verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Ана Анастасовска

„Ексклузивно“: Чаршиски муабет!

на 14. 04. 2016 | | sq

[Рецензија: Ексклузивно: Груевски и Чавков подготвуваат апсење на Заев и други лица од опозицијата]

  Ми се сонило нешто, па чекај да го раскажам и да го пласирам како ексклузивна вест. Што друго може да се каже за овој напис? Тој нема никаква веродостојност, само сензационалност. Линк на оригиналниот напис: Ексклузивно: Груевски и Чавков подготвуваат апсење на Заев и други лица од опозицијата Датум и време на објавување: 08.04.2016 Датум на рецензирање: 13.04.2016 Рецензент: Ана Анастасовска  

„ЕКСКЛУЗИВКАТА“ ТРГНАТА ОД ВЕБ-СТРАНИЦАТА

Насловот на текстот е навистина сензационален и ве наведува веднаш да кликнете на него и да прочитате за што станува збор. Но, кога ќе го отворите текстот, всушност, гледате дека се работи за чаршиски муабет, поткрепен со формулацијата „дознава

Жива брука од текст!

на 8. 04. 2016 | | sq
 

[Рецензија: Геј правникот е жива брука – Николовски од СДСМ е тотален непознавач на законите и прописите]

  Овој текст е класичен пример за ширење дискриминација и за прекршување на основното правило во новинарската игра – пренеси ја втората страна. Линк на оригиналниот напис: Геј правникот е жива брука – Николовски од СДСМ е тотален непознавач на законите и прописите Датум и време на објавување: 05.04.2016 Датум на рецензирање: 08.04.2016 Рецензент: Ана Анастасовска  

ДИСКРИМИНАЦИЈА БЕЗ ГРАНИЦИ

Написот во насловот содржи диксриминаторски коментар нагласувајќи дека министерот Николовски е „геј-правник“. Сексуалната ориентација на министерот, без оглед на тоа каква е таа, во случајов нема никаква врска ниту, пак, треба да се истакне. Со самото тоа што се нагласува дека тој

Еден транспарент – генерална слика!

на 6. 04. 2016 | | sq

[Рецензија: Прилепчани паметат дека СДСМ ги уништи нивните животи и надеж за подобро утре]

  Овој текст е крајно манипулативен и има цел да го оцрни името на министерката за труд и социјална политика, Фросина Ременски, поврзувајќи ја со локалните политики на СДСМ во минатото, со кои таа немала никаква врска. Притоа, нема цврсти факти ниту за обвинувањата упатени кон нејзината матична партија. Заклучоци се изведуваат од еден транспарент, чија порака се генерализира и се претставува како став на мнозинство граѓани, во случајов прилепчани. Линк на оригиналниот напис: Прилепчани паметат дека СДСМ ги уништи нивните животи и надеж за подобро утре Датум и време на објавување: 31.03.2016 Датум на рецензирање: 05.04.2016 Рецензент: Ана Анастасовскa  

БЕЗ КОНКРЕТНИ ПОДАТОЦИ

„Во пресрет

Каква врска има смената на командир со удар во националното ткиво?

на 5. 04. 2016 | | sq

[Рецензија: Спасовски продолжува да се пазари со македонските национални интереси]

  Оваа објава нема никаква врска со новинарски текст. Има сензационалистички наслов и содржи  информација која е употребена за наведување и за убедување на читателот во нешто што нема никаква врска со реалноста и со фактите, она што е нјаважно во еден новинарски производ. Линк на оригиналниот напис: Спасовски продолжува да се пазари со македонските национални интереси Датум и време на објавување: 31.03.2016 Датум на рецензирање: 04.04.2016 Рецензент: Ана Анастасовска  

НАФРЛАНИ ОБВИНУВАЊА

„Техничкиот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски од СДСМ продолжува да се пазари со македонските национални интереси.“ На почетокот од текстот, како и во самиот наслов, на читателот му се наметнува теза дека министерот за внатрешни работи

Катица немала докази, а каде се доказите во текстот?

на 24. 03. 2016 | | sq
 

 [Рецензија: Катица Јанева призна дека нема докази]

  Овој текст е класичен пример за тоа како не треба да изгледа еден новинарски напис. Имено, содржината изобилува со коментари и со ништо непоткрепени квалификации. Написот е политички мотивиран и повеќе наликува на партиско соопштение. Линк на оригиналниот напис: Катица Јанева призна дека нема докази Датум и време на објавување: 23.03.2016, 11:37 Датум на рецензирање: 24.03.2016 Рецензент: Ана Анастасовска  

НЕВИДЛИВА СКАНДАЛОЗНА ИЗЈАВА

Уште на самиот почеток од текстот, напишаното не држи вода. „Скандалозната изјава со непризнавањето на Собранието, што практично значи и непризнавање на народот бидејќи тоа е претставничко тело на граѓаните, не беше единствен испад на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева вчера одговарајќи на новинарски прашања при учеството

Медиуми – „слуги“ на партиите

на 23. 03. 2016 | |
Основната задача на новинарите е да ја почитуваат вистината, Фото: Скриншот

Право и должност на новинарите е да настојуваат да ја спречат цензурата и искривувањето на вестите (Кодекс на новинарите)

  Пишува: Ана Анастасовска   Основната задача на медиумите е да бидат чувари на јавниот интерес, да ги штитат и да ги унапредуваат интересите на граѓаните, како и да бараат одговорност од носителите на јавни функции и од политичарите. Медиумите,

Не е важно дали е точно, важно е да се напаѓа

на 22. 03. 2016 | | sq

[Рецензија:  Едмонд Адеми само што влезе во МВР почна да ја злоупотребува позицијата]

  Овој текст е политички мотивиран и има цел да го нападне и да го оцрни советникот на министерот за внтарешни работи, без притоа да се провери информацијата или да се земе изјава од засегнатата страна. Линк на оригиналниот напис: Едмонд Адеми само што влезе во МВР почна да ја злоупотребува позицијата Датум и време на објавување: 13.03.2016 Датум на рецензирање: 22.03.2016 Рецензент: Ана Анастасовска  

ОЦРНУВАЊЕ

Порталот открива наводен инцидент кој се случил на македонска граница, односно наводен обид за шверцување брендирана стока, без да се плати царина. „Журнал дознава дека во текот на вчерашниот ден направена е контрола од страна на царинската управа на автомобил

Извитоперена порака

на 15. 03. 2016 | | sq

[“Хојт Ли до Катица Јанева: не ја партизираj работата на обвинителството”]

  Написот што е предмет на оваа рецензија претставува класичен пример за невистина и за манипулација. Имено, во текстот е изваден дел од официјално соопштение, кој е извртен, намерно погрешно преведен, така што сосема му е сменета суштината. Линк на оригиналниот напис: “Хојт Ли до Катица Јанева: не ја партизираj работата на обвинителството” Датум и време на објавување: 09.03.2016 Датум на рецензирање: 14.03.2016 Рецензент: Ана Анастасовска  

НЕВИСТИНА И МАНИПУЛАЦИЈА

Во самиот наслов и на почетокот од текстот се нагласува дека високиот американски функционер Хојт Ји, при посетата на Специјалното обвинителство и средбата со Катица Јанева ѝ упатил остра порака на специјалната обвинителка, да не ја партизира работата на

Три во едно – навреди, говор на омраза и дискриминација!

на 11. 03. 2016 | |

[Рецензија: СКАНДАЛ НА СОРОСОИДИТЕ: Злоупотребувале ментално заболени лица на протестите пред Уставниот Суд да врескаат!]

  Овој материјал воопшто не личи  на новинарски текст. Полн е со говор на омраза,  со недолични квалификации, дискриминира и обележува граѓански активисти посочувајќи ги како „ментално болни“! Линк на оригиналниот напис: СКАНДАЛ НА СОРОСОИДИТЕ: Злоупотребувале ментално заболени лица на протестите пред Уставниот Суд да врескаат! Датум и време на објавување: 05.03.2016 Датум на рецензирање: 09.03.2016 Рецензент: Ана Анастасовска  

НЕДОЛИЧЕН РЕЧНИК

Уште во самиот наслов и во воведот на оваа објава се користи исклучително навредлив речник. „Очајот, јадот, чемерот, немоќта да направат ништо корисно кое ќе добие поддршка од граѓаните ги доведува до степен на лудило соросоидите и членовите на СДСМ. Многупати досега

ТВ-дневник: Политичка програма со Груевски во главна улога

на 10. 03. 2016 | |
Испробан рецепт: спомни една иста странска инвестиција во што повеќе прилози и потоа пушти некој да ја нападне опозицијата. Фото: скриншот/колаж  

[Критички осврт врз ТВ-дневникот на „Канал 5“ во 18 часот на 09.03.2016 година]

 

Ударно, со политичка пропаганда, фалење на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски и со напади врз опозицискиот СДСМ. Ова беше главната слика од овој ТВ-дневник, кој освен партиски прилози, немаше други вести. Она што беше

Претплатете се за најнови вести