verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Невистинит наслов е неетичко и непрофесионално новинарство

on 28 - 10 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

fireshot-capture-95-za-dva-meseci-kje-legnat-8-500-denari-n_-http___press24-mk_za-dva-meseci-kj

 

[Рецензија: За два месеци ќе легнат 8.500 денари на сметката на секој вработен во Македонија]

Проблемот со овој текст е најмногу во насловот. Немајќи што да ѝ понудат на јавноста во самата содржина на новинарскиот производ, новинарите често знаат да се обидат да го привлечат читателот со насловот, што е своевидна измама, бидејќи во самиот текст нема потврда на кажаното. Тоа, пак, е целосно непрофесионален и неетички однос во новинарството.

k-15Линк до оригиналниот напис: За два месеци ќе легнат 8.500 денари на сметката на секој вработен во Македонија

Датум и време на објавување: 26.10.2016, 12:09

Датум на рецензирање: 27.10.2016

Рецензент: Владо Ѓорчев

Новинарскиот производ што го рецензираме почнува со тенденциозен и невистинит наслов.

„За два месеци ќе легнат 8.500 денари на сметката на секој вработен во Македонија“ е невистинит наслов. Не е вистина дека толку пари ќе легнат кај секој вработен, туку кај вработените во тие компании што се обврзани да исплатат регрес за годишен одмор и тоа само кај дел од нив.

Во написот, исто така, не може да се види дека се направени некави напори да се дознае нешто повеќе, да се истражи и, конечно, да се дојде до вистината.

На пример, за да биде текстот сеопфатен, се можело да се разработи и да се истражи информацијата што ја објавија и дел од другите медиуми, дека помалите фирми и оние кои имаат финансиски проблеми сè уште не исплатиле регрес за годишен одмор, популарниот К-15. Во текстот што го рецензираме е наведена само како информација без објаснување, а во насловот се тврди сосема спротивно.

Дел од медиумите имаат и ставови од синдикалните организации кои мака мачат како да исплатат пари за своите вработени:

„Крајот на годината го чекаат и во Синдикатот за индустрија енергетика и рударство (СИЕР), за да сумираат кои работодавачите нема да го исплатат К-15.

– Најкритично ќе биде со некои од фирмите кои се во лоша финансиска состојба. Тука најизразит пример е Леарница. Но засега немаме барања за намалување на износот – вели претседателот на СИЕР, Пеце Ристевски“.

За еден текст да биде професионален, мора да има барем неколку елементи што се поврзани со темата и кои најдобро ќе му ја претстават на читателот, а за тоа, пак, е потребна проверка на неколку извори, а најмалку два. Овој напис, пак, тоа го нема, а има тенденциозен, сензационален и невистинит наслов.

Според етичките правила и професионалните стандарди, насловот никогаш не смее да го наведе читателот на погрешен пат, туку објективно да ја отслика главната информација што се сакала да се пренесе со текстот.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

неточни наводи

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

нерелевантни

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

лажни информации

не аплиактивно

комерцијална пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор, наведен извор без линк

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

не апликативно

има контекстуални линкови

стилски уреден

поврзан со тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Претплатете се за најнови вести