verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Каква врска има смената на командир со удар во националното ткиво?

on 5 - 04 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

http___kurir.mk_makedonija_politik

[Рецензија: Спасовски продолжува да се пазари со македонските национални интереси]

 

Оваа објава нема никаква врска со новинарски текст. Има сензационалистички наслов и содржи  информација која е употребена за наведување и за убедување на читателот во нешто што нема никаква врска со реалноста и со фактите, она што е нјаважно во еден новинарски производ.

Спасовски продолжува да се пазари со македонските национални интереси Kurir.mkЛинк на оригиналниот напис: Спасовски продолжува да се пазари со македонските национални интереси

Датум и време на објавување: 31.03.2016

Датум на рецензирање: 04.04.2016

Рецензент: Ана Анастасовска

 

НАФРЛАНИ ОБВИНУВАЊА

„Техничкиот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски од СДСМ продолжува да се пазари со македонските