

Ваквото тврдење, освен со документ, можело да се потврди и со изјави од засегнати страни, односно од лица вклучени во проектот. Но, во текстот го нема ниту тоа.

 

НЕРАЗБИРЛИВИТЕ ПРИЧИНИ МОЖЕЛЕ ДА СЕ ПРОВЕРАТ

Дoполнително, во написот се посочува дека Ременски го сторила тоа од „неразбирливи причини“. Можеби и можеле да станат разбирливи, ако се побарало став од засегнатата страна, во случајов од Ременски. Но, втората страна воопшто и не била планирана. Текстот остава впечаток дека е наменски правен за да ја нападне министерката, без притоа да понуди соодветна аргументација. Со ваквиот начин на обработка и на пласирање на информациите се нарушени повеќе одредби од Кодексот на новинари, меѓу кои и првиот член, во кој јасно се наведува дека:

Новинарот треба да објавува точни, проверени информации и нема да прикрива суштински податоци и да фалсификува документи. Доколку информацијата не може да се потврди или станува збор за претпоставка, односно шпекулација, тоа треба да се каже и да се објави. Точноста на информацијата треба да се провери колку што е тоа можно.

Во овој дел подолу отсуствуваат изјави од координаторите на Центарот за управување со кризи, кои  би ја прикажале фактичката состојба.

„Ременски јавноста ја памети и по тоа што ги остави прифатните центри без достоинствени услови, греење и затоплени шатори и објекти во центрите на северната и јужната граница, иако таа и министерството имаат добиено грант од Банката за развој при Советот на Европа, во износ од 2 милиони евра во почетокот на ноември 2015 година токму за овие намени. Поради ваквото неодговорно однесување и неажурност на Ременски илјадници сириски мигранти, жени и деца се смрзнуваа секој ден“.

Во меѓувреме (12 декември 2015 година),  Министерството за труд и социјална политика соопшти кои активности се направени во транзитните центри:

„Обезбедени се 4 агрегати, 2 контејнери за потребите на центарот, трајно напојување со електрична енергија за пунктот во Табановце, поставување на трафостаница, обезбеден шатор-кујна каде ќе се врши дитрибуција на топли напитоци и супа. Во тек се активности за обезбедување грејни тела за затоплување на шаторите, како и поставување на дополнителни тоалети и септичка јама од причини што во моментот низ кампот во кој транзитираат повеќе од 2.000 лица дневно постојат само 10 тоалети.“

Сè на сè, ова е текст без факти, без аргументи, со нафрлени податоци кои не се проверени, па затоа беше предмет на оваа рецензија.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

неточни наводи

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални, анонимни

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор, наведен извор без линк

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

не апликативно

нема контекстуални линкови

стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести