verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Македонија со највисоки пензии во регионот? Ова едноставно не е вистина

on 18 - 08 - 2015       

 

[Рецензија: Со најновото покачување, просечната пензија во Македонија е највисока во регионот]

Рецензираната вест е составена врз основа на една невистинита информација, со што и самата вест станува една лажна вест. И со најавеното зголемување во септември, Македонија останува зад многу држави од регионот кога станува збор за висината на просечната пензија во земјата. Овој факт многу лесно може да се потврди, доволно е само да се разгледаат статистичките податоци на земјите во регионот.
Me rritjen më të re  pensionet mesatare të Maqedonisë më të larta në rajonЛинк до оригиналниот текст:
  Со најновото покачување, просечната пензија во Македонија е највисока во регионот

Датум и време на објавување: 11.08.2015

Датум на рецензија: 12.08.2015

Рецензент: Бењамин Арифи

Во овој текст новинарот не дава информации за висината на просечната пензија во ниедна друга земја од регионот, туку само констатира дека со новата вредност од 217 евра, Македонија ќе биде балкански лидер кога се работи за висината на просечната пензија.

„Со најновото покачување од 5% просечната пензија во Македонија ќе достигне до 13.100 денари или 217 евра, што е највисока процечна пензија во балканскиот регион. Според експертите, ефектот на оваа владина мерка може да се види во неколку аспекти.“

Доколку новинарот ги следеше правилата на професионалното известување и употребеше податоци од земјите во регионот и истите ги споредеше со податоците од Македонија, и самиот ќе се убедеше дека неговиот текст нема допирна точка со вистината. Макар и едно површно истражување ќе покажеше дека Грција, Хрватска, Црна Гора и Словенија имаат далеку повисока просечна пензија од Македонија.

На пример, според официјалните податоци на Еуростат, просечната пензија изнесува околу 882 евра, што е четирипати повисока од просечната пензија во Македонија.

Според последните податоци од Пензискиот фонд на Хрватска, просечната пензија во јуни од оваа година во таа земја изнесувала 2.473 куни или 327 евра.

И Црна Гора, држава многу помлада од Македонија, е пред нас кога станува збор за висината на просечната пензија. Во мај оваа година просечната пензија во Црна Гора изнесувала 272 евра.

Податоците за јуни добиени од словенскиот фонд покажуваат дека пензионерите во Словенија просечно примаат 560 евра месечно.

Овие податоци јасно покажуваат дека Македонија не е ни блиску до највисоките просечни пензии во регионот, а камоли на Балканот. Составувањето на една вест врз основа на лажни податоци, било тоа намерно или ненамерно, е непрофесионализам. Особено кога се работи за податоци кои се транспарентни и лесно може да се проверат на интернет.

 

(Од Сервисот за провека на факти во медиумите на албански јазик)

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

неточни наводи

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

креативен

сензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести