verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Ана Анастасовска

Смртоносни пеперутки-мутанти напаѓаат секојдневно! Само не знаеме каде

на 18. 07. 2015 | | sq
 

[Рецензија: Внимавајте: Смртоносни пеперутки-мутанти напаѓаат секојдневно!]

  Веста што е предмет на оваа рецензија е непрофесионална од неколку новинарски аспекти. Насловот е нејасен и може да го наведе читателот на погрешно толкување, во текстот нема никакви факти, докази и извори, а спорна е и фотографијата. Линкуван наслов на анализираниот напис: Внимавајте: Смртоносни пеперутки-мутанти напаѓаат секојдневно Датум и време на објавување: 10.07.2015 Датум на рецензирање: 17.07.2015 Рецензент: Ана Анастасовска Веста почнува со бомбастична најава во насловот: „Внимавајте: Смртоносни пеперутки-мутанти напаѓаат секојдневно“. Каде напаѓаат овие пеперутки е прашањето што логично се поставува. Исто така, логично е читателот да помисли дека ова се случува во Македонија, уште повеќе што само два дена пред објавувањето на оваа вест, на 8 јули, македонските медиуми

Новинарот треба да работи во интерес на јавноста, а не на партијата

на 14. 07. 2015 | | sq

 

[Рецензија: Заев сака да се спаси себе си од криминалите, уцените и корупцијата]

  Каде е веста во овој текст? Авторот сакал да каже нешто, ама не се докажал, а и тоа што го кажал, не држи вода. Линкуван наслов на анализираниот напис: Заев сака да се спаси себе си од криминалите, уцените и корупцијата Датум и време на објавување: 08.07.2015 Датум на рецензирање: 13.07.2015 Рецензент: Ана Анастасовска Овој текст освен нафрлање лични видувања на авторот нема ништо друго. Нема вест, нема извори, нема ништо. „Единственото што го интересира лидерот на опозицијата Зоран Заев е како да се спаси себе си од криминалите, уцените, корупцијата и барањето мито кои ги виде цела македонска јавност.“ Авторот го почнува написот со

Саше Политико: Се надевам дека ќе продолжат да бегаат никаквеците!

на 13. 07. 2015 | |
„Новинарите блеат како телиња. Навистина, тоа ми е несфатливо.“ Саше Ивановски – Политико. Фото: лична колекција  

Јас не користам ракавици. Отворен сум и брутален и не работам за никого. Може некому личам на шоумен и на дворски шут, но не може на сите да им се допаднеш, добро е да имаш голема група обожаватели, да спиеш мирно и да сметаш дека работиш чесно, дека си на вистинската страна во

Лошата фотографија може да го засени текстот

на 9. 07. 2015 | | sq
 

[Рецензија: Сведоштво за сообраќајката пред Охрид: Бебето ми умре в раце – помодре и го загуби пулсот]

  Овој текст има проблем со фотографијата која е несоодветна. Содржината на написот е коректна и таа нема да биде во фокусот на оваа рецензија. Линкуван наслов на анализираниот напис: Сведоштво за сообраќајката пред Охрид: Бебето ми умре в раце – помодре и го загуби пулсот Датум и време на објавување: 02.07.2015 Датум на рецензирање: 08.07.2015 Рецензент: Ана Анастасовска Насловот на овој текст најавува дека станува збор за една трагична случка, односно тој е сведоштво за сообраќајка во која животот го загубиле неколку лица, меѓу кои и едно бебе. „Охриѓанецот Бобан Наумоски бил сведок на вечерашната трагедија која се случи на патот

„Монтажно“ новинарство

на 7. 07. 2015 | |
Убава монтажа. За разлика од оние „сечените, лепените и креираните“ во македонското новинарство. Фото: Bachellier Christian, 2006  

Кога опозицискиот СДСМ почна со објавувањето на таканаречените „бомби“, обвинувајќи ја владеачката партија за разни криминални и незаконски дејства, од ВМРО-ДПМНЕ постојано излегуваа со соопштенија дека таквите снимки се „монтирани, сечени и лепени“, па според тоа и лажни. И тоа е нормална реакција за една политичка партија. Но, кога новинарот ќе одлучи

Манијак сее страв! Да, на социјалните мрежи и во медиумите

на 6. 07. 2015 | | sq
 

[Рецензија: ФОТО: Манијак сее страв во скопски Аеродром!]

  Овој текст е класичен пример за тоа како новинарите од една обична објава на социјалните мрежи можат да направат сензација, а во случајов и да рашират паника. Она што недостига во текстот се факти и, според тоа, лесно може да се доведе во прашање вистинитоста на објавената информaција. Линкуван наслов на анализираниот напис: ФОТО: Манијак сее страв во скопски Аеродром! Датум и време на објавување:  29.06.2015 Датум на рецензирање: 03.07.2015 Рецензент: Ана Анастасовска „Манијак деновиве „оперира“ низ скопската населба Аеродром. Напаѓа девојчиња кога се сами, а на социјалните мрежи се шират поплаките на две девојки, кои веќе се соочиле со него. Иако едната од девојките вели дека случајот е пријавен

Критиките од САД ги нема, ама алибито за Груевски е тука

на 2. 07. 2015 | |
 

[Рецензија: Извештајот на Стејт Департментот има критики за сите земји, неговата цел е да издејствува подобрување]

  Уште од самиот наслов се гледа дека ова е политички пристрасен текст, кој има цел да ја „испере“ Владата поради лошите оцени во редовниот извештај на Стејт департментот за човековите права во светот. Линкуван наслов на анализираниот напис: Извештајот на Стејт Департментот има критики за сите земји, неговата цел е да издејствува подобрување Датум и време на објавување: 26.06.2015 Датум на рецензирање: 29.06.2015 Рецензент: Ана Анастасовска „Американскиот Стејт Департмент вчера го објави Годишниот извештај за почитување на човековите права во светот во 2014 година. Извештајот кон сите земји е генерално остар. Тоа е и целта на Стејт Департментот, да ги критикува состојбите

Поразителен извештај за пропагандистичка победа

на 28. 06. 2015 | |
 

[Рецензија: СДСМ призна дека прислушкувале осомничените во „Пуч“ Верушевски и Костовски]

  Овој текст е класичен пример за пропаганда, манипулација и за извртување на фактите во корист на владејачката ВМРО-ДПМНЕ. Злоупотрен е извештајот на експертската група на Европската комисија, кој е полн со критики упатени на адреса на премиерот Никола Груевски, и извртен е во негова полза. Линкуван наслов на анализираниот напис: СДСМ призна дека прислушкувале осомничените во „Пуч“ Верушевски и Костовски Датум и време на објавување: 20.06.2015 Датум на рецензирање: 26.06.2015 Рецензент: Ана Анастасовска Во текстот се тврди дека СДСМ признале оти прислушувањето дошло од нивни редови, односно од структурите на Зоран Верушевски и на Звонко Костовски. За таа цел, во написот се користи дел од соопштение на

Информација има, новинарство нема

на 20. 06. 2015 | | sq
 

[Рецензија: Вработена во позната скопска слаткарница претепа дете пред сите гости]

  Во написов, кој е предмет на рецензија, информација има, но нема новинарство. Изворот на информацијата е статус објавен на фејсбук, но работата на новинарот сопрела тука. Линкуван наслов на анализираниот напис: Вработена во позната скопска слаткарница претепа дете пред сите гости Датум и време на објавување: 18.06.2015 Датум на рецензирање: 19.06.2015 Рецензент: Ана Анастасовска Написот имa бомбастичен наслов и исто таков влез. „Вработена во позната скопска слаткарница претепа 6 годишно дете пред сите гости.“ И толку е веста. Подолу е пренесена слика од фејсбук-статус на некоја мајка објавен во групата „Женски домаќински муабети“. Од напишаното се разбира дека мајката била сведок на немил настан, во кој вработена

Сите странци разочарани од Заев – ќе мора да ни верувате на збор

на 16. 06. 2015 | | sq
   

[Рецензија: Странските дипломати разочарани, експертите децидни – Македонија ќе трпи полседици од неуспешниот дијалог]

  Ова е пример за еден политички пристрасен текст, во кој иако бомбастично се најавуваат реакции од странски дипломати, такви изјави нема никаде во текстот. Целта на текстот е по секоја цена да се нападне опозицискиот лидер, да му се стави на товар неуспешноста од преговорите во Брисел за излез од политичката криза во

Претплатете се за најнови вести