verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Xhenis Sulimani

Тенденциозен наслов демантиран во текстот

на 6. 02. 2017 | | sq

 

Напис: Весел Мемеди верен на Али Ахмети

Лидерот на НДП, Весел Мемеди, го подржува Али Ахмети за формирање на новата влада, само ако Ахмети влезе во составот на новата влада со заедничката платформа потпишана во Тирана во присуство на Еди Рама. За Весел Мемеди не е важно кој ќе ја состави новата влада, ВМРО или СДСМ, туку важно е да се оствари заедничката платформа потпишана од албанските лидери. „Голем дел од албанските политички партии составија заедничка платформа или заедничка изјава околу неопходните потреби на Aлбанците кои мора да се остварат, без разлика кој ќе ја состави новата влада“, пишува Мемеди. Мемеди, за „Тетовасот“ се изјасни дека стои зад тоа што го изјави вчера на „Фејсбук“, каде што напиша дека

Kога скандалот не е поткрепен новинарски, веста станува скандалозна

на 10. 01. 2017 | | sq

 

Напис: „СКАНДАЛ: Функционер на ДР-ДПА не ја негира информацијата за средба меѓу Зијадин Села и Муса Џафери (Фото)“

По средбата во саботата меѓу лидерите на Алијансата за Албанците со Али Ахмети, реагирал и Џемал Арслани од Струга. Тој напишал дека ова не е прва средба на Зијадин Села со претставници на ДУИ и дека Села и претходно имал средби со Муса Џафери во ресторантот „Воденица“ и во „Агрополог“ на патот Скопје – Тетово. Тоа што нè зачудува најмногу, е одговорот на висок функционер на ДР-ДПА, Агон Ферати, на статусот на Арслани. Како што можете да видите на сликата подолу, Ферати не ја демантира средбата меѓу Зијадин Села и Муса Џафери кај „Воденица“, но во исто време го обвинува Арслани

Флертување со партиите преку мамење на читателите

на 21. 12. 2016 | | sq

 

Напис: Кој повеќе флертува со Али Ахмети, Весел Мемеди или Билал Касами?

Дваесет и двегодишнината на ДУТ ги соедини лидерите на партиите. На една манифестација на доделување на наградата „Doktor Honoris Causa“, претседателот на Косово, Хашим Тачи, Али Ахмети и Мендух Тачи седнаа еден до друг, како што ретко може да се видат заедно лидерите на албанските политички партии. На оваа годишнина на ДУТ по парламентарните избори може да ги видиме Али Ахмети , лидер на ДУИ, Билал Касами, лидер на Беса, и лидерот на НДП, Весел Мемеди. По објавувањето на оваа слика, по социјалните мрежи почна на големо да се дискутира и да се коментира околу тоа кој повеќе флертува со Али Ахмети, Весел Мемеди или, пак, Билал

Тенденциозен напис за Руфи Османи – фотографија без елементи на вест

на 1. 12. 2016 | | sq

 

Напис: Руфи Османи на овие избори ѝ дава подршка на ДУИ

Поранешниот претседател на НДП и градоначалник на Општина Гостивар, Руфи Османи, по неговото повлекување од НДП изјави дека веќе нема да се ангажира во политиката. Но, оваа слика до која стигна порталот „Шќипмедиа“, на која се гледа Руфи Османи со министерката од ДУИ, Шухрете Елези, и со потпретседателката на ДУИ, Теута Арифи, по сè изгледа го докажува спротивното. Иако нема информации дали Руфи Османи ќе се врати во политиката, едно е сигурно: неговите симпатии веќе не се за НДП, туку за ДУИ. Кој знае, можеби по изборите и ДУИ ќе го награди со нешто…  

 [Рецензија: Руфи Османи на овие избори ѝ дава подршка на ДУИ]

Новинарството може

Многу слики со малку аргументи

на 27. 10. 2016 | | sq

 

Напис: Почнува соработката ДУИ и ДПА?! Ахмети и Тачи насмеани (ФОТО)

Долго време беше незамисливо, но во овие моменти лидерот на ДУИ, Али Ахмети, и лидерот на ДПА, Мендух Тачи, присуствуваат заедно на една церемонија организирана во ДУТ, на која на претседателот на Косово ќе му биде врачена титулата „Doctor Honoris Causa“. Претходно, весникот „Лајм“ напиша дека Хашим Тачи може да се вклучи во предизборната кампања на ВМРО-ДПМНЕ, подржувајќи го верниот партнер на Груевски, Али Ахмети, со посета на Зајас, каде што се одвиваат работи за откопување на коските од една масовна гробница. По текстот во весникот „Лајм“, дознаваме дека неговите советници му предлагаат на Тачи да не оди во Зајас, поради револтот кој може да се предизвика кај

Без дополнителни факти, анонимните извори се неверодостојни

на 21. 10. 2016 | | sq

 

Напис: Кенан Хасип го разрешува Фуркан Чако затоа што бил проалбански ориентиран?

Како што дознава „Флака“ од извори блиски на Демократската партија на Турците, разрешувањето на министерот без ресор во Владата на Република Македонија, Фуркан Чако, се случило поради тоа што тој побарал коалиција со некоја партија на Aлбанците, било тоа да е предизборна или, пак, коалиција по изборите. Истиот извор за „Флака“ изјави дека веќе извесно време на Чако му се врши притисок по ова негово барање и дека партијата сака да го разреши и од позицијата на претседател на разгранокот на ДПТ во Гостивар. За чудо, одлуката за неговото разрешување е донесена во време кога тој бил во Турција, односно без негово знаење. Неофицијално, „Флака“ дознава дека

Мигена Горенца: Тие што молчат се виновни колку и тие што прават лошо!

на 18. 10. 2016 | | sq
Мигена Горенца – Главен уредник на Вториот програмски сервис на албански јазик на МТВ

 

Рецептот за позитивен исчекор во новинарството, покрај тешките предизвици и соочувањето со неправдите, овојпат за „Сервисот за проверка на факти во медиумите“ го прикажува Мигена Горенца. Taa e главен уредник на Вториот канал на албански јазик во јавниот сервис МТВ. Ексклузивно за нас зборува за тешкотиите, но и за научените лекции во својата кариера. „Кога

Професионализмот се „суши“, а воајеризмот „не пие“ вода

на 30. 09. 2016 | | sq

 

Напис: Реис Сулејман Реџепи заедно со оџите „кине“ месо

Поглаварот на Исламската верска заедница во Македонија, реис Сулејман Реџепи, заедно со неколку оџи денеска престојувалe на Попова Шапка. Според една слика што кружи на социјалните мрежи, реисот заедно со оџите имаат многу мерак за месото, затоа и објавиле заедничка слика со преполната трпеза со месо. Не се знае дали е дозволено да се постираат овие фотографии на социјалните мрежи, бидејќи повеќето муслимани немаат ни леб на нивните трпези, а реисот заедно со неколку оџи изгледа играат со сиромаштијата на муслиманите.  

[Рецензија: Реис Сулејман Реџепи заедно со оџите „кине“ месо]

Во суштина, новинарот не треба да биде предводен од „мирисот на месото“. Мисија на новинарството е јавниот интерес, но

Што е поважно во новинарството – стандардите или кликовите?

на 21. 09. 2016 | | sq

 

Напис: Еве што им е важно на министрите на ДУИ (Фото)

Сликите што ќе ги гледате во продолжение и кои се направени за време на интервјуто на министерот за образование и наука од редовите на ДУИ – Пиштар Лутфиу, најдобро зборуваат за неговите приоритети и грижи. Во време кога образованието на Aлбанците се соочува со многубројни инфраструктурни, кадровски и административни проблеми, вниманието на министерот е концентрирано на комбинирање на вратоврските, кои заземаат главно место на неговата работна маса.  

[Рецензија: Еве што им е важно на министрите на ДУИ (Фото)]

Министерската позиција е многу сериозна и многу важна. Одговорноста на министерот за работата што ја врши е секогаш од јавен интерес. Затоа, новинарот како чувар на овој интерес, од

Офсајд-наслов кој поттикнува омраза

на 15. 09. 2016 | | sq
 

Напис –  Режановце – Куманово: Македонец собирал оружје за да ги убие Aлбанците

Во куќата на И. А. (54) од село Режановце во Куманово е пронајдено големо количество оружје и муниција. Полицијата во Куманово извршила контрола во куќата и во помошните простории на една куќа во Режановце во Куманово, каде што пронашла: една воздушна пушка, 69 куршуми од разни калибри, седум партони за ловечки пушки, три неиспукани патрони, едно долго оружје, и др. Дел од оружјето лицето го поседувало без дозвола, додека пак другиот дел со дозвола, пренесува TetovaSot. Оружјето и муницијата се конфискувани, а И. А. е задржан во притвор во СВР Куманово. Оружјето ќе биде предадено за експертиза, за оружјето за кое има дозвола ќе се примени

Претплатете се за најнови вести