verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Неетички е да се објави фотографија на загинати во сообраќајка

on 5 - 08 - 2016       

centarnews

[Рецензија: (ФОТО) ОВА Е БРАЧНИОТ ПАР ОД СКОПЈЕ КОЈ ВЧЕРА ЗАГИНА КАЈ УДОВО]

Не е преголем грев ако понекогаш во рубриките каде се пласираат полевтерни вести (забава, живот…) се протнат и написи обоени со сензационализам. Но, недозволиво е да се прави сензационализам од семејни трагедии и тоа на насловните страници или во „посериозните“ рубрики (црна хроника). А, токму таков е текстот што е пред нас, кој известува за сообраќајката кај Удово во која животот го загуби брачен пар од Скопје.

fotot sopruzniciЛинк до оригиналниот напис: (ФОТО) ОВА Е БРАЧНИОТ ПАР ОД СКОПЈЕ КОЈ ВЧЕРА ЗАГИНА КАЈ УДОВО

Датум и време на објавување: 04.08.2016

Датум на рецензирање: 05.08.2016

Рецензент: Владо Ѓорчев

 

КОЈ Е ЈАВНИОТ ИНТЕРЕС ДА СЕ ОБЈАВИ ФОТОГРАФИЈАТА?

Неетички и голема грешка е што во овој напис се појави фотографија на починатите сопружници во сообраќајната несреќа кај Удово. Кој е јавниот интерес да се објавуваат вакви фотографии?! Настрана тоа што фотографијата, најверојатно, е земена од „Фејсбук“, иако тоа не е наведено во текстот.

Во Кодексот на новинарите  е прецизно наведено како треба да се известува во случај на несреќи и трагедии:

Новинарот ќе ја почитува приватноста на личноста, освен кога тоа е во спротивност со јавниот интерес.

Новинарот е должен да ги почитува личната болка и жалост. (член 7)

 

Начинот на информирање во случаи на несреќи, елементарни непогоди, војни, семејни трагедии, болести, судски постапки мора да биде ослободен од сензационализми. (член 8)

За тоа дали треба да се објавуваат фотографии на луѓе кои починале, пишува  во новинарската лекција „Повредена приватност: Сензационализам од лични трагедии“, објавена на „Сервис за проверка на факти во медиумите“. Притоа се укажува дека проценката на тоа што сè ќе биде објавено мора да го следи принципот на почитување на личното достоинство, болка и жалост на семејството.

„Известувањето за жртви од несреќи секогаш бара особено внимание без разлика на тоа дали станува збор за лице кое ѝ е познато на јавноста или не. За жал, известувањата освен основните податоци кои се доволни за да се постигне целта на информацијата, се „збогатуваат“ со фотографии и со лични податоци кои се несодветни и преобемни во однос на битноста на информацијата. Информативната и едукативна улога на медиумите се состои во тоа правилно да информираат за тоа што се случило, да укажат на тоа дека треба да се внимава во одредени ситуации, да помогнат на семејството, но не и да објавуваат податоци што може да имаат негативни последици врз семејството“, е наведено во оваа новинарска лекција.

За жал, написот што го рецензираме и што заслужува негативна оценка, токму тоа и може да го направи – дополнително да ја зголеми болката кај семејството.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

не може да се утврди

друга пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести