verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Ана Анастасовска

Рецензија: Јанкулоска натажена, Ставрески налутен на владината седница по обелоденувањето на аферата со прислушкувањето

на 16. 02. 2015 | | sq
  Овој текст е типичен пример за тоа како новинарите објавуваат непроверени и неточни информации. Или, пак, новинарот ја измислил веста, злоупотребувајќи го уставно загарантираното право да го заштити својот извор, односно правото да користи анонимни извори во написот. Желбата да се биде атрактивен и да се собере читаност превладеала над фактите и над вистината, што е недозволиво во професионалното новинарство. Линкуван наслов на анализираниот напис: Јанкулоска натажена, Ставрески налутен на владината седница по обелоденувањето на аферата со прислушкувањето Датум и време на објавување: 10.02.2015, 23:43 Датум на рецензирање: 12.02.2015 Рецензент: Ана Анастасовска „Премиерот Груевски вчера во попладневните часови свикал седница со министрите од неговиот кабинет, велат извори на Либертас од владата.“ Настанот опишан во овој текст се одвива во

Рецензија: Македонците од Флорида: Како Заев спие мирно кога знае дека ја кодошел македонштината за ситни политички поени?

на 12. 02. 2015 | | sq
  Она што е спорно во овој текст е кое е, всушност, ова Здружение и кои се тие Македонци што членуваат во него. Написот е политички пристрасен и има цел да го нападне и да го оцрни опозицискиот СДСМ и особено лидерот на партијата, Зоран Заев. Линкуван наслов на анализираниот напис: Македонците од Флорида: Како Заев спие мирно кога знае дека ја кодошел македонштината за ситни политички поени? Датум и време на објавување: 07.02.2015 Датум на рецензирање: 11.02.2015 Рецензент: Ана Анастасовска „Здружението на граѓани „Македонско сонце“ од Тампа, Флорида изразува загриженост поради случувањата во Македонија и дава поддршка на премиерот во, како што наведуваат во писмото,  борбата против кодошите, предавниците и оние кои сакаат Македонија да ја видат распарчена.“ Доколку

Рецензија: Британка без матка роди близнаци

на 10. 02. 2015 | | sq
  Насловот на овој текст е непрецизен и збунувачки. Британка без матка родила близнаци! Логички е веднаш да се наметне прашањето како е тоа можно, кога природата одредила поинаку? Дали тоа значи дека и мажите се способни да раѓаат деца? Читајќи го текстот, кај читателот се редат низа прашања, чиј одговор се открива дури на крајот, во последните реченици. Написот е нецелосен и нема никакви извори и линкови од каде е преземен, што отвoра сомнеж за неговата вистинитост. Линкуван наслов на анализираниот напис: Британка без матка роди близнаци Датум и време на објавување: 02.02.2015 Датум на рецензирање: 05.02.2015 Рецензент: Ана Анастасовска „Хејли Хејнс е родена без матка, но и покрај сè, по успешното лекување и со методот „ин витро“ стана

Рецензија: ВДИЕО: Ексклузивни детали за материјалите со кои се фалел Заев дека ќе ја сруши владата

на 6. 02. 2015 | | sq
  Во овој напис ексклузивен е само насловот. Иако со него се најавуваат детали од „материјалите со кои лидерот на опозицијата се фалел дека ќе ја сруши владата“, од тие детали нема ниту трага. Текстот се темели само на претпоставки и на теории на двајца новинари, кои своите излагања ги изнесоа во дебатна емисија на МРТ, како и на изјави од анонимни извори од СДСМ. Поради тоа, вистинитоста на наводите не може да се утврди. Линкуван наслов на анализираниот напис: ВДИЕО: Ексклузивни детали за материјалите со кои се фалел Заев дека ќе ја сруши владата Датум и време на објавување: 01.02.2015 Датум на рецензирање: 04.02.2015 Рецензент: Ана Анастасовска Овој текст спаѓа во низата написи кои деновиве ѝ беа

Ан Ројал – Првата жена новинарка во дневен весник во САД

на 5. 02. 2015 | |
  Надгробниот камен на гробот на Ан Ројал на Конгресните гробишта во Вашингтон. Фото: Википедија  

Ан Њупорт Ројал (Anne Newport Royall, 11 jуни 1769 – 1 oктомври 1854), се смета за првата американска жена новинар во дневен весник. Tаа својата кариера како новинар во весник ја почнала дури на 62- годишна возраст. Пред да почне да работи како уредник и издавач на весникот „Пол прај“ (Paul Pry)

Рецензија: Заев зимувал во монденски италијански скијачки центар?

