verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Ана Анастасовска

Наместо извештај од судско рочиште, тенденциозен коментар

на 24. 02. 2017 | | sq

[Рецензија: БРУКА: Катица и Фатиме правеа театар во Судот, судијата ги казнуваше, тие се фалеа дека ќе плати народот]

  Текстот што го рецензираме е полн со коментари и со неиздржани квалификации  и обвинувања на сметка на специјалните обвинителки Катица Јанева и Фатиме Фетаи. Ваков нагласено тенденциозен пристап се забележува уште во самиот наслов. Написот, инаку, треба да претставува извештај од судското рочиште за случајот со насилството во Општина Центар, но наместо тоа  на читателите им е понуден едностран коментаторски скроен материјал во кој се ставени на удар двете обвинителки. Линк до оригиналниот написБРУКА: Катица и Фатиме правеа театар во Судот, судијата ги казнуваше, тие се фалеа дека ќе плати народот Датум и време на објавување: 22.02.2017 Датум

Фејсбук-статус искористен за спин

на 23. 02. 2017 | | sq

[Рецензија: Ден на жалост во кафичите Гнездо, Љубов и Излет – Нема редовен дотур на бела прашкаста материја]

  Овој напис не е вест, туку е преземен фејсбук-статус кој е пренесен како новинарски производ. Материјалот е спинерски и преку фотографии ги манипулира читателите, за да дискредитира високи функционери на СДСМ, но и претставници на „Шарената револуција“ и нивни поддржувачи. Насловот „Ден на жалост во кафичите Гнездо, Љубов и Излет – Нема редовен дотур на бела прашкаста материја“, е тенденциозен има цел да ги поврзе спомнатите кафулињата со нелегални дејства и да ги оцрни, но и да привлече и поголем број кликнувања. Линк до оригиналниот написДен на жалост во кафичите Гнездо, Љубов и Излет – Нема редовен дотур на

ТВ-дневник полн со спинови и со фалби за власта, кој нема место за штрајкот на колегите од МПМ

на 21. 02. 2017 | |
Нападни ги оние што не ти се допаѓаат (горе), фали ги оние што ти се допаѓаат (долу). Фото: скриншот  

[Критички осврт врз ТВ-дневникот на „Алфа“ во 17.30 часот на 20 февруари 2017 година]

 

Овој централен дневник на „Алфа“ беше исполнет со политичка пропаганда во корист на ВМРО-ДПМНЕ. Гледачите, освен за активностите поврзани со оваа партија, друго не можеа да слушнат. За СДСМ слушнавме само дека ОЈО водела истрага

Не смее ли Јанева да оди во „велнес-центар“?!

на 21. 02. 2017 | |

[ЕКСКЛУЗИВНО ФОТО: Катица со пари на народот, покрај базен ги релаксира облините!]

    Текстот што е предмет на оваа рецензија е далеку од новинарски напис. Тој е коментаторски и тенденциозен и има цел да ја дискредитира специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева. Тврдењата во овој текст се неосновани и тој е едностран, бидејќи нема изјава од засегнатата страна. Самиот наслов на текстот е недоличен, бидејќи во него се коментира физичкиот изглед на специјалната обвинителка, што е невкусно и воопшто не е предмет на јавен интерес. Линк до оригиналниот написЕКСКЛУЗИВНО ФОТО: Катица со пари на народот, покрај базен ги релаксира облините! Датум и време на објавување: 18.02.2017 Датум на рецензирање: 20.02.2017 Рецензент: Ана Анастасовска    

А ИЗЈАВА ОД

Информативен и сеопфатен текст

на 20. 02. 2017 | |

[Рецензија: Оштетената гасоводна цевка можеше да однесе половина Скопје]

  Овој текст заслужува позитивна рецензија бидејќи е напишан според сите новинарски стандарди. Написот е информативен и професионално сработен, користени се повеќе извори што укажува дека се имало сеопфатен пристап. Линк до оригиналниот напис: Оштетената гасоводна цевка можеше да однесе половина Скопје Датум и време на објавување: 14.02.2017 Датум на рецензирање: 17.02.2017 Рецензент: Ана Анастасовска    

ПРОФЕСИОНАЛЕН ПРИСТАП

Во време кога сè почесто се сретнуваме со пропагандистички написи, професионално изработени текстови се вистинска реткост. Еден таков коректно сработен материјал е написот што го рецензираме. Текстот во воведот ја содржи веста која подолу ја обработува, а тоа е дека „голема хаварија настанала во Скопје кога при изведување градежни работи

Цело е кога има втора страна

на 16. 02. 2017 | | sq

[Рецензија: (ВИДЕО) Директорката Темелкова со сила спречи снимање за долг на Студентскиот дом од 70 илјади евра]

  Текстот што е предмет на оваа рецензија има проблем со веродостојноста. Не е консултирана втората страна, а нема ниту поткрепа на тврдењето кое е содржано во насловот, дека „директорката на еден од државните Студентски домови со сила спречила снимање за долг на домот од 70 илјади евра“. Изворите се еднострани, а тоа не е доволно за читателите да добијат целосна и јасна слика за напишаното. Линк до оригиналниот напис(ВИДЕО) Директорката Темелкова со сила спречи снимање за долг на Студентскиот дом од 70 илјади евра Датум и време на објавување: 14.02.2017 Датум на рецензирање: 16.02.2017 Рецензент: Ана Анастасовска     „Даниел

Во новинарството нема место за лажни вести

на 15. 02. 2017 | | sq

[Рецензија: ЗАЕВ ПОТВРДИЛ НА ХАРТИЈА: Прифаќаме двојазичност на цела територија!]

  Текстот што го рецензираме е чиста манипулација и невистина и има цел да го деградира лидерот на најголемата опозициска партија, Зоран Заев. Самиот наслов на написот „Заев потврдил на хартија: Прифаќаме двојазичност на цела територија!“ е еден голем спин и лага, а е пренесен на начин да изгледа како вистина и како да е извлечен од сигурни и добро проверени извори. Но, кога ќе го отворите текстот, ќе видите дека напишаното не е точно. Линк до оригиналниот написЗАЕВ ПОТВРДИЛ НА ХАРТИЈА: Прифаќаме двојазичност на цела територија! Датум и време на објавување: 13.02.2017 Датум на рецензирање: 14.02.2017 Рецензент: Ана Анастасовска    

ИСКРИВЕНА СЛИКА

Прво, написот се повикува

По пресудата во Стразбур, кршењето на правата на новинарите повеќе не е „само перцепција“

на 13. 02. 2017 | |
Овде нема играње играчки, а нема ни политика – Судот за човекови права во Стразур. Фото: flickr  

Европскиот суд за човекови права во Стразбур пресуди дека новинарите биле незаконски исфрлени од Собранието на 24 декември 2012 година за време на расправата за буџетот и ѝ наложи на државата да им исплати по 5.000 евра компензација на тужителите Насер Селмани, Тони Ангеловски, Билјана Дамеска, Фросина Факова, Снежана Лупевска и Наташа

Фејсбук-статус не е вест

на 1. 02. 2017 | | sq
 

[Рецензија: ТИ СИ ЕГО МАНИЈАК: Се погласно незадоволството на старите членови на СДСМ од политиките на Заев]

  Текстот што го рецензираме е политички мотивиран и има цел да ја дискредитира најголемата опозициска партија во земјава, нагласувајќи дека старите партиски членови, наводно, биле многу незадоволни од нејзините политики. Линк до оригиналниот написТИ СИ ЕГО МАНИЈАК: Се погласно незадоволството на старите членови на СДСМ од политиките на Заев Датум и време на објавување: 26.01.2017 Датум на рецензирање: 01.02.2017 Рецензент: Ана Анастасовска  

САМОПОСЛУЖУВАЊЕ ОД „ФЕЈСБУК“

Проблемот во овој напис е што ги генерализира работите, а неговата основа, всушност, е фејсбук-статус на една личност. „Не стивнува незадоволството од членовите и симпатизерите на СДСМ за политиките кои ги води нивниот

Добра вест, но лошо обработена

на 25. 01. 2017 | | sq

[Рецензија: Димитриев, Канческа, Попоски и Тодоров, поднесете оставки од една функција!]

  Текстот што е предмет на оваа рецензија, повеќе наликува на повик, отколку на новинарски напис. Иако е коментаторски, сепак не е пласиран како коментар, туку како вест. Линк до оригиналниот написДимитриев, Канческа, Попоски и Тодоров, поднесете оставки од една функција! Датум и време на објавување: 23.01.2017 Датум на рецензирање: 25.01.2017 Рецензент: Ана Анастасовска    

ВЕСТА ВИСТИНИТА, АМА КОМЕНТИРАНА

Со самиот наслов на текстот  се повикуваат премиерот Емил Димитриев и министрите Елизабета Канческа, Никола Попоски и Никола Тодоров, да поднесат оставки од една функција. „Цел месец Емил Димитриев, Никола Тодоров, Никола Попоски, Елизабета Канческа Милевска го кршат Уставот, Законот за Влада и Изборниот законик“. Ова е

Претплатете се за најнови вести