verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Ана Анастасовска

Со свеќа да бараш, не можеш да најдеш „закани со насилни протести“

на 11. 05. 2015 | | sq
 

[Рецензија: Сценариото се исполнува: Заев се закани со насилни протести, како што на Скајп збореше Верушевски!]

  Ова е еден крајно спинерски и манипулативен текст, кој има цел да ја убеди јавноста дека лидерот на опозицијата, Зоран Заев, подготвува некакво си сценарио за граѓанска војна. Во текстот се забележува речникот и тонот на владејачката политичка партија, а анонимниот автор е ставен во улога на нејзин портпарол, а не на новинар кој на јавноста треба да ѝ презентира факти и докази. Линкуван наслов на анализираниот напис: Сценариото се исполнува: Заев се закани со насилни протести, како што на Скајп збореше Верушевски! Датум и време на објавување: 28.04.2015 Датум на рецензирање: 08.05.2015 Рецензент: Ана Анастасовска „Имено, опозицискиот лидер се закани дека

За „фурнаџиските“ факти и докази во македонското новинарство

на 28. 04. 2015 | |
Бајачки, гатачи, митски суштества, ѕвезди, симболи и слични глупости – ништо не помага пред налетот на реaлноста. Фото: Фликр и портали. Колаж: СПФМ  

Историјата е полна со податоци дека претседатели и премиери на моќни држави користеле совети од бајачи, астролози, гатачи или јасновидци за да ја донесат „вистинската“ одлука. Оваа практика не е непозната и кај нас, но и кај нашите соседи. Ваквата „пракса“ сега се пренесува и на

Дискредитација врз основа на заедничка фотографија

на 28. 04. 2015 | | sq
 

[Рецензија: ФОТО: Близок човек на Стојанче Ангелов ја демолирал зградата на општина Прилеп]

  Овој текст има цел на еден инцидент да му даде политичка конотација и при тоа да го поврзе со лидерот на Достоинство, Стојанче Ангелов, дискредитирајќи го како политичка личност. Написот е политички мотивиран, тенденциозен и не го задоволува минималното ниво на сеопфатност. Линкуван наслов на анализираниот напис: ФОТО: Близок човек на Стојанче Ангелов ја демолирал зградата на општина Прилеп Датум и време на објавување: 21.04.2015  Датум на рецензирање: 25.04.2015  Рецензент: Ана Анастасовска „Човек близок до Стојанче Ангелов е кршачот на прозорците во Општина Прилеп. Млад прилепчанец во алкохолизирана состојба утрово околу 7 часот искршил преку 10 надворешни стакла од новата општинска зграда во Прилеп.“ Авторот

Еклатантен пример за „патриотскиот“ говор на омраза

на 27. 04. 2015 | | sq

[Рецензија: Срамота на годините: Тито Петковски се заканува со насилство кон средината на следниот месец]

Написот е политички пристрасен, полн со коментари и со навредливи епитети, како „имбецил“, „предавник“ и слично, на сметка на лидерот на НСДП, Тито Петковски, кои имаат цел дискредитација на неговата личност и политичко дејствување. Линкуван наслов на анализираниот напис: Срамота на годините: Тито Петковски се заканува со насилство кон средината на следниот месец Датум и време на објавување: 19.04.2015 Датум на рецензирање: 22.04.2015 Рецензент: Ана Анастасовска „Одметнатиот СДСМ-овец, член на комунистичката КПМ, доживотен шетач по фотељи, апсолутен предавник дури и на своите партиски колеги и пензиониран поддржувач на терористите од УЧК од тетово се закани со насилства и немири кон средината на следниот месец.“ Уште

Крајно манипулативен наслов што не ја содржи главната информација

на 27. 04. 2015 | | sq
 

[Рецензија: Владата планира зголемено породилно отсуство за мајките кои ќе родат две или повеќе деца]

  Насловот на овој текст е крајно манипулативен и во себе не ја содржи главната информација, а тоа е за кои категории родилки ќе се зголеми породилното отсуство. Ваквиот наслов создава погрешен впечаток кај јавноста, а тоа очигледно е и главната цел на авторот, да ги изманипулира читателите. Линкуван наслов на анализираниот напис: Владата планира зголемено породилно отсуство за мајките кои ќе родат две или повеќе деца Датум и време на објавување: 18.04.2015 Датум на рецензирање: 20.04.2015 Рецензент: Ана Анастасовска Насловот „Владата планира зголемено породилно отсуство за мајките кои ќе родат две или повеќе деца“ е толку бомбастичен што веднаш привлекува внимание

Kрајно политички пристрасен и етикетирачки текст

на 21. 04. 2015 | |

[Рецензија: Математиката корисна за развојот на младите, пленумот го злоупотребува постигнатиот договор]

  Ова е еден крајно политички пристрасен и етикетирачки текст кој има цел да го минира дејствувањето, односно бојкотот на „Средношколски пленум“ и неговата борба за реформи во образованието, што на средношколците им е законски загарантирано право. Тоа можеше веднаш да се види и од првичниот наслов на текстот: „Средношколскиот пленум е нелигитимен претставник кој протестира со политичка позадина“. Подоцна, не знаеме од кои причини, насловот е сменет во „Математиката корисна за развојот на младите, пленумот го злоупотребува постигнатиот договор“. Линкуван наслов на анализираниот напис: Математиката корисна за развојот на младите, пленумот го злоупотребува постигнатиот договор Датум и време на објавување: 08.04.2015 Датум на рецензирање:  18.04.2015

Убедување на јавноста во однапред смислена приказна е пропаганда, не новинарство

на 11. 04. 2015 | |

[Рецензија: „Вечер“: 24.12.2012- СДСМ во фајтинг, Заев во шопинг во Грција]

  Ова е еден крајно спинерски и манипулативен текст, кој од почеток до крај креира сценарио дека лидерот на опозицијата, Зоран Заев, е „предавник“, а притоа користи непроверени информации. Написот е полн со коментаторски елементи и има цел – дискредитација на Заев и „перење“ на премиерот Никола Груевски. Линкуван наслов на анализираниот напис: „Вечер“: 24.12.2012- СДСМ во фајтинг, Заев во шопинг во Грција Датум и време на објавување: 06.04.2015 Датум на рецензирање: 08.04.2015 Рецензент: Ана Анастасовска „Заев се пазарел за вилата во Грција додека неговите сопартијци иницираа инциденти во македонското Собрание. Додека СДСМ глумеа жртви на полициско насиство на 24 декември 2012 година, Зоран Заев на големо го привршувал

Наместо одговори, спинерски и политички пристрасен текст

на 8. 04. 2015 | | sq
 

[Рецензија: „Курир“: Опозициски новинари ја потврдуваат аферата „Фабрика 2“]

  Кога ќе го прочита насловот на овој текст, логично е читателот да помисли дека ќе прочита и одговори на некои прашања поврзани со наводната афера „Фабрика 2“, која во јавноста, преку интервју за „Утрински весник“, ја пушти новинарот Васко Ефтов. Но, наместо одговори, она што го чека читателот е еден спинерски и политички пристрасен текст, кој изобилува со дискредитација

Рецензија: ФОТО Се женат со муслиманки на еден час за да имаат „безгрешен секс“ со нив

на 1. 04. 2015 | |
  Она што е спорно во овој текст е насловот, кој е тенденциозен и етикетирачки. Што се однесува до самиот текст, пак, тој е напишан според новинарските стандарди, односно во него има линкувани извори и веста го задоволува минималното ниво на сеопфатност. Линкуван наслов на анализираниот напис: ФОТО Се женат со муслиманки на еден час за да имаат „безгрешен секс“ со нив Датум и време на објавување: 25.03.2015  Датум на рецензирање: 30.03.2015  Рецензент: Ана Анастасовска „25-годишната Арапка Фируза, која работи како проститутка во Велика Британија, станала позната, бидејќи на своите клиенти им нуди „безгрешен секс“,  со цел да ги заобиколат ригорозните шеријатски закони.“ Написот ја пренесува веста за една проститутка, муслиманка, од Велика Британија, која пред да има секс со

Гонзо-новинарство – Дивјачко патување во срцето на Лас Вегас

на 30. 03. 2015 | | sq
Хантер С. Томпсон, графит на Thierry Ehrmann во музејот Abode of Chaos во Франција. Фото: Википедија, 2009   Иако опозицијата се давеше во неможноста да влијае врз одлуките на Владата, премиерот не беше рамнодушен. Неговите движења, забрзаното дишење и нервоза, како и непријателството кое можеше да се пресече со работ на некој поквалитетен нож, откриваа дека компромис нема ниту на видик. (Гонзо-новинaрство – реална фикција, ziher.hr)  

Можете ли да

Претплатете се за најнови вести