verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Шпекулативен и навредлив материјал

on 8 - 11 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

maktel

[ЕКСКЛУЗИВНО: Грујо наредил во партија, Диме Спасов да не му се појавува пред очи еден месец, инаку ќе го згази од мавање и тепање!!!]

 

Станува збор за тенденциозен материјал со премногу шпекулации и без веродостојни извори. Понудените „сигурни“ информации за тоа дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, наводно, „наредил во партија, Диме Спасов да не му се појавува пред очи еден месец, инаку ќе го згази од мавање и тепање!!!“, кои се пласираат уште во насловот, не се поткрепени со факти. Можеби Грувески навистина бил лут поради сообраќајниот инцидентот на Спасов, но овој едностран и навредливо интониран текст не нуди докази и прецизни извори на информации, за да може читателите да веруваат дека приказната што им се сервира е вистинита.

dime-spasov-i-grujo1Линк до оригиналниот напис: ЕКСКЛУЗИВНО: Грујо наредил во партија, Диме Спасов да не му се појавува пред очи еден месец, инаку ќе го згази од мавање и тепање!!!

Датум и време на објавување: 05.11.2016, 13:18:02

Датум на рецензирање: 07.11.2016

Рецензент: Владо Ѓорчев

 

 

СТАКЛЕНИ НОЗЕ

Текстот стои на стаклени нозе и е со крајно проблематична вистинитост. Уште во првиот пасус се забележува дека не му се битни ниту фактите, ниту изворите:

„Мактел од извори во ВМРО ДПМНЕ дознава дека во партија имало строга наредба ­ Диме Спасов да не се појавува пред очи на Груевски, затоа што тој му порачал дека му бил толку лут и бесен за штетата што му ја направи со скандалот и што морало да се глупираат да го вадат од гомна, што ако го види ќе го згази од мавање и тепање!!!“

Кои се тие извори од ВМРО-ДПМНЕ? Никој не вели дека изворот мора да биде со име и со презиме, ама во еден новинарски текст тој треба да биде лоциран, за да се добие впечаток дека изворот навистина постои. Написот што е пред нас не остава таков впечаток, тој  е граден на рекла-кажала  муабети и ниту едно од изнесените наводи не може да се потврди.

 

НЕДОЛИЧЕН ГОВОР

Еден прифесионален новинарски пристап подразбира да се прикаже случката која се опишува од сите агли, односно да се прашаат споменатите во написот или, пак, да се побара став од партијата. Но, очигледно е дека во овој необјективен и некоректен текст втората страна воопшто и не била планирана, што е спротивно на новинарските стандарди  кои, меѓу другото, налагаат дека:

Новинарот треба да објавува точни, проверени информации и нема да прикрива суштински податоци.

Доколку информацијата не може да се потврди или станува збор за претпоставка, односно шпекулација, тоа треба да се каже и да се објави.

Точноста на информацијата треба да се провери колку што е тоа можно. (Член 1)

Дополнително, написот натежнува од коментари и од навредливи зборови, како на пример:

„… морало да се глупираат да го вадат од го*на“

 

„…едно пијано пу**ње к*р у владин џип, е**ти работа е**ти!“

Со ваквиот начин на пишување, пак, се прекршиени уште два члена од новинарскиот кодекс, кои укажуваат дека „новинарот треба да прави разлика меѓу фактите и мислењата, меѓу веста и коментарот“ (13) и  дека  „новинарот мора да ја негува културата на говорот и етиката и дека непримерната комуникација со јавноста е неспојлива со новинарската професија“ (15) .

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

анонимни

нерелевантни

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски неуреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести