verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Рецензија: ФОТО Се женат со муслиманки на еден час за да имаат „безгрешен секс“ со нив

on 1 - 04 - 2015       

ФОТО Се женат со муслиманки на еден час за да имаат безгрешен секс со нив-crop-resize

 

Она што е спорно во овој текст е насловот, кој е тенденциозен и етикетирачки. Што се однесува до самиот текст, пак, тој е напишан според новинарските стандарди, односно во него има линкувани извори и веста го задоволува минималното ниво на сеопфатност.

ФОТО Се женат со муслиманки на еден час за да имаат безгрешен секс со нивЛинкуван наслов на анализираниот напис: ФОТО Се женат со муслиманки на еден час за да имаат „безгрешен секс“ со нив

Датум и време на објавување: 25.03.2015

 Датум на рецензирање: 30.03.2015

 Рецензент: Ана Анастасовска

„25-годишната Арапка Фируза, која работи како проститутка во Велика Британија, станала позната, бидејќи на своите клиенти им нуди „безгрешен секс“,  со цел да ги заобиколат ригорозните шеријатски закони.“

Написот ја пренесува веста за една проститутка, муслиманка, од Велика Британија, која пред да има секс со своите клиенти, стапува накратко во брак со нив и на тој начин им нуди „секс без грев“. Насловот на текстот, пак, оддава впечаток дека повеќето муслиманки го практикуваат ова. На тој начин се етикетираат женските припаднички на муслиманската вероисповед, што е непрофесионално.

Вака формулиран, насловот создава погрешна перцепција кај пошироката јавност дека секој еден што би посакал да стапи во интимни односи со некоја муслиманка, може лесно да го направи тоа така што ќе стапи во брак со неа на еден час. Тоа е спротивно на новинарските стандарди.

За да биде попрофесионален насловот, тој би требало, на пример, да вели: „Муслиманка се мажи со своите клиенти на еден час за да има безгрешен секс со нив“.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

веродостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

сеопфатнo

нема прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

целосно прикажува вистина

нема извртување на вистина (спин)

нема лажни информации

балансираност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

издвоено од фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

наведен извор со линк

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

креативен

сензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

информира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

има контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести