Рецензии

Македонија со највисоки пензии во регионот? Ова едноставно не е вистина

на 18. 08. 2015 | |
 

[Рецензија: Со најновото покачување, просечната пензија во Македонија е највисока во регионот]

Рецензираната вест е составена врз основа на една невистинита информација, со што и самата вест станува една лажна вест. И со најавеното зголемување во септември, Македонија останува зад многу држави од регионот кога станува збор за висината на просечната пензија во земјата. Овој факт многу лесно може да се потврди, доволно е само да се разгледаат статистичките

Манипулацијата со насловите ги разочарува читателите

на 18. 08. 2015 | | sq
 

[Рецензија: Тачи се сонча, што прават лавовите на ДПА?]

  Текстот што го рецензираме е дело на странски медиум, меѓутоа истиот е преземен од анонимниот автор и само му е сменет насловот, кој воопшто не соодветствува со текстот. Иако во насловот се поставува едно деликатно прашање, авторот воопшто не го обработил написот што е преземен без да се наведе изворот за да го објасни прашањето што го поставил во насловот. Линк до оригиналниот наслов: Тачи се сонча, што прават лавовите на ДПА? Датум и време на објавување: 12.08.2015 Датум на рецензија: 12.08.2015 Рецензент: Aдриан Керими Јасно е дека насловот на овој текст веднаш привлекува внимание, како што е јасно и дека насловот е тенденциозен. Меѓутоа, ако се прочита текстот,

Етичкиот момент при објавување фотографии на тешко болни пациенти

на 18. 08. 2015 | | sq
 

[Рецензија: Потресна исповед на Уснија Реџепова: Не давајте да умрам!]

  Веста дека нам познатата фолк-ѕвезда која живееше и работеше во Белград, Уснија Реџепова, е во терминална фаза на канцер на белите дробови, разбирливо предизвика внимание во земјава. Реџепова е родена во Скопје, целото нејзино семејство е тука, а како дел од југословенската сцена си имаше свое значајно место во фолк-спомените. Македонските медиуми пренесуваат речиси сè што ќе се појави во белградскиот печат за нејзиниот престој во болницата, а неодамна дури и објавија фотографии кои за сите што го знаеја нејзиниот лик се шокатни и би се рекло надвор од добриот вкус, ама и надвор од црвените линии кои значат чување на достоинството на ѕвездата. Линк до оригиналниот напис:

Популистичка објава во која нагласено се воздигнува Владата

на 17. 08. 2015 | | sq
 

[Рецензија: Владата со брзата рекција успеа во рекорден рок да им помогне на луѓето од тетовско]

  Ова е уште еден од серијата прилози во кои нагласено се воздигнува Владата. Оваа популистичка објава е обоена со фалбаџиски тон, почнувајќи од самиот наслов, па сѐ до последниот ред. Линк до оригиналниот напис: Владата со брзата рекција успеа во рекорден рок да им помогне на луѓето од тетовско Датум и време на објавување: 14.08.2015, 17:33:46 Датум на рецензирање: 15.08.2015 Рецензент: Оливера Војновска  

РЕПРИЗИ И ПРОПАГАНДА

Материјалот што го рецензираме се однесува на посетата на  премиерот и на дел од членовите на неговиот кабинет на поплавените села во Тетовско (13 август 2015 година), за која медиумот истиот ден информираше во два прилози.

Верувале или не! Веѓите ќе ви опаднат од читање

на 17. 08. 2015 | |
 

[Рецензија: (ФОТО) Опаднатите веѓи на Груевски-откриваат растројство!]

  Кога ќе го прочитате нaсловот на овој текст, добивате впечаток дека сте наишле на сериозна и експертска психолошка анализа на изгледот и на однесувањето на премиерот Никола Груевски, но тоа во написот надолу го нема. Читајќи го текстот понатаму, си помислувате дека е некој виц, но, всушност, не станува збор ни за тоа. Ова е само една несериозна приказна спакувана како новинарски текст, која нема никаква тежина и која во никој случај не наликува на новинарска работа. Линкуван наслов на анализираниот напис: (ФОТО) Опаднатите веѓи на Груевски-откриваат растројство! Датум и време на објавување: 12.08.2015 Датум на рецензирање: 14.08.2015 Рецензент: Ана Анастасовска „После објавувањето на прислушуваните разговори од проектот „Вистината за Македонија“,

Салса со грешка

на 17. 08. 2015 | | sq

[Рецензија: Автентично кубанско доживување во Македонија – Хола Охрид]

  Дали ќе имаме автентично кубанско доживување во Охрид за време на меѓународниот салса-фестивал, останува да се види за време на фестивалот. Но, она што може сега да се „види“ е неавтентичноста во промотивната најава за овој настан, кој истакнува дека „Охрид ќе биде домаќин на првиот меѓународен салса фестивал во Македонија“. Тој факт, едноставно не е точен. На тоа ни укажа наш читател на „Сервис за проверка на фактите“. Во неговото писмо до нас тој вели: „Ви пишувам како би посочил на објави во врска со настан кој се најавува како: Прв меѓународен Салса фествал во Охрид и тоа крајот на август 2015. Всушност истите портали имаат објавувано

Пристрасноста го проблематизира новинарскиот карактер на целиот напис

на 16. 08. 2015 | |
 

[Рецензија: Турбо агенда на Груевски: Премиерот е меѓу народот и го исполнува ветеното]

  Да, навистина е турбо овој текст, ама турбо-реклама за премиерот. Ова е некаков си преглед на настаните на кои присуствувал првиот човек на Владата во изминатите денови. Прашањето е што т.н. преглед е пристрасен до таа мера што се проблематизира „новинарскиот“ карактер на целиот напис. Линк до оригиналниот напис: Турбо агенда на Груевски: Премиерот е меѓу народот и го исполнува ветеното Датум и време на објавување: 10.08.2015 – 14:25 Датум на рецензирање: 12.08.2015 Рецензент: Владимир Мирчески  

БЕСПЛАТНА РЕКЛАМА ЗА ПРЕМИЕРОТ ВЛЕЗЕН ВО КАМПАЊА      

Овој материјал е показател дека во последно време за дел од медиумите тенка е, ако и воопшто ја има, границата меѓу

Новинарството се занимава со факти, а не со суеверија

на 16. 08. 2015 | |
  [Рецензија:  Ликот на Рина се појавува на прозорецот од нејзината куќа? (Фото)]   Во ситуации кога доминира неизвесност за човечки животи и судбини, медиумите треба да се воздржуваат од шпекулации и од претпоставки, но и од непотврдени информации што можат да ги повредат чувствата на поединци. Рецензираниот текст е инспириран од една фотографија испратена од читател и чија оригиналност тешко може да се потврди. А уште помалку може да

Тенденциозното толкување на изјавите е непрофесионално

на 16. 08. 2015 | | sq
   

[Рецензија: ДПА го критикува Сади Беџети – и тој бил виновен за тоа што се случи во Тетово]

Новинарите треба да ја почитуваат основната функција на новинарството, односно правилното, точно и јасно информирање. Толкувањата или поврзувањето надвор од контекстот на едно случување или изјава со нешто друго, во никој случај не се совпаѓа со стандардите на едно професионално известување. Линк до оригиналниот текст: ДПА го критикува Сади Беџети

Кој е криминалецот тука?

на 15. 08. 2015 | | sq
 

[Рецензија: ФОТО: Во ноќен бар во Тетово фатени 10 странски државјанки]

  Текстот кој е предмет на оваа рецензија е предлог на наш читател, кој се прашува дали „странски државјанки“ е синоним за криминалки кои мора да се фаќаат. „Ако се жртви на трговија со луѓе, како им се помага со тоа што ги покажуваат нивните фотографии и кој му ги дал на порталот?“ – прашува нашиот читател. Линкуван наслов на анализираниот напис: ФОТО: Во ноќен бар во Тетово фатени 10 странски државјанки Датум и време на објавување: 14.07.2015 Датум на рецензирање: 13.08.2015 Рецензент: Ана Анастасовска Она што прво „боде очи“, според нашиот читател, а сигурно и за многумина други, е насловот: „Во ноќен бар во