verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Новинарот не смее да сугерира пресуда

on 3 - 08 - 2016       

 

Netpress za Cavkov

[Рецензија: Што стана со пријавата на Чавков против Спасовски- предметот 4 месеци е заглавен во ЈОРМ]

 

 

Ова е крајно необјективен текст. Не може да се пофали ниту со содржајност, ниту со објективност, но затоа „вришти“ од пристрасност. Новинарството, пак, не препознава вакви текстови, односно јасно дефинира дека таа појава е недозволива според професионалните норми и стандарди…

 

cavkov-spasovskiЛинк до оригиналниот напис: Што стана со пријавата на Чавков против Спасовски- предметот 4 месеци е заглавен во ЈОРМ

Датум и време на објавување: 31.07.2016, 10:48

Датум на рецензирање: 01.07.2016

Рецензент: Владо Ѓорчев

 

 

ПРИСТРАСНОСТ УШТЕ ОД ПОЧЕТОК

 

„Четири месеци откако е поднесена кривична пријава против поранешниот технички министер за внатрешни работи Оливер Спасовски за непочитување судска одлука со која практично му беше наредено да ги врати состојбите (луѓето, канцелариите и документите) како што беа пред да седне во министерската фотелја, државното Јавно обвинителство молчи во врска со овој случај, пишува Дневник“.

Вака почнува овој текст – и со тоа веднаш ја покажува својата пристрасност. Ако се сакало да се напише содржаен текст, во него морало да се спомене и тоа дека Обвинителството молчи за повеќе други настани. Најтазе пример е тој за смртта на  Коста Крпач, кој на 27 април беше пронајден мртов во својот стан во населбата Капиштец.

Обвинителството со години има навика да молчи за многу настани, но тоа никогаш не било интересно за провладините медиуми, кои, еве деновиве, изразиле желба да профункционира правната држава.

Со вакви писанија, намерно или не, се врши и притисок врз обвинителството. А тоа не е дозволено според член 8 од Кодексот на новинари на Македонија.

Во судските постапки треба да се почитува принципот на презумција на невиност, да се известува за сите инволвирани страни во спорот и да не се сугерира пресуда.

 

БИТНИТЕ ИНФОРМАЦИИ ИСПУШТЕНИ

Во текстот никаде не пишува дека според политичкиот договор на четирите партии, СДСМ повторно ќе го добие Министерството за внатрешни работи. Спасовски за тоа имаше изјава и во интервју за „Стандард“, а написот не спомнува ништо за тоа. Еве што изјави тој за состојбата во МВР:

„Кадровските решенија во МВР мора се носат исклучиво според професионалните потреби на министерството, во функција на ефикасност и професионалност. МВРО, партиски директиви, реваншизам е недозволиво и на тоа крајот му доаѓа. Процесите на професионализација на МВР ги почнав, ќе продолжат по враќањето на Владата за организирање и спроведување фер избори, за да може да се обезбедат минимум услови за регуларни избори, а конечно квалитатнивни реформи во МВР ќе се случат по заминувањето на оваа штетна власт којашто го сруши државниот систем за свои приватни и партиски цели. Ќе биде преземено сé што е потребно, во интерес на граѓаните, според Договорот, министрите во Владата за организирање и спроведување фер избори да можат што поефективно да одговорат на преземените одговорности“.

Текстот и понатаму се служи со полувистини и со невистини.

„Очигледно е дека Спасовски, и покрај политичкиот договор од Пржино лани, врз основа на кој произлегоа неговата функција и надлежностите како технички министер, тогаш не се држеше ниту до договореното, а ги прекрши и споменатите два закони. Недореченостите во првиот пржински договор ја дозволија ваквата состојба“.

 

ПРОДОЛЖУВА „ВЕЗЕЊЕТО“ НАПАДИ

Овој пасус од текстот, исто така, е неаргументиран. Имено, во Договорот од Пржино  никаде не стои дека тој не смее да менува раководители во ова министерство. Тоа што е наведено дека ќе биде техничко лице, произлегува од техничкот момент на владата, која според договореното, треба да обезбеди фер и демократски избори. Но, сето тоа е неможно ако не се извршат и некои раководни промени. Дека тоа е така, покажа и најновиот договор, според кој дозволено е хоризонтално и вертикално поместување во ова министерство.

Впрочем, еве што пишува за ова во Договорот од Пржино:

„На 20 октомври 2015, нов министер за внатрешни работи ќе биде именуван на предлог од СДСМ, а по спроведени консултации со ВМРО-ДПМНЕ и со ДУИ. Министерот кој ќе биде именуван ќе ја врши функцијата како техничко лице (функционер)“.

Исто така, еден текст не смее да прејудицира, како што тоа го прави тука:

„Веднаш по склучувањето на новиот договор, на 20-ти јули, според кој следниот технички министер може да разреши до 15 луѓе на раководни позиции во МВР и да постави нови, се отвори дилемата како ќе се гарантира, односно санкционира, доколку следниот Оливер Спасовски изврши повеќе од 15 измени?“

„Што би било, кога би било“ не е работа на новинарството. Напротив, ова е професија на факти. Што се однесува до „гревовите“ на Спасовски, што друго да се каже освен дека сите четири партии се согласија за назначувањето.

Несодржајноста на рецензираниот напис се гледа и во тоа што во него нема образложение зошто оваа приказна сега се обелоденува во јавноста.

За случајот, инаку, пишуваше „Вистиномер“, кој оценуваше вистинитост на изјава на тогашниот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски. На 29 јануари 2016 година, техничкиот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, го предупредуди техничкиот замeник-министер, Митко Чавков, да престане да прејудицира со одлуките на Управниот суд, бидејќи со неговото однесување и потези создава хаос во редовите на МВР.

„Не станува збор за одлуки, туку за решенија за времени мерки. Не знам зошто Чавков одел кај директорите на УЈБ и УБК им носел телеграми и им толкувал какви насоки да преземат. Чавков ги прејудицирал одлуките. Зошто одлучил да ја прекрши правната процедура, дали со тие прекршувања сака да биде и дополнителен судија? – праша министерот Спасовски“.

Текстот продолжува и завршува во истиот манир со којшто почна. Нема изјава од Спасовски, ниту од некого од СДСМ. Ја нема приказната во целост, туку делот што тие сметале дека треба да го има. Поради тоа ова е крајно несодржаен и необјективен текст, па затоа и беше предмет на рецензија во „Сервисот за проверка на факти од медиумите“.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

дел се точни, поголем дел неточно пренесени

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални, неофицијални

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

делумна копија

ненаведен автор, наведен извор без линк

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

не апликативно

нема контекстуални линкови

стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести