verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Исклучително опасно четиво, објавено во клучен момент од актуелната политичка криза

on 1 - 04 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

Firefox_Screenshot_2015-03-29T21-58-40813Z-crop-resize

 

[Рецензија: Заев, радикални исламисти од Беса и Стојанче Ангелов со сценарио за граѓанска војна во Македонија]

 

Имаме работа со исклучително опасно четиво. Текст што се појавува во клучен момент од актуелната политичка криза во земјата и во кој се зборува за меѓуетнички тензии и за насилство е сè само не случајност. Црни сценарија, смислени од нечија црна фантазија, вообличени низ медиумско гласило и пласирани како легитимен напис, информација. Класичен пример за подбуцнувачко новинарство. 

Firefox_Screenshot_2015-03-29T21-58-40.813ZЛинк до оригиналниот напис: Заев, радикални исламисти од Беса и Стојанче Ангелов со сценарио за граѓанска војна во Македонија

Датум и време на објавување: 26.03.2015

Датум на рецензирање: 29.03.2015

Рецензент: Владимир Мирчески

 

ПРОИЗВОД НАВЕДУВАН ОД ЛАБОРАТОРИЈА СО ОПАСНИ МИСЛИ

 Конкретниот материјал многу ме потсетува на оние „години на опасно живеење“ во 1990-тите кога дел од медиумите во поранешна Југославија изигруваа „воени барабани“, а потоа и ги презедоа барјаците на национализмот и „гордо“ ги вееја во името на политичките патрони. Ако со еден збор би требало да се сумира ова што сега во 2015 година, во земја-кандидат за членство во ЕУ го гледаме, тоа би било „страшно“!!! Апсолутно нелегитимен производ, без трошка реално новинарство базирано на општопознатите и прифатени професионални принципи, текст што во својата срж најавува и повикува на крв, а сето тоа лошо маскирано зад параванот на наводна информација за опозициско насилство во најава. Независно од тоа што станува збор за преземен напис, криминалот, во новинарска смисла, апсолутно не е помал со едноставниот репринт на оригиналот. Треба само малку акл за да се увиди дека првичниот текст претставува играње со оган и дека, секако, не треба негово легитимирање преку едноставното „копи-пејст“. Веќе напоменав дека сценариото што се опишува е крајно опасно и за такво нешто да се објави, неопходни се дебели извори, крајно проверени информации и кредибилни соговорници, а не просто повикување на анонимки – и во безбедносните служби, ама внимавајте и во самиот СДСМ. Ваква „бомба“ од вест не може и не смее да се пушти во оптек само врз база на неофицијални информации.

 

ВИСТИНИТОСТ – ЕДНА ГОЛЕМА НУЛА

Друг аспект: ако навистина било така, а времето покажа дека не е, тогаш зошто тие силни служби, ако знаеле, не дејствувале против овие „субверзивни елементи“: опозиционери, радикали, исламисти. Внимавајте, лудилото оди дотаму што дури се најавува и точен момент на почетокот на овие насилства, а тоа „ќе било“ по прес-конференцијата на лидерот на опозицијата. Ни насилства, ни заземање институции, ни бутур… Вистинитост – нула.

Доколку информацијата не може да се потврди, или станува збор за претпоставка, односно шпекулација, тоа треба да се каже и да се објави.

Точноста на информацијата треба да се провери колку што е тоа можно – член 1 од Кодексот на новинари.

Многу сериозен елемент е вмешувањето и на меѓуетничката димензија во проблемот – карта на која во изминатите денови сè поинтензивно игра една од страните во политичкиот судир, што и е евидентно од низата јавни настапи и пораки, но и од пишувањата на медиумската лепеза наклонета токму на таа опција. Навистина страшни игри… Затоа, би кажал, ова е производ наведуван од лабораторија со опасни мисли.

Новинарот нема свесно да создава ниту преработува информации што ги загрозуваат човековите права или слободи, нема да говори со јазикот на омразата и нема да поттикнува на насилство и на дискриминација по која било основа (национална, верска, расна, полова, социјална, јазична, сексуална ориентација, политичка…) – член 10 од Кодексот на новинари.

 

ПРИСТРАСНОСТ – ОДЛИЧЕН 5

Понатаму, ако има отсуство на вистина и на извори на информации, барем нормални, а не т.н. наши и неофицијални, тогаш не знам дали воопшто и треба некој да се надева на некаква содржина, барем посериозна од таблоидските теории на заговор, со тоа што за домашните услови, е дополнетa со тензичен етнички предзнак. Ама затоа пристрасноста е за „одличен 5“. А, што друго да се очекува од вака конципиран текст со следниве коментаторски формулации:

„Како индикација за можност ова црно и крваво сценарио да започне уште денеска, е и денешното барање на Здружението за заштита на осудените во случајот „Монструм“.“

 

„Зоран Заев, свесен за немањето на ефектите кои ги посакуваше од објавувањето на досегашните т.н бомби и со немањето на поддршка од јавноста, и соочен со доказите кои несомнено постојат против него и во случајот „Пуч“ како и со криминалните активности кои се дел од случајот со барањето поткуп на струмичкиот бизнисмен и матните зделки со тендерите во општината Струмица, се обидува да предизвика меѓуетнички конфликт, обид за насилно преземање на власта во Македонија преку рушење на институциите на системот, предизвикување на расна верска и национална омраза и нетрпеливост, со еден збор граѓанска војна.“

Страшно, страшно, страшно… Станува збор за убиство на сите познати стандарди, ама со предумисла.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

неточни наводи

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

анонимни

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

апсолутно не

не може да се утврди

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

целосна копија

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

манипулира

наведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

блиску до говор на омраза

потикнува на насилство

дискриминира

национална дискриминација, верска дискриминација

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести