verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Текст што коректно информира за јавниот интерес

on 25 - 10 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

nova-za-vip-i-telekom

[Рецензија: Кочници за СЈО: Телеком дава отпор, ВИП и ОНЕ соработувале]

 

Сериозните медиуми секогаш водат сметка за јавниот интерес и врз основа на тоа ги определуваат темите. Затоа и овој текст, кој по сите критериуми заслужува позитивна рецензија, придонесува за создавање критичко мислење во општеството, поттикнува јавна дебата за прашања од општ интерес и, едноставно, е совест на заедницата.

 

14798817_10208166413263673_909833565_nЛинк до оригиналниот напис: Кочници за СЈО: Телеком дава отпор, ВИП и ОНЕ соработувале

Датум на објавување: 20.10.2016, 14:49

Датум на рецензирање: 25.10.2016

Рецензент: Владо Ѓорчев

 

Испочитуван е еден од основните принципи на однесување на новинарите, кој произлегува од Кодексот на новинарите на Македонија, а тоа е дека треба да се почитува вистината и дека јавноста треба да биде информирана за прашањата од јавен интерес.

„Најголем отпор во соработката за предистражната постапка за прислушувањето која ја води Специјалното јавно обвинителство доаѓа од Македонски Телеком, дознава НОВАТВ. ВИП и ОНЕ соработувале, но од Телеком одбивале да бидат дел од истрагата на СЈО. Со оваа компанија обвинителството на Јанева засега нема никаква соработка, иако таа е неопходна бидејќи прислушувањето во најголем обем се врши преку следење на разговорите на мобилните телефони“.

Изворите, иако се анонимни, создаваат чувство дека се коректни. Тие се релевантни, а тоа го потврдува и делот од текстот што ја обработува поврзаноста на првиот човек на „Македонски телеком“ со други фирми. Објавена е неговата биографија и врската со луѓе кои се блиски на владејачката партија.

Со тоа се испочитувани основниот принцип и членот 1. на Кодексот на новинарите на Македонија:

Новинарот треба да објавува точни, проверени информации и нема да прикрива суштински податоци и да фалсификува документи.

Испочитувана е и Минхенска декларација за правата и за обврските на новинарите усвена 1971 година во Минхен, односно поглавјето за должностите на новинарот:

Новинарот мора да ја почитува вистината, без разлика на последиците по него, бидејќи јавноста има право да ја знае вистината.

Сторијата има одговорен новинарски пристап, документирана е со многу конкретни факти. Материјалот е читлив, има добар приод и содржина и заслужува позитивна оцена. Во него се испочитувани професионалните стандарди што произлегуваат од Кодексот на новинарите и претставува убав пример за тоа како треба да се информира за прашања од јавен интерес.
Имаме квалитетно сработен текст кој успева да ја долови сликата. Заслужува позитивна рецензија затоа што го почитува правилото дека јавноста секогаш има право да ја знае вистината.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални, анонимни

релевантни

повеќе извори

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

сеопфатнo

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

нема извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

не аплиактивно

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

издвоено од фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

наведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

креативен

сензационален

соодветен

јасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски уреден

поврзан со тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Претплатете се за најнови вести