verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Верувале или не! Веѓите ќе ви опаднат од читање

on 17 - 08 - 2015       

ФОТО-ОПАДНАТИТЕ-ВЕЃИ-НА-ГРУЕВСКИ-crop-resize

 

[Рецензија: (ФОТО) Опаднатите веѓи на Груевски-откриваат растројство!]

 

Кога ќе го прочитате нaсловот на овој текст, добивате впечаток дека сте наишле на сериозна и експертска психолошка анализа на изгледот и на однесувањето на премиерот Никола Груевски, но тоа во написот надолу го нема. Читајќи го текстот понатаму, си помислувате дека е некој виц, но, всушност, не станува збор ни за тоа. Ова е само една несериозна приказна спакувана како новинарски текст, која нема никаква тежина и која во никој случај не наликува на новинарска работа.

ФОТО  ОПАДНАТИТЕ ВЕЃИ НА ГРУЕВСКИ ОТКРИВААТ РАСТРОЈСТВОЛинкуван наслов на анализираниот напис: (ФОТО) Опаднатите веѓи на Груевски-откриваат растројство!

Датум и време на објавување: 12.08.2015

Датум на рецензирање: 14.08.2015

Рецензент: Ана Анастасовска

„После објавувањето на прислушуваните разговори од проектот „Вистината за Македонија“, во кои беа откриени криминалите на актуелната власт, верувале или не, на Груевски почна забрзано да му проседува и опаѓа косата и веѓите, најверојатно поради огромниот стрес кој го доживеал.“

На почетокот од текстот авторот директно им се обраќа на читателите, што е мaлку непрофесионално, освен ако не станува збор за колумна, што во случајов не е, и „верувале или не“, констатира дека на Груевски забрзано му обелела косата и му опаднале веѓите. Во ред. Eте, да поверуваме во тоа. Но, очекуваме потоа во текстот да има конкретни факти и докази за ваквите наводи на авторот.

„Како што дознаваме, во периодот на објавувањето на „бомбите“ кај премиерот Груевски се развил нервен тик од стресот кој резултирал со кубење на веѓите и косата. Со оглед на тоа што веѓите ја отсликуваат самодовербата тоа значи дека тој има најниско ниво на самодоверба и можност за донесување мудри одлуки.“

Прво што логично се наметнува како прашање тука е: од каде е ваквата информација? Второ, потребна е сериозна поткрепа на констатацијата дека „веѓите ја отсликуваат самодовербата“ за да може од тоа и да се извлече заклучокот дека „тоа значи дека тој има најниско ниво на самодоверба и можност за донесување мудри одлуки“. Но, такво нешто нема во текстот.

„Според психијатрите кои ги консултиравме, тие дијагностицираат растројство на неговата личност, потреба за восхит, како и недостатокот на емпатија. Бидејки најверојатно земал седативи, знаците на анксиозност и депресија се истотака очигледни од стресното нарушување на премиерот Груевски.“

Наместо сериозна анализа и изјави од психолози или психијатри, авторот ни нуди видувања на психијатри кои ги консултирал. Ако имало такви, зошто тие не се наведени со име и со презиме и зошто нема нивни изјави со објаснувања?

Понатаму, исто така, за ова да биде професионален новинарски текст, новинарот можел да објави фотографии од веѓите на Груевски пред и по објавувањето на „Вистината за Македонија“. Но, и тоа го нема.

Ова во никој случај не може да се нарече новинарски текст. Овој напис повеќе наликува на некоја пазарџиска приказна. Жалосно е што во македонскиот медиумски простор во последно време почнаа да се јавуваат голем број анонимни написи што на македнската јавност ѝ сервираат содржини кои во никој случај не можат да се наречат новинарски и на тој начин само го спуштаат нивото на новинарската професија.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

анонимни

нерелевантни

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

некреативен

сензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

дискриминира

социјална

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести