Рецензии

Лоша и непрофесионална копија со коментари

на 20. 01. 2017 | | sq

 

Напис: Паника во ДУИ, Груевски уште не ги кани на преговори, се разболуваат неколку функционери?!

ДУИ сè уште е во исчекување на поканата од Груевски за да се почнат преговорите за формирање на новата влада. Претставниците од партијата на Али Ахмети очекуваат преговорите да почнат до крајот на неделава. Од друга страна, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, кој пред девет дена го доби мандатот од претседателот на државата, сè уште официјално не поканил на преговори ниту една партија. Ова задоцнување предизвикало вистинска паника во партијата на Ахмети, која се изјаснува како албанска политичка партија, но која сè додека е на власт, реализира проекти исклучиво за Македонците, пренесува весникот „Лајм“. „Реално треба да биде спротивното, односно ВМРО треба да се плаши од

„Вести“ од светот со локални „зачини“

на 20. 01. 2017 | | sq

 

Напис: 30 македонски државјани се тепаат меѓусебно во Берлин поради политика

Требаше да биде божиќна прослава, но поради политиката, се претвори во масовна тепачка. Станува збор за една прослава организирана од дијаспората на Македонија во Берлин, Германија. Триесет лица во алкохолизирана состојба првин почнале вербална кавга, а потоа и тепачка, информира „Илиридањуз“. Дел од учесниците во тепачката добиле тешки повреди. Меѓу повредените има и неколку жени.  

[Рецензија: „30 македонски државјани се тепаат меѓусебно во Берлин поради политика“]

Дека има делумно лажни вести чија цел е публиката во Македонија, е познато. Но, за да се најде чист доказ за ова, една цела вест од почеток до крај, ова се случува малку поретко.   Линк до оригиналниот напис: 30 македонски

Копија од партиско соопштение не е новинарски текст

на 20. 01. 2017 | |

[Рецензија: Граѓаните избраа нова Влада која ќе води реални политики, затоа Груевски е нервозен?]

Медиумот јасно се става во одбрана на политичка партија, употребувајќи реторика која е препишана од партиско соопштение. Нема евидентирано извори, нема факти. Текстот е целосна копија од партиско соопштение и додека партијата комуницира со јавноста по други стандарди, објавениот текст грубо ги крши новинарските.   Линк до оригиналниот написГраѓаните избраа нова Влада која ќе води реални политики, затоа Груевски е нервозен? Датум и време на објавување: 12.01.2017 Датум на рецензирање: 17.01.2017 Рецензент: Александар Пешев   КЛАСИЧНА ПОЛИТИЧКА РЕТОРИКА Јасната политичка пристрасност на објавата е забележлива уште на самиот почеток, со видно тенденциозниот наслов. Употребата на класична политичка реторика, особено со формулацијата „Граѓаните избраа“ потсетува

Напис кој суди наместо да информира

на 20. 01. 2017 | | sq

[Рецензија: СКАНДАЛОЗНО: СЈО го амнестираше Заев по втор пат]

  Текстот што е предмет на оваа рецензија споделува информација со јавноста дека СЈО го повлекло обвинението за „Пуч“, но наместо да ја пренесе новинарски, ја спинува и коментира.     Линк до оригиналниот напис: СКАНДАЛОЗНО: СЈО го амнестираше Заев по втор пат Датум и време на објавување: 18.01.2017 Датум на рецензирање: 18.01.2017 Рецензент: Ана Анастасовска   НЕНОВИНАРСКОТО ПОЧНУВА СО НАСЛОВОТ Самиот наслов на написот е надвор од новинарските стандарди, бидејќи коментира правна одлука на Специјалното јавно обвинителство, оценувајќи ја како скандалозна. „Како и што се очекуваше, Катица Јанева продолжи со скандалозното и срамно однесување кое нема врска со право и правда и го повлече обвинението за предметот Пуч во

Смешни „напади“ за работи од пред 11 години и повеќе

на 18. 01. 2017 | |
  [Рецензија: Прескапи и лоши услуги, стара опрема, долгови и заостанати плати- како ураганот СДСМ го опустоши здравството?]   Да почнеме со дефиниција: „Вест е информација за актуелни настани, која има тежина на newsworthy, што, пак, претставува нешто што е интересно за широката јавност“. Значи, клучно за нешто да биде вест, покрај релевантноста, секако е и актуелноста. Оттука прашањето е каква е актуелноста во едноставното преобјавување текстови стари повеќе од 10 години? Одговорот е – никаква. „Рециклажата“ на написи од минатото за тоа како „било во времето на СДСМ“ има само ниска политичка логика за некакво кудење на СДСМ во сегашноста.     Линк до оригиналниот напис: Прескапи и лоши услуги, стара опрема, долгови и заостанати плати- како ураганот СДСМ го опустоши

Текст во кој нема поткрепи, нема докази – туку само обвинувања

на 18. 01. 2017 | | sq
[Рецензија: Сорос со тактика „Нема правда, нема мир“ протестира и против Трамп]   Текст кој е дефиниција за манипулација. Новинарското дело што е предмет на оваа анализа пренесува текст од српски медиум, но на тој текст тенденциозно му додава коментаторско парче, со кое целосно го менува значењето на оригиналниот текст и ја манипулира јавноста. Написот почува со текст за протестите во САД кои се случуваат неколку дена пред инаугурацијата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп. Текстот коректно е преземен од српскиот медиум „Блиц“, но коректноста завршува некаде на половина од текстот. Другата половина е додавка која нема никаква поврзаност со оригиналниот текст и е лепенка која служи за вршење пропаганда.   Линк до оригиналниот напис: Сорос со тактика „Нема правда,

Тајни информации добиени којзнае како, a употребени како „артилерија“

на 18. 01. 2017 | |
[Рецензија: Месечно во СОРОС заработуваат колку 10 просечни плати] Текстот презентира информации за приходи на лица кои не земаат плата од државниот буџет, што ја прави презентацијата на вакви податоци неоправдана во поглед на јавниот интерес. Ненаведените извори на информации создаваат сомнежи околу тоа дали презентираните податоци се добиени по легален пат. Линк до оригиналниот написМесечно во СОРОС заработуваат колку 10 просечни плати Датум и време на објавување: 17.01.2017 – 18:32 Датум на рецензирање: 17.01.2017 Рецензент: Александар Пешев     НАВОДИТЕ НЕПОТКРЕПЕНИ Најпроблематичниот елемент на објавата е веродостојноста на наодите, која не може да се провери. Податоците за личните примања на посочени лица се објавени под иницијали, што не го маскира јасниот обид за лична дискредитација под водство

Поменот на самопрогласениот српски генерал не е вест

на 18. 01. 2017 | | sq
 

[Рецензија: СЕДУМНАЕСЕТ ГОДИНИ ОД УБИСТВОТО НА АРКАН: Цеца и децата му направија помен на генералот (ФОТО/ВИДЕО)]

  Веста со која треба да се потсетиме дека во Белград му бил даден помен на познатиот криминалец и воен злосторник Аркан, укажува дека дел од медиумите кај нас кон овој темен лик од поблиската историја на Балканот сè уште негуваат емотивни врски. Преносот на таквата вест, најверојатно од српските медиуми, нема никакво оправдување за третман во тукашната средина.   Линк до оригиналниот напис: СЕДУМНАЕСЕТ ГОДИНИ ОД УБИСТВОТО НА АРКАН: Цеца и децата му направија помен на генералот (ФОТО/ВИДЕО) Датум и време на објавување:  15.1.2017 – 16:14 Датум на рецензирање: 16.01.2017 Рецензент: Љубомир Костовски   ПРИВАТЕН ПОМЕН, ЈАВЕН ИНТЕРЕС? „Познатата српска пејачка Цеца

Медиумот не смее да се користи за лична пресметка

на 17. 01. 2017 | |

[Рецензија: ВИСТИНАТА ЗА ФИЛИП ПЕТРОВСКИ: Од голема политичка надеж до обично куртонче кое се заканува со убиства!!! ]

Текстот што го рецензираме е полн со навреди и со недолични зборови и претставува лична пресметка со функционер на власта, поточно со директорот на Државниот архив, Филип Петровски.   Линк до оригиналниот написВИСТИНАТА ЗА ФИЛИП ПЕТРОВСКИ: Од голема политичка надеж до обично куртонче кое се заканува со убиства!!! Датум и време на објавување: 13.01.2017 – 22.48 Датум на рецензирање: 17.01.2017 Рецензент: Ана Анастасовска   Написот изобилува со информации кои на читателот му се пласираат на бомбастичен начин како вистинити, иако за нив нема никаква поткрепа ниту, пак, релевантен извор. „Што се случува со овој човек, зошто забега детево толку?! Каде

Сокривањето на лошите работи не е информирање, туку дезинформирање

на 17. 01. 2017 | |

[Рецензија: Скопје не потклекна пред поларната зима – екипите постојано на терен]

  Претенциозен наслов што ја отсликува основната намера – да се претстави една состојба низ, еве, најблаго кажано, розови очила. Поточно, се пренесуваат само оние информации за ситуацијата во главниот град кои се позитивни, а притоа се изземаат другите, лоши вести. Селективно, нема што!   Линк до оригиналниот напис: Скопје не потклекна пред поларната зима – екипите постојано на терен  Датум и време на објавување: 12.01.2017  12:05  Датум на рецензирање: 16.01.2016  Рецензент: Владимир Мирчески
  СЕЛЕКТИВНОСТ ШТО БОДЕ ОЧИ Нема да кажеме дека текстот е невистинит, зашто во него се наведени ситуации поткрепени со изјави или ставови на одредени јавни претпријатија. Но, она што „боде очи“ е што се