verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Ана Анастасовска

Лесно е да се напаѓа без да се праша втората страна

на 3. 02. 2016 | | sq

[Ременски закочи уште еден проект на МТСП]

Ова е еден несеопфатен и едностран текст, кој има цел да ја дискредитира министерката за труд и социјална политика, Фросина Ременски. Во написот нема евидентирани извори, што веднаш ја става под прашалник неговата вистинитост. Линкуван наслов на анализираниот напис: Ременски закочи уште еден проект на МТСП Датум и време на објавување: 01.02.2015  Датум на рецензирање: 02.02.2015 Рецензент: Ана Анастасовска  

КРИТИЗЕРСКО ЧЕТИВО

Метријалот што го рецензираме на самиот почеток ја критикува министерката Ременски дека закочила веќе постоечки проект на ресорното министерство. „Уште еден проект на министерството за труд и социјална политика е оневозможен од техничката министерка за труд и социјална политика, Фросина Ременски од СДСМ… Министерството за труд и социјална политика преку ангажирана

Пропаганда или новинарство: што предлагаат ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и Ванхауте за медиумите

на 2. 02. 2016 | |
Медиумите растргнати меѓу пропагандата, Договорот од Пржино и изборите. Фото: „Мета“, колаж: СПФМ  

Слободни и независни медиуми. Ова е еден од главните критериуми за фер и демократски избори, наведени во Договорот од Пржино, кој го потпишаа лидерите на четирите најголеми партии. Но, преговорите за медиумите веќе неколку месеци се во ќор-сокак. ВМРО-ДПМНЕ даде свој предлог за регулација на медиумската сфера, СДСМ излезе со свои решенија, речиси слични на оние

ТВ-дневник: Спинувани главните политички настани

на 30. 01. 2016 | |
Дај им збор на амбасадорите, ама прескокни ја нивната најважна порака. Фото: скриншот
 

[Критички осврт врз ТВ-дневникот на „Канал 5“  во 18 часот на 29.01.2016 година]

 

Овој ТВ-дневник ги обработи главните политички настани, но тие, главно, беа спинувани, необјективни и несеопфатни. Освен политиката и пофалбите за ВМРО-ДПМНЕ, други позначајни настани од јавен интерес не беа опфатени.

  Пишува: Ана Анастасовска   ТВ-дневникот почна со јавување во живо од пред

А каде е партиската пристапница на Јанева?!

на 29. 01. 2016 | | sq

[Катица потпиша пристапница во СДСМ!]

  Ова е еден спинерски текст во кој острицата на нападите е насочена  кон специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева. Насловот на написот содржи невистинита информација и создава погрешна слика кај читателот. Да се тврди дека некој потпишал пристапница за некоја партија, значи дека станал нејзин член, а за тоа е потребно да се има доказ. Такви докази нема во содржинскиот дел на текстот. Така што, насловот  целосно „виси“ и тој е наменски ставен за да ја дискредитира јавната обвинителка. Линк на оригиналниот напис: Катица потпиша пристапница во СДСМ! Датум и време на објавување: 27.01.2016 Датум на рецензирање: 28.01.2016 Рецензент: Ана Анастасовска  

КРИТИЗЕРСТВО

Текстот на самиот почеток содржи напади и осудувања за работата на специјалната

Наслов за кликнувања

на 29. 01. 2016 | | sq

[Пронајдена исчезнатата жена од Куманово – што и се случило]

  Текстот што е предмет на оваа рецензија е предлог на наш читател кој вели: „Си ставаат што сакаат како наслов на „статијата“ и око не им трепнува. Тоа што во текстот понатаму немаат никаква информација околу тоа што најдиректно го навестуваат, уво не ги боли“. Читателот е целосно во право. Линкуван наслов на анализираниот напис: Пронајдена исчезнатата жена од Куманово – што и се случило Датум и време на објавување: 25.01.2016 Датум на рецензирање: 27.01.2016 Рецензент: Ана Анастасовска  

НО, ШТО Ѝ СЕ СЛУЧИЛО НА КУМАНОВКАТА ?

Имено, насловот на написот, освен што потврдува дека е пронајдена жена од Куманово која била исчезната, исто така, навестува и дека

Анонимни извори и пишувај што сакаш!

на 26. 01. 2016 | |

 

[Рецензија: Заев ги убедувал членовите: Јанева ќе ме спаси од затвор и од избори]

  Целиот напис е граден на паушални непроверени информации, врз основа на кои се креира тенденциозна приказна, насочена директно против претседателот на СДСМ. Линкуван наслов на анализираниот напис: Заев ги убедувал членовите: Јанева ќе ме спаси од затвор и од избори     Датум и време на објавување: 21.01.2016 Датум на рецензирање: 25.01.2016 Рецензент: Ана Анастасовска  

ПО СЕКОЈА ЦЕНА ДА СЕ ОЦРНИ ЗАЕВ

Уште во првиот пасус се прави спин и се наведува читателот да мисли дека специјалната јавна обвинителка ќе го спаси Заев од затвор и од избори. Идентична, манипулативна порака се испраќа и со насловната конструкција. Во написот, инаку, нема ниту еден доказ дека претседателот

Каков шок – талог од кафе во филџан со кафе!

на 22. 01. 2016 | | sq
 

[Рецензија: НОВАТА ЅВЕЗДА НА ГРАНД ВО ШОК: Нема да верувате што пронашол во својата шолја со кафе!]

  Овој текст, освен зборот „шок“, ништо шокантно не содржи во себе, а уште помалку дека новата ѕвезда на „Гранд“ била шокирана. Линкуван наслов на анализираниот напис: НОВАТА ЅВЕЗДА НА ГРАНД ВО ШОК: Нема да верувате што пронашол во својата шолја со кафе! Датум и време на објавување: 16.01.2016 Датум на рецензирање: 22.01.2016 Рецензент: Ана Анастасовска  

ПЕТПАРЕЧКА ОБЈАВА

„Новата ѕвезда на Гранд во шок: Нема да верувате што пронашол во својата шолја со кафе!“ Кога ќе прочитате ваков наслов, нормално е да помислите дека навистина нешто чудно се појавило во шолјата кафе на пејачот, кој не е ниту именуван во насловот,

Теми за разговор и прашања, не е исто

на 17. 01. 2016 | | sq

[Рецензија: Шилегов не знае дека Заев две недели ги имаше прашањата за интервјуто на Канал 5?!]

  Прилогот го рецензираме по предлог на наш читател кој со право констатира дека „ Има разлика помеѓу теми за разговор и прашања што се знаат однапред.“ Линк до оригиналниот напис: Шилегов не знае дека Заев две недели ги имаше прашањата за интервјуто на Канал 5?! Датум и време на објавување: 14.01.2016 Датум на рецензирање: 15.01.2016 Рецензент: Ана Анастасовска  

ШИЛЕГОВ ИЛИ ПРИЛОГОТ Е ДАЛЕКУ ОД ВИСТИНАТА?

Уште во насловот, со значителна доза иронија се поставува прашањето како портпаролот на СДСМ не знаел дека неговиот лидер ги имал две недели претходно прашањата за интервјуто на „Канал 5“. Веднаш потоа во прилогот се оценува дека

Спинерски текст

на 15. 01. 2016 | |

[Рецензија:Несериозен настап на Заев: Се пожали дека Груевски многу го имало на телевизија]

  Ова е еден наменски скроен, манипулативен текст кој ја спинува вистината. Тенденциозноста е видлива уште со изборот на насловната конструкција: „Несериозен настап на Заев: Се пожали дека Груевски многу го имало на телевизија“ Линкуван наслов на анализираниот напис: Несериозен настап на Заев: Се пожали дека Груевски многу го имало на телевизија Датум и време на објавување: 12.01.2016 Датум на рецензирање: 15.01.2016 Рецензент: Ана Анастасовска  

НАМЕНСКА КОНСТРУКЦИЈА

Написот пренесува информација дека лидерот на СДСМ, Зоран Заев, бил гостин во вестите на телевизија „Канал 5“. И, наместо професионално да се извести што кажал Заев во интервјуто, се плука по него. „За сериозни теми одговараше несериозно и имаше

Извештај на ИКС: МТВ, „Сител“, „Канал 5“ и „Алфа“ ја фаворизираат ВМРО-ДПМНЕ, а го демонизираат СДСМ

на 12. 01. 2016 | |
Сите провладини телевизии известуваат исто – од збор до збор. Фото: Mr.TinDC, Newseum Interactive Newsrooms, 2009  

Анализата на Институтот за комуникациски студии покажува дека постои голема сличност во врамувањата кои се конструирани во вестите од јавниот сервис и од комерцијалните медиуми „Сител“, „Алфа“ и „Канал 5“. Постои големо совпаѓање во изборот на темите, изворите и во аголот на обработка на темите. Може дури и да се забележи синхронизирано емитување

Претплатете се за најнови вести