verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Не се знае за што, ама СДСМ е виновен

on 22 - 07 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

 

Press 24 za navodni blokadi

 

[Рецензија: Почнаа блокадите за избори: СДСМ не се согласува со предложените измени на Изборниот законик]

 

Тој што се надеваше дека по договорот на четирите партии ќе се смират страстите, дури и во медиумите, се излажал. Тоа се покажа нецели 48 часа откако претставниците на партиите насмеани излегоа од Клуб на пратеници и соопштија дека се направени „крупни чекори“ во подобрување во сферата на медиумите. Но, не испадна така. На дело со овој текст се виде веднаш дека нема да функционира сѐ така мазнo.

 

 

sdsm izboren zakonik vinovnaЛинк до оригиналниот напис: Почнаа блокадите за избори: СДСМ не се согласува со предложените измени на Изборниот законик

Датум и време на објавување: 22.07.2016, 11:29

Датум на рецензирање: 22.07.2016

Рецензент: Владо Ѓорчев

 

 

НАМЕРАТА Е ЈАСНА

Написот има единствена намера – да ја оцрни опозициската партија. Со нецелосно прецизирани извори, кои наводно се од Собранието (без притоа да се доловат поточно, дали се партиски извори или од административните служби) текстот само оддава чувство дека се работи за некаква нарачка од „горе“.

„Како што дознава Press24 од собраниски извори, координацијата која пратеничките групи претпладнево ја имаа кај спикерот Вељаноски е прекинатата откако пратеничката група на СДСМ изразила несогласување со предложените измени во Изборниот закон кој вчера вечерта, вицепремиерот Никола Тодоров, согласно договореното и го испратил на заменик претседателката на СДСМ Радмила Шеќеринска“.

Со што не се согласил СДСМ? Кој дел од предложените измени во Изборниот законик? Според кој договор Тодоров требало на Шекеринска да ѝ ги испрати работните верзии? На овие прашања текстот не нуди одговор. А кој треба да одговори на нив? Новинарството е професија која не нуди прашања, туку бара одговори. Во овој текст тоа го нема. Уште пострашно, текстот нема коментар од засегнатите страни. Не само што нема став од СДСМ, туку реакција за ова не била побарана (или барем нема споменување дека тоа се случило) ниту од ВМРО-ДПМНЕ.

Инаку Кодексот на новинари уште во првиот член предвидува:

Новинарот има право на слободен пристап до сите извори на информирање што се од јавен интерес.

Новинарот треба да објавува точни, проверени информации и нема да прикрива суштински податоци и да фалсификува документи.

Доколку информацијата не може да се потврди или станува збор за претпоставка, односно шпекулација, тоа треба да се каже и да се објави.

Точноста на информацијата треба да се провери колку што е тоа можно.

 

КАКО СЕ ПОЧНАЛО, ТАКА СЕ ЗАВРШУВА

Текстот во истиот манир продолжува до крај – СДСМ е виновен за сѐ, ама не се знае зошто. Ако малку се распрашале, можеби и ќе добиеле конкретни информации.

Текстот мора да биде објективен и содржаен. Едно телефонско јавување никого ништо немало да го чини. Ако текстот го пишувал, пак, собраниски репортер, полесно можело да се дојде до информации. Затоа и ова четиво е под голем сомнеж дека е реално.

Текстовите мора секогаш да се прецизни и да се сработени според професионалните стандарди. Вака излегува дека се пишуваат само колку да нанесат штета. Штетата што би била нанесена на СДСМ е, пред сѐ, грижа на партијата, ама штетата за новинарството е непоправлива.

 

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални, анонимни

нерелевантни

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор, наведен извор без линк

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

не апликативно

нема контекстуални линкови

стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести