verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Подгответе се – „в петок“ почнува викендот!

on 25 - 07 - 2016       

Reporter za baba Vangja

 

[Рецензија: Пророштво од кое ќе ви се заледи крвта – Eве што мора да направите во петок]

 

Текстови во кои има приказни за тоа што предвиделе бајачите и јасновидците се појавуваат речиси постојано во македонските медиуми. Тоа, пак, најверојатно, покажува и до кое дереџе ни е дојдено новинарството, кога главните теми ни се баба Ванѓа, Нострадамус, Иван исцелителот, јасовитката Клеопатра… Можеби текстот, кога ќе го видите насловот, ќе ви биде атрактивен за читање, но ако помислите дека има уште нешто интересно во него, ќе се излажете.

 

 

baba vangaЛинк до оригиналниот напис: Пророштво од кое ќе ви се заледи крвта – Eве што мора да направите во петок

Датум и време на објавување: 23.07.2016

Датум на рецензирање: 25.07.2016

Рецензент: Владо Ѓорчев

 

СУЕВЕРИЕТО КАКО МАМКА ЗА КЛИКНУВАЊЕ

Дури и небулозно е да се каже дека ваквите текстови немаат никаква врска со вистината, објективноста, содржајноста, туку се само четива без поголема важност, кои се пласираат со бомбастични наслови заради повеќе кликнувања. Тоа публиката во голем дел го препознава. Но, секогаш има една група читатели кои се „лепат“ на вакви текстови. Што да се прави тогаш кога има борба за кликнувања и за заинтересирана публика? Едноставно, ако не може целосно да исчезнат ваквите текстови, барем да се појавуваат сѐ поретко, односно барем да се објавуваат текстови од предвидување на баба Ванѓа што се остварило.

Откако постои новинарството, јасновидците се интересни и за медиумите и за народот. Тоа е и разбирливо затоа што секој има желба да ја дознае иднината. Поради тоа, речиси секојдневно можат да се прочитаат и да се слушнат разно-разни претскажувања за тоа кој ќе победи на избори, кој политичар ќе има подем, а кој пад во својата кариера, каква година ја очекува државата, дали ќе се подобри економската состојба, дали ќе се реши спорот за името, итн. Тоа, можеби, на моменти е забавно, но сè додека не се претера.

 

ПОМИНАТА ЦРВЕНАТА ЛИНИЈА

Овде токму тоа е и најголемиот проблем. Помината е црвената линија на добриот вкус.

Што се сака да се постигне со ова четиво? Да се исплаши народот? По реакциите на социјалните мрежи, се гледа дека луѓето не се баш исплашени, туку, богами, уживаат во летото, по плажи и во барови. Значи текстот не постигнал ефект на страв, што е добро.

Сепак, ова не смее да се случува во медиумите до оваа мера. Така само се вулгаризира новинарскиот простор и се загадува со небитни и со штетни работи. И на крај, за оние уплашените: Ништо нема да се случи в петок, а ако се случи… Тогаш следниот текст нека биде за успесите на Баба Ванѓа.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

неточни наводи

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални, анонимни

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

лажни информации

Не може да се утврди

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор, наведен извор без линк

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

не апликативно

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Претплатете се за најнови вести