Јавноста не ја интересираат личните ставови на новинарот
Објавено во Рецензии
on 18 - 08 - 2015 Автор: Adrian Kerimi
[Рецензија: Теута, ова не е предизборна кампања, туку елементарна непогода]
Kоментарите за едно случување не можат да се наречат вест. И обвинувањата што се пренесуваат преку личните ставови не смеат да се стават во иста група со информацијата. Рецензираната вест е непрофесионална поради фактот што авторот се обидува преку коментарите за активностите на градоначалничката на Тетово, своите ставови да ги претстави како вест. Веста почнува со параграфот: „Градоначалничката на Тетово претерала давајќи си себе си голем публицитет по поплавите, како да се работи за предизборна кампања, а не за елементарна непогода. Објавувањето на нејзините фотографии го избледува нејзиното присуство меѓу семејствата настрадани во поплавите“, и кој изгледа како да е основан врз лични убедувања.
Текстот ги има предвид ставовите на експертите за јавното мислење, но авторот не цитирал ниеден од нив.
„Eкспертите на јавното мислење присуството на Теута Арифи преку цела недела на местата каде што поплавите оштетија куќи повеќе го гледаат како политички маркетинг отколку како сочувствување со семејствата кои претрпеа штети од поплавите.“
Во овој текст со право можеа да се покренат овие прашања, адресирајќи ги на Општината или, пак, експертите и другите набљудувачи или, пак, на самите граѓани. Покрај ова, можеше да се постави и прашањето околу тоа што е направено во минатото за да се спречат вакви ситуации, но лични толкувања често придружени со цинизам не оставаат впечаток на еден професионален текст.
„Настраданите семејства не сакаат лажни насмевки, тие пред се сакаат помош, а потоа и одговорност поради непреземањето мерки од страна на општината за штетите кои повеќе од половината се резултат на невнимателноста на комуналните и државните институции.“
Линк за оригиналниот текст: Рецензија: Теута, ова не е предизборна кампања, туку елементарна непогода
Датум и време на објавување: 09.08.2015
Датум на рецензија: 11.08.2015
Рецензент: Адриан Керими
Насловот не го информира читателот, туку е адресиран на градоначалничката на Општината, прикажувајќи јасна тенденциозност уште од самиот почеток. Прикачените фотографии се преземени од канцеларијата за односи со јавноста на Општина Тетово, но избрани на таков начин за да се совпаднат со насловот. Нема никаква реакција или изјава од Арифи, ниту, пак, од претставниците во Општината. Така, сите покренати прашања кои може да бидат оправдани остануваат еднострани, а текстот не ги исполнува професионалните принципи, кои налагаат еднакво претставување на сите страни.
(Од Сервисот за проверка на факти во медиумите на албански јазик)
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
неточни наводи
не може да се утврди веродостојноста на наводите
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
нема евидентирани извори
анонимни
не може да се утврди
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
делумно прикажува вистина
нема извртување на вистина (спин)
не може да се утврди
наклонетост
друга пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
не може да се одреди
ненаведен автор, ненаведен извор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
не информира
некреативен
сензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
манипулира
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
читлив
не апликативно
нема контекстуални линкови
стилски уреден
неповрзан со тагови