на 26. 01. 2015 | | sq
  Овој текст е пример за чаршиско новинарство, кое во последно време се применува во нашите медиуми, а сè за да се нападне некоја личност без, притоа, да се користат некакви факти или докази за тоа. Очигледно е дека намерата на авторот на овој текст била да се деградира по секоја цена лидерот на најголемата опозициска партија, Зоран Заев, и да се обвини дека зимувал во некој скап италијански скијачки центар, но без извори и без факти, ваквото обвинување, лесно може да „падне во вода“. Линкуван наслов на анализираниот напис: Заев зимувал во монденски италијански скијачки центар? Датум и време на објавување: 20.01.2015 Датум на рецензирање: 23.01.2015  Рецензент: Ана Анастасовска Вистинитоста на овој напис многу е тешко да се утврди,

Рецензија: Голем одрон на автопатот Скопје-Велес, бидете претпазливи, надлежните не водат сметка…

на 23. 01. 2015 | | sq
  Ако се погледне овој текст комплетно, почнувајќи од насловот, преку фотографијата, па сè до напишаното во него, може да се каже дека наликува на сè, освен на новинарски напис. Насловот на текстот завршува со три точки иако немало потреба од тоа. Фотографијата која е ставена како илустрација, а која има очигледно цел да ја отслика „страшната ситуација со одроните на автопатот Скопје-Велес“, не е од местото на настанот, што станува јасно подолу во текстот. Самиот текст, пак, е полн со коментари и со некакви „замислени“ ситуации, не се користени никакви извори и факти, што ја доведува во прашање вистинитоста на написот. Линкуван наслов на анализираниот напис: Голем одрон на автопатот Скопје-Велес, бидете претпазливи, надлежните не водат сметка…

Рецензија: Паника: Сите оние кои го купија овој производ мора да одат на лекар

на 22. 01. 2015 | |
  Насловот на овој текст е сензационалистички и го наведува читателот да помисли дека некаков спорен производ се продавал во Македонија, што не е точно. Од самиот текст подолу може да се види дека тоа се случувало во Велика Британија. Отсуството на извори и на факти не може со сигурност да го потврди напишаното. Вистинитоста на написот не може да се провери. Линкуван наслов на анализираниот напис: Паника: Сите оние кои го купија овој производ мора да одат на лекар Датум и време на објавување: 15.01.2015 Датум на рецензирање: 21.01.2015 Рецензент: Ана Анастасовска „Граѓаните се во паника. Британецот Николас Стјуарт (35) од Блекпул, уапсен е бидејќи на туристите во тој град им продавал лажен пијалак виски во кој наместо алкохол

Рецензија: Откако рикна К15, на Бубо и компанија сите им се виновни

на 15. 01. 2015 | |
  Овој напис е полн со коментари, политички е пристрасен и изобилува со лични навреди и напади, упатени кон членовите на продукцијата „К-15“. Повод за ваквите напади, претпоставуваме, е интервјуто на Бубо Каров, дадено истиот ден за „Радио Слободна Европа“. Во текстот нема никакви факти и аргументи, туку само претпоставки и тврдења на авторот, чијашто точност не може да се потврди. Овој текст, меѓу другото, е и коментар, но без потпишан автор. Линкуван наслов на анализираниот напис: Откако рикна К15, на Бубо и компанија сите им се виновни Датум и време на објавување: 11.01.2015 Датум на рецензирање: 15.01.2015 Рецензент: Ана Анастасовска Авторот на текстот уште на самиот почеток изнесува заклучоци кои се непроверени и за кои нема никакви факти. Во

Рецензија: ФОТО: Министерката Јанкулоска во нормално домашно расположение го замеси лепчето

на 10. 01. 2015 | | sq
  Оваа кратка фотовест содржи непроверени и неточни информации и коментари за непрецизни дефиниции, поради што го заслужи нашето внимание и е предмет на рецензија. Линкуван наслов на анализираниот напис: ФОТО: Министерката Јанкулоска во нормално домашно расположение го замеси лепчето Датум и време на објавување: 06.01.2015 Датум на рецензирање: 09.01.2015 Рецензент: Ана Анастасовска „Конечно и министерката Јанкуловска да се оддалечи од секојдневните задачи и обврски како прв човек на МВР и како секоја нормална мајка, сопруга и домаќинка да го замеси Бадниково лепче.“ Она што прво паѓа в очи кај читателите, во оваа кратка вест е зборот „мајка“, кој наведува дека министерката Јанкулоска станала мајка, информација која е неточна, барем колку што е досега познато во јавноста. Ако авторот на

Претплатете се за најнови вести