Тенденциозното толкување на изјавите е непрофесионално
Објавено во Рецензии
on 16 - 08 - 2015 Автор: Xhenis Sulimani
[Рецензија: ДПА го критикува Сади Беџети – и тој бил виновен за тоа што се случи во Тетово]
Новинарите треба да ја почитуваат основната функција на новинарството, односно правилното, точно и јасно информирање. Толкувањата или поврзувањето надвор од контекстот на едно случување или изјава со нешто друго, во никој случај не се совпаѓа со стандардите на едно професионално известување.
Линк до оригиналниот текст: ДПА го критикува Сади Беџети – и тој бил виновен за тоа што се случи во Тетово
Датум и време на објавување: 07.08.2015
Датум на рецензија: 10.08.2015
Рецензент: Џенис Сулимани
Рецензираниот текст се однесува на реакцијата на ДПА за природната несреќа во Тетово. Написот почнува со насловот „ДПА го критикува Сади Беџети – и тој бил виновен за тоа што се случи во Тетово“. Тој е целосно спротивен со содржината на реакцијата на Демократската партија на Албанците, затоа што во нивната конференција за печат, критиките на ДПА биле адресирани за ДУИ, а не како што е напишано во насловот.
„ДПА во Македонија изразила критики за албанската партија на власт, ДУИ, сметајќи дека истата е одговорна за поплавите во Тетово и околината. Според оваа партија, општина Тетово треба да им излезе во пресрет и да им помогне на граѓаните, а не да бара помош од владата.“
Откако ја пренел реакцијата на ДПА, на крај на текстот новинарот додал уште еден текст, во кој дава информации околу тоа на која партија бил член претходниот градоначалник на Тетово.
„Градоначалник на Тетово цели 4 години беше професорот Сади Беџети, кој беше кадар од редовите на ДПА и кој не оствари ниту еден проект во полза на граѓаните на оваа општина.“
Настојувајќи да го поддржи тенденциозниот наслов, написот станува пристрасен и ѝ дава едно сосема друго значење на реакцијата на ДПА против ДУИ. Ваквото насочување на јавноста не соодветствува со професионалните стандарди.
Текстот не го поддржува насловот со ниту еден факт или изјава. Овој начин на информирање е сосема непотребен бидејќи јавноста е свесна за ситуациите. Ваквите дејства непотребно му штетат на медиумот и на новинарската професија воопшто.
(Од Сервисот за проверка на факти во медиумите на албански јазик)
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
не може да се утврди точноста на наводите
не може да се утврди веродостојноста на наводите
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
1 извор
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
можеби се прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
целосно прикажува вистина
не може да се утврди
лажни информации
не аплиактивно
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
дезинформира
сензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
средно читлив
неквалитетни мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
делумно стилски уреден
неповрзан со тагови