verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Текст за една употреба

on 28 - 07 - 2016       

sreka

[Рецензија: ВЕРУВАЊА: КАКО ДА НАПРАВИТЕ МАГИЈА ЗА ВРАЌАЊЕ НА ИЗГУБЕНАТА ЉУБОВ]

 

„Луѓето ќе веруваат во она во што медиумите им кажуваат да веруваат“ – Џорџ Орвел.

Читајќи го внимателно текстот што е предмет на рецензија, не можеме да ја исклучиме веројатноста дека постојат и луѓе што можат да поверуваат на содржината што е објавена под сензационалистичкиот наслов. Се работи за манипулација со онаа публика која лесно наседнува на приказните за чудотворци, бајачки и за исцелители, па и на ваков текст за магии.

magija za srekaЛинк до оригиналниот напис: ВЕРУВАЊА: КАКО ДА НАПРАВИТЕ МАГИЈА ЗА ВРАЌАЊЕ НА ИЗГУБЕНАТА ЉУБОВ

Датум и време на објавување: 19.07.2016

Датум на рецензирање: 27.07.2016

Рецензент: Владо Ѓорчев

 

МАГИИ, БАЈАЧКИ, ГАТАЧКИ

Во медиумите неретко се среќаваат вакви текстови. Ако ја разгледуваме вистинитоста, потрагата нема да нè однесе далеку. Во текстот нема ниту извор што ќе го потврди тоа, ако извор за ваква работа воопшто и може да се најде?!

Текстот, исто така, не може да се пофали со голема содржајност, а не може ниту да се очекува да биде содржаен кога третира информација што навлегува на полето на мистиката и на сензационализмот.

Кога постои недостиг од знаење, граѓаните се подложни на манипулации. Наместо да го штити јавниот интерес и да ги одврати од штетата што можат да им ја направат ваквите текстови за магии, бајачки, гатачки кои наводно нудат решенија кои се крајно проблематични, неиспитани, екстремни и често опасни,  во текстот има категорични тврдења дека се ефикасни и делотворни. И тоа во 21 век?!

Инаку, познато е дека вакви текстови ќе предизвикаат повеќе кликнувања и посети, ама тоа не го прави и написот професионален. Така што, ова е само уште една објава за  една употреба, да се искористи и да се фрли.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

комерцијална пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор, ненаведен извор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

нејасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести