verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Етичкиот момент при објавување фотографии на тешко болни пациенти

on 18 - 08 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

ФОТО ОБНОВЕНО  ПОТРЕСНА ИСПОВЕД НА Уснија Реџепова Не давајте да умрам Reporter-crop-resize-covered

 

[Рецензија: Потресна исповед на Уснија Реџепова: Не давајте да умрам!]

 

Веста дека нам познатата фолк-ѕвезда која живееше и работеше во Белград, Уснија Реџепова, е во терминална фаза на канцер на белите дробови, разбирливо предизвика внимание во земјава. Реџепова е родена во Скопје, целото нејзино семејство е тука, а како дел од југословенската сцена си имаше свое значајно место во фолк-спомените. Македонските медиуми пренесуваат речиси сè што ќе се појави во белградскиот печат за нејзиниот престој во болницата, а неодамна дури и објавија фотографии кои за сите што го знаеја нејзиниот лик се шокатни и би се рекло надвор од добриот вкус, ама и надвор од црвените линии кои значат чување на достоинството на ѕвездата.

ФОТО ОБНОВЕНО  ПОТРЕСНА ИСПОВЕД НА Уснија Реџепова Не давајте да умрам Reporter-coveredЛинк до оригиналниот напис: ПОТРЕСНА ИСПОВЕД НА Уснија Реџепова: Не давајте да умрам!

Датум на објавување: 15.08.2015

Датум на рецензирање: 16.08.2015

Рецензент: Љубомир Костовски

„Дури и во еден момент успеа да се насмевне, но наскоро ја совлада болката. Таа побара вода. И тогаш паника да не ја остават сама. ’Не ме оставајте сама. Останете со мене.Умирам! Се борам колку што можам и сакам да оздравам’ – извика Уснија, но повторно собраа сила да продолжи: ’Секој ден се борам со болката и тешко дишам. Мојата состојба се влоши многу брзо. Лежам во кревет, тешко можам да седам. Се обидувам, но не можам да се потпрам на своите нозе. Јас само да пијам вода, немам сила да јадам. Имам некои плазма кекси’ и тоа е тоа.“

Описите на состојбата на пациентката, кои одат во детали и кои кажуваат информации кои не треба да допираат до јавниот интерес, навистина се неетички, иако несомнено имаат комерцијална „закачка“. Впрочем, сите болни од тој тип на загроза на здравјето ги имаат истите проблеми и зошто тие би се опишувале или од нив би се правела „болничка хроника“.
Но, посебен момент е фотографијата која ја приграбија многу наши портали, некои барем досега и ретки „муштерии“ на критиката на „Сервисот за проверка на факти во медиумите“ (СПФМ). Фотографијата ја дава пациентката Реџепова во нејзината актуелна состојба (глава без коса, комплетно променета физиономија), што е нормално по таа примена терапија, ама со додадена сликичка за тоа како таа била убава некогаш! За шокот да биде комплетен!

Чуму таа споредба и зошто треба да го имаме таквиот опис на една личност, макар и славна, на смртна постела. Легендата дека Уснија самата се согласила да се објави таа слика, во себе објективно не содржи дозвола, оној кој сликал и дал зелено светло навистина да се остане на одлуката за објавување, бидејќи се доведува во прашање состојбата на свеста на пациентот. За што, пак, може да донесе одлука и да се изјасни само нејзиниот доктор.  Прашање е дали во таква состојба би се признавале потпишани документи (да речеме тестамент можеби би можел да се оспори!), а не од тој момент комерцијалниот „скокот“ на редакцијата (белградски Курир) да си најде и алиби-ситуација?!

Македонските медиуми барем имале и отповеќе време да подразмислат дали смеат да го следат до крај „жолтилото“ на своите белградски „идоли“.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

веродостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

1 извор

Во случајот не е спорен изворот

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

сеопфатнo

Текстот дава отповеќе, значи непотребни информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

целосно прикажува вистина

нема извртување на вистина (спин)

нема лажни информации

не аплиактивно

комерцијална пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

издвоено од фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

делумна копија

наведен извор со линк

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

Таа го нарушува достоинствотот на снимената личност

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

Под формата на поддршка на болна ѕвезда се навредува нејзиниот физички интегритет

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести