verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Добра вест, но лошо обработена

on 25 - 01 - 2017       
Овој напис го има и на: Албански

A1 on

[Рецензија: Димитриев, Канческа, Попоски и Тодоров, поднесете оставки од една функција!]

 

Текстот што е предмет на оваа рецензија, повеќе наликува на повик, отколку на новинарски напис. Иако е коментаторски, сепак не е пласиран како коментар, туку како вест.

Димитриев Канческа Попоски и Тодоров поднесете оставки од една функција А1онЛинк до оригиналниот написДимитриев, Канческа, Попоски и Тодоров, поднесете оставки од една функција!

Датум и време на објавување: 23.01.2017

Датум на рецензирање: 25.01.2017

Рецензент: Ана Анастасовска

 

 

ВЕСТА ВИСТИНИТА, АМА КОМЕНТИРАНА

Со самиот наслов на текстот  се повикуваат премиерот Емил Димитриев и министрите Елизабета Канческа, Никола Попоски и Никола Тодоров, да поднесат оставки од една функција.

„Цел месец Емил Димитриев, Никола Тодоров, Никола Попоски, Елизабета Канческа Милевска го кршат Уставот, Законот за Влада и Изборниот законик“.

Ова е веста во написот. Веста е поткрепена со доказ, односно со принтскрин од Изборниот законик, во кој се цитира членот 8. Од тоа може да се заклучи дека истата е вистинита.

„Во член 8 од Изборниот законик јасно е пропишано: Функцијата пратеник е неспојлива со функцијата претседател на Републиката, претседател на Владата на Република Македонија, министер, судија, јавен обвинител, јавен правобранител, народен правобранител и со други носители на функции кои ги избира или именува Собранието на Република Македонија и Владата на Република Македонија“.

Проблемот е што веста е коментирана и пласирана во категоријата вести, наместо во категоријата став.

„Законот е јасен, но бидејќи кај нас некој е над Законите и Уставот, веќе месец дена, Димитриев си е и избран пратеник со верификуван мандат, но и си ја обавува функцијата премиер, иако уште при договарањето во Пржино беше зацртано тој да е премиер за спроведување на изборите“.

 

НЕВИДЛИВИ ЕКСПЕРТИ

Кога веќе имаме одредена вест и таа се проблематизира, тоа треба да биде пласирано преку изјави на луѓе, посочени со име и со презиме. Во случајов тоа не е така.

„Експертите реагираат дека ова правно е неиздржано, но никој не ги слуша“.

Тука се користат невидливи експерти кои никој не ги слушал. А како да ги слушне некој, кога во веста не се пренесени нивните ставови?

Текстот има добра поента, но таа е лошо обработена.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

веродостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални, анонимни

релевантни, нерелевантни

повеќе извори

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

нема прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

нема извртување на вистина (спин)

нема лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

некреативен

сензационален

соодветен

јасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

информира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

има контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести