verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Со „лепенки“ составуван текст за да се оцрни министер

on 3 - 11 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

 

todorov-i-kacarski

 

[Рецензија: (НОВИ ДЕТАЛИ) ДРУГАРОТ НА ТОДОРОВ БИЛ ФАТЕН И СО КОКАИН ПОКРАЈ МАРИХУАНАТА]

 

Ова е текст кој е несодржаен, што се гледа уште на прв поглед. Воопшто нема новинарски пристап и не се запазени правилата за подготовка на текст. Некој, наводно, вработен во министерство, наводно, бил фатен со дрога….

Ако идејата била да се омаловажи некој министер со полувистини или целосни невистини, текстот ќе го постигне ефектот, со оглед на тоа што на социјалните мрежи тие имаат голем импакт, па поради тоа и се споделуваат масовно. Ако, пак, од текстот се бара професионалност, што подразбира објективност и вистинитост, тоа нема да го најдеме или, во најмала рака, би се откажале уште на самиот почеток на таквата „истрага“.

 

todorov-so-drugar-muЛинк до оригиналниот напис: (НОВИ ДЕТАЛИ) ДРУГАРОТ НА ТОДОРОВ БИЛ ФАТЕН И СО КОКАИН ПОКРАЈ МАРИХУАНАТА

Датум и време на објавување: 31.10.2016

Датум на рецензирање: 03.11.2016

Рецензент: Владо Ѓорчев

 

РАБОТНОТО МЕСТО НЕ Е ПРИЧИНА ЗА ДРУГАРСТВО

За човекот за кој се плете приказната во текстот има само некакви нафрлени податоци, без никакво образложение зошто се наведуваат. Воопшто не е јасно зошто и од каде овој човек се нашол во еден текст. Податокот дека работи во Министерството за здравство затоа што е, наводно, другар на министерот Тодоров, ништо не кажува –  оти е чиста шпекулација. А и доколку работи таму, тоа не е доказ дека е другар на Тодоров.

„Александар Кацарски, пак, човекот што се крие зад иницијалите од полицискиот билтен, не само што работи во Министерството за здравство, туку во меѓувреме бил и унапреден, и е близок другар на Тодоров“.

Друга работа би било ако овие податоци малку се аргументирале, се прикажеле докази за тврдењата, за да се доловат поблиску, за читателите да можат да му поверуваат на текстот. Вака, написот остава чувство дека се работи за нарачка за омаловажување. Овој впечаток уште повеќе се засилува и поради тоа што не е напишано дали е направен обид да се исконтактира со посочените ликови, макар тој обид бил и неуспешен.

 

ЗЛОУПОТРЕБА И НА ПОЛИЦИСКИОТ БИЛТЕН

Од полуреченицата „човекот што се крие зад иницијалите од полицискиот билтен“, може да се претпостави дека главниот лик добил улога во текстот поради тоа што бил спомнат во полициски билтен. Сепак, тоа е толку неумесно направено и напишано, што разумен човек врз основа на приложениот текст тешко ќе извлече со чиста совест таков заклучок. Згора на сè, нема ниту линк од билтенот, ниту датум кога бил настанот.

Кога се пишува еден текст, не може да се претпостави дека читателите од прва ќе разберат за што се работи. Уште помалку текстов дава надеж дека е вистинит, затоа што билтените на МВР излегуваат со иницијали на осомничените лица, а не со цело име и презиме. Затоа, читателот на оваа статија може со право да си помисли дека станува збор за измислица. Или, во најблаг случај, за напад без докази.

„Според доброупатени извори пред пет до шест години, во возилото на Кацарски марка „Буба“ полицијата му фатила огромна количина кокаин пред средното угостителско училиште. За ова Александар Кацарски бил во притвор 2 месеци по што под силни притисоци од „некој“ министер од власта, го пуштиле на слобода“.

Изворот кој е спомнат во овој пасус, исто така, не е подробно посочен. Во еден новинарски текст може да има и анонимни извори, но тие мора да се лоцираат подобро за да може да се окарактеризираат како релевантни. Тоа тука не е направено и со право читателот ќе си помисли дека можеби станува збор за измислица.

Текстот со шпекулации завршува во ист стил. Повторно напоменуваме – без да се приложи било каков доказ – ниту дека човекот работи во министерството, ниту дека е фатен со дрога, ниту дека е другар на министерот. А тоа воопшто не е новинарство и не е професионално. Исто така, се коси и со повеќе членови од Кодексот на новинари меѓу кои и членот 1:

Новинарот има право на слободен пристап до сите извори на информирање што се од јавен интерес. 

Новинарот треба да објавува точни, проверени информации и нема да прикрива суштински податоци и да фалсификува документи.

Доколку информацијата не може да се потврди или станува збор за претпоставка, односно шпекулација, тоа треба да се каже и да се објави.

Точноста на информацијата треба да се провери колку што е тоа можно.

 

 

 

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални, анонимни

нерелевантни

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

не апликативно

нема контекстуални линкови

стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести