verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Извитоперена слика

on 27 - 07 - 2016       

sitel

[Рецензија: Дополнителната проверка на само 39.000 гласачи е конечно прзнание на СДСМ за лажните фантоми]

 

Медиумите наклонети на владејачката партија секоја вест што е поврзана со изборите можат да ја извртат до тој степен што таа не само нема да има допирна точка со вистината, туку нема да има никаква врска со професионалното новинарството. Таков е и овој текст, кој речиси во сите пасуси спинува, со што дава извитоперена слика за темата што ја обработува.

izbiracki spisok sporni glasaciЛинк на оригиналниот напис: Дополнителната проверка на само 39.000 гласачи е конечно прзнание на СДСМ за лажните фантоми

Датум и време на објавување: 22.07.2016, 16:13

Датум на рецензирање: 26.07.2016

Рецензент: Владо Ѓорчев

 

КОИ НОВИНАРИ СЕ ЧУДАТ?

„Фантомската математика на Заев и Шеќеринска доживеа класичен дебакл. Во опозицискиот кампус многу прашалници. Членството на СДСМ и граѓаните се чудат – новинарите прашуваат. Што се случи со фантомите на Шеќеринска и Заев“.

Навистина чудно и со доста коментари почнува овој прилог. Новинарството, пак, е занает во кој има правила на пишување. Да се работеше за коментар, може и некако да се прогледа низ прсти кога текстот почнува вака. Иако секој новинарски жанр мора да има глава (и да одговара на петте прашања – кој, што, каде, зошто и како), овде, се чини, текстот почнува од крајот. Како поинаку да се опише коментарот уште во првата реченица?

И на крајот на краиштата, кој се чуди? Кои новинари? Кои граѓани? За оваа констатација да биде релевантна, мора да има барем неколку новинарски имиња, кои јасно и гласно ќе го кажат тоа, а што се однесува до граѓаните – најлесен и најбрз начин да се истражи кажаното е преку анкета. Но, ништо нема од овие работи. Затоа и се појавува сомнежот дека тоа е баш така, како што се вели во прилогот.

 

НЕВИСТИНИ И ПРЕМОЛЧУВАЊЕ

Исто така, во текстот се пласираат невистини и се премолчуваат битни работи. Имено, СДСМ не се согласи да се прават проверки, туку тоа е предвидено во Договорот од Пржино. Тоа што не е спомнато е дека на посебен список ќе бидат ставени имињата на 170.000 гласачи кои ги има во базата на МВР, но ги нема во ниту една друга база. Тие, исто така, се сомнителни гласачи, ама политичките партии се согласија да бидат ставени на посебен список. За прилогот да биде содржаен, овие податоци, секако, мора да ги има. Или, барем да пренесе некакви објаснувања од Државната изборна комисија, со што работите би биле појасни.

Написот понатаму тврди:

„Дополнително, сите 39.000 гласачи кои дополнително ќе се проверуваат се етнички Албанци и не се дел од гласачкото тело на македонските политички партии, што беше и главната причина поради која, ДУИ и ДПА не се согласуваа со предлогот на СДСМ“.

Не е вистина дека сите 39.000 спорни гласачи се Албанци. Прво, точно се 39.502 гласачи, а второ во објавениот список на спорни записи, се гледа дека не се сите Албанци. Има и Роми,Турци, Македонци…

Старо е и тврдењето дека партиското членство бара оставка од Радмила Шекеринска. Зошто за ова нема изјава од СДСМ или од Шекеринска? Така текстот би добил објективност.

Фразите, пак, „извори од СДСМ брифираат“,  воопшто не оддаваат чувство дека тоа навистина е така. Тие изгледаат неуверливо, како да се ставени колку да се задоволи формата.

Иако ваквите текстови се веќе  видени во македонскиот медиумски простор, сепак  треба постојано да се потсетува на кршењето на новинарските стандарди и да се укажува на неопходноста  од професионално и етичко исвестување.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални, анонимни

релевантни, нерелевантни

повеќе извори

повеќестрани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

наведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

нема

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

солидни мултимедијални елементи

има контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести