verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Ана Анастасовска

Рецензија: ВИДЕО: Говорот на Груевски додека не се научи напамет

на 9. 01. 2015 | |
  Овој напис е класичен пример за тоа како не треба да изгледа еден новинарски текст.  Текстот изобилува со коментари, што е видливо уште во самиот наслов, без потпишан автор, без никакви заклучоци и извори. Направен е обид да се направи анализа на начинот на кој се пренесувало новогодишното обраќање на премиерот на националните телевизии и во дел од порталите, но таквиот обид пропаднал бидејќи во текстот нема релевантни изјави, нема извори ниту, пак, линкови. Текстот е пристрасен и коментаторски.  Линкуван наслов на анализираниот напис: ВИДЕО: Говорот на Груевски додека не се научи напамет  Датум и време на објавување: 01.01.2015  Датум на рецензирање: 08.01.2015  Рецензент: Ана Анастасовска   „Северна Кореја ли сме, или пак се вративме во некои други времиња? Започна

Рецензија: ЧУДО ВО КРУШЕВО: Како мажот израдувал туѓа вдовица!

на 2. 01. 2015 | |
  Еден виц, кој сигурно многумина го слушнале и го знаат, е претставен како новинарски текст. Она што е најинтересно и што сигурно привлекува читаност, е што дејството на овој виц e сместено во Крушево и тоа е ставено во насловот со зголемени букви за да изгледа што попривлечно и посензационално. „Уште една глупост. Зеле виц и го претставиле како вест“ – е дел од коментарот на нашиот читател кој го предложи текстов за рецензија. Линкуван наслов на анализираниот напис: ЧУДО ВО КРУШЕВО: Како мажот израдувал туѓа вдовица! Датум и време на објавување: 28.12.2014 Датум на рецензирање: 02.01.2015 Рецензент: Ана Анастасовска Новинарски напис кој спаѓа во групата на информативни жанрови треба да се темели на факти за да

Рецензија: Девојка едвај спаси жива глава од кучиња

на 24. 12. 2014 | | sq
  Читајќи го овој напис, читателот лесно може да се доведе во заблуда дали текстот е резултат на гледање некој игран филм, сон или, пак, случката пренесена во него навистина се случила. Текстот не го задоволува минималното ниво на сеопфатност, во него нема никакви извори, што го прави неверодостоен и може да се оцени како класична детска приказна. Наслов на анализираниот напис: Девојка едвај спаси жива глава од кучиња Датум и време на објавување: 21.12.2014, 08:27 Датум на рецензирање: 23.12.2014 Рецензент: Ана Анастасовска „Рано утринава окoлу 06 часот и 15 минути на булеварот „Трета Македонска Бригада“ била нападната девојка на возраст од 21 година од три кучиња скитници.“ Ова се единствените факти наведени во текстот, што не е доволно за

Рецензија: Жена ја предизвикала верижната сообраќајка кај Волково

на 24. 12. 2014 | |
  Во нашето општество постојат стереотипи од типот дека жените се лоши возачи и дека ним не треба да им се дава да возат автомобили, а токму тие стереотипи се отсликуваат во насловот на овој текст и подолу во него. Акцентот е ставен на тоа дека жена ја предизвикала минатонеделната верижна сообраќајка кај Волково, што воопшто не е важно како информација. Насловот сам по себе ги дискриминира жените како возачи. Оттука се наметнува прашањето, каков наслов би ставил авторот на овој текст, доколку сообраќајката ја предизвикал маж? Дали во тој случај насловот би гласел: „Маж ја предизвикал верижната сообраќајка кај Волково“? Наслов на анализираниот напис: Жена ја предизвикала верижната сообраќајка кај Волково Датум и време на објавување:16.12.2014, 01:22

Рецензија: Ќерката на Самсоненко и синот на вицепремиерот Пешевски играле, премиерот и министри гледале

на 16. 12. 2014 | |
  Овој текст, кој е посветен на претставата од цртаниот филм „Фрозен“, а која ја извеле ученици од приватното меѓународно училиште „Нова“, е новинарска приказна без никакви факти и аргументи, заснована на „трач-муабети“. Текстот не ја прикажува во целост вистината и е тенденциозен и политички пристрасен. Целата приказна има цел да нагласи колку биле моќни и богати поединци од актуелната политичка гарнитура и некои странски бизнисмени во земјава, истакнувајќи дека тие за своите деца, наводно, донирале огромни суми за претставата да биде раскошна. Акцентот е ставен на сумата потрошена за костимите, за што не постои конкретен доказ. За возврат на тоа, нивните деца ги добиле главните улоги. Притоа, не се користат никакви факти и извори, што

Рецензија: Каролина на суд поради гласен секс – Ја пријавиле комшиите

на 12. 12. 2014 | |
  Сигурно многумина што го виделе насловот на овој текст, помислиле дека ова се случило во Македонија и дека има некаква врска со поп-пејачката Каролина Гочева. Сензационалистичкиот наслов на овој текст, како и фактот што истиот е сместен во рубриката „Џет-сет“ има цел да го доведе во заблуда читателот дека се работи за некоја друга личност. Кога ќе се прочита текстот, станува јасно дека личноста именувана во насловот нема никаква врска со личноста спомената во текстот. Наслов на анализираниот напис: Каролина на суд поради гласен секс – Ја пријавиле комшиите Датум и време на објавување:9.12.2014, 14.18 Датум на рецензирање: 12.11.2014 Рецензент: Ана Анастасовска Не е наведен изворот од каде е преземен текстот ниту, пак, е ставен линк до оригиналната верзија.

Рецензија: Студентите против политички протести: Конечно ќе се види кој ја заслужил, а кој ја купил дипломата

на 9. 12. 2014 | |
  Кога човек го чита овој текст, уште од самиот наслов, му станува јасно дека тој нема цел да информира, туку да дезинформира и дека е политички пристрасен. Во текстот се прави обид да се формира јавно мислење базирано на анкета, во која се земени изјави од само четворица студенти. Анкетираните, кои очигледно се застанати пред камера како нарачани, а не случајни соговорници, даваат идентични изјави, кои, пак, се исти со ставовите на владејачката партија. Во контекст на сето ова е извадена и злоупотребена изјава на реномиран професор и светски научник, без притоа да се наведе изворот од каде е земен неговиот став. Сето ова има цел да создаде погрешна слика во јавноста дека студентите и професорите, општо, не ги

Рецензија: Тајванците пак пробуваат да ги признаеме. Нуделе многу инвестиции?!

на 3. 12. 2014 | |
  Ставањето на прашалник и извичник на крајот од насловот го доведува читателот во мисла дали напишаното во текстот има основа или не. Текстот не е поткрепен со конкретни изјави и со извори и создава погрешна слика во јавноста дека Владата има намера да ги наруши политичките и економските односи со НР Кина за сметка на наводното повторно признавање на Република Тајван, грешка од минатото за која државата и ден-денеска плаќа пенали. Наслов на анализираниот напис: Тајванците пак пробуваат да ги признаеме. Нуделе многу инвестиции?! Датум и време на објавување: 26.11.2014, 22:33 Датум на рецензирање: 01.12.2014 Рецензент: Ана Анастасовска Во текстот се наведува дека министерот за надворешни работи, Никола Попоски, во Брисел се фалел дека Тајванците сè уште биле заинтересирани

Претплатете се за најнови вести