verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Манипулацијата со насловите ги разочарува читателите

on 18 - 08 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

 

[Рецензија: Тачи се сонча, што прават лавовите на ДПА?]

 

Текстот што го рецензираме е дело на странски медиум, меѓутоа истиот е преземен од анонимниот автор и само му е сменет насловот, кој воопшто не соодветствува со текстот. Иако во насловот се поставува едно деликатно прашање, авторот воопшто не го обработил написот што е преземен без да се наведе изворот за да го објасни прашањето што го поставил во насловот.

Thaçi rrezitet  çka bëjnë luanët e PDSH së  fullscreenЛинк до оригиналниот наслов: Тачи се сонча, што прават лавовите на ДПА?

Датум и време на објавување: 12.08.2015

Датум на рецензија: 12.08.2015

Рецензент: Aдриан Керими

Јасно е дека насловот на овој текст веднаш привлекува внимание, како што е јасно и дека насловот е тенденциозен. Меѓутоа, ако се прочита текстот, се гледа дека тој нема никаква допирна точка со тоа што е наведено во насловот. Еве еден дел кој што е изваден од овој напис:

„Еден необичен прилог е прикажан попладнево во „Abc News“, телевизијата која што во текот на летната сезона, врши директен пренос од атмосферата во плажите на јужнотo приморје. Веста дека Илир Мета са наоѓа на одмор во Јале со Мендух Тачи, се чини дека се засени од инцидентот што му се случи на новинарот Ени Шеху кога ги интервјуираше двата политичари.“

Насловите секогаш треба да бидат кратки, да информираат за тоа што информира веста и треба да се добро смислени. Обично не се препорачува насловите да содржат прашања, но и во случаите кога тоа cе прави, понатаму во текстот треба да се даде одговор за поставеното прашање. Јавноста преку насловот треба да ја сфати содржината на веста. Во конкретниот случај, нема ниту збор за тоа што е поставено како дилема во насловот.

Тој што ја објавил веста, не го навел изворот од каде ја презел веста. Од друга страна, текстот е малку комичен бидејќи просто опишува ситуација на еден телевизиски прилог каде што се опфатени претседателот на албанското Собрание, Илир Мета, и претседателот на ДПА, Мендух Тачи.

 

(Од Сервисот за проверка на факти во медиумите на албански јазик)

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

веродостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

сеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

целосно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

лажни информации

не аплиактивно

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

издвоено од фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

целосна копија

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

креативен

сензационален

соодветен

јасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

манипулира

наведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

говор на омраза

потикнува на насилство

дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

не апликативно

има контекстуални линкови

стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести