verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Наместо одговори, спинерски и политички пристрасен текст

on 8 - 04 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

Курир-Опозициски-новинари-ја-потврдуваат-аферата-Фабрика-2-NetPress-crop-resize

 

[Рецензија: „Курир“: Опозициски новинари ја потврдуваат аферата „Фабрика 2“]

 

Кога ќе го прочита насловот на овој текст, логично е читателот да помисли дека ќе прочита и одговори на некои прашања поврзани со наводната афера „Фабрика 2“, која во јавноста, преку интервју за „Утрински весник“, ја пушти новинарот Васко Ефтов. Но, наместо одговори, она што го чека читателот е еден спинерски и политички пристрасен текст, кој изобилува со дискредитација на новинари и на опозициски политичари и во кој, освен чаршиски муабети и коментари од „Фејсбук“, нема ниту еден факт или доказ кој би го поткрепил искажаното во насловот.

„Курир“  Опозициски новинари ја потврдуваат аферата „Фабрика 2“   NetPressЛинкуван наслов на анализираниот напис: „Курир“: Опозициски новинари ја потврдуваат аферата „Фабрика 2“

Датум и време на објавување: 03.04.2015

Датум на рецензирање: 06.04.2015

Рецензент: Ана Анастасовска

„Аферата „Фабрика 2“ која ја објави опозицискиот новнар Васко Ефтов во која СДСМ и СОРОС формираат мрежа на новинари кои ги финансираат со цел да ги бранат нивните интереси доби нова потврда.“

Новинарот на овој текст влегува со констатацијата дека новинарот Васко Ефтов ја „објавил“ аферата „Фабрика 2“, што не е точно. Факт е дека Ефтов посочи дека постои такво нешто, меѓутоа тоа е негова претпоставка изнесена без ниту еден конкретен факт или доказ. Ефтов не посочи ниту едно име на новинар, а не откри ниту дали таа „фабрика“ има некоја локација како што тоа беше случај со аферата „Фабрика 1“.

Ефтов ја нафрли аферата, меѓутоа потоа не излезе со ниту една конретна изјава или сознанија. Секој може да излезе со најава дека постои некоја „Фабрика“, но без конкретни факти, таквите најави се сместуваат во категоријата шпекулации, а шпекулациите не можат да се презентираат како новинарски факти.

„Марјан Стаменковски кој важи за еден од најжестоките поддржувачи на лидерот на СДСМ Зоран Заев коментирајќи по конфликтот  кој на последната прес коференција на СДСМ го имаше опозициската новинарка Мери Јордановска со членството на СДСМ, истакна дека опозициски новинари доаѓаат кај Заев кој пак им исплаќал хонорари. Бранејќи го Заев, Стаменкоски им порачува на Јордановска и другите опозициски новинари дека да е на тој на местото на Заев веднаш „би ги шутнал кога доаѓале кај него на баци рака по хонорарче“.“

Ова е класичен пример за презентирање чаршиски муабет како факт, за дискредитација на личност и за нејзино жигосување, во случајов, новинарката Мери Јордановска. Новинарот на овој начин директно ја посочува Јордановска како дел од новата „Фабрика“ и ја обвинува дека земала пари од лидерот на СДСМ, Зоран Заев. Ваквиот заклучок е извлечен од коментар на „Фејсбук“, кој нема никаква тежина. Во овој случај, авторот на текстот можел да се потруди да побара изјава од Стаменковски, или, пак, од Јордановска и на читателот да му ја долови вистината.

Во овој текст, авторот прекршил неколку членови од Кодексот на новинари, а особено членот 1 во кој се вели дека:

Новинарот треба да објавува точни, проверени информации и нема да прикрива суштински податоци. До колку информацијата не може да се потврди, или станува збор за претпоставка, односно шпекулација, тоа треба да се каже и да се објави. Точноста на информацијата треба да се провери колку што е тоа можно.

Овој напис не презентира никакви докази, туку се базира на шпекулации, а авторот, преку своите констатации, се обидува да го наведе читателот на погрешно мислење.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

само делумно

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални, неофицијални

нерелевантни

2 извори

извитоперени

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

издвоено од фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

делумна копија

наведен извор без линк

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

некреативен

сензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

информира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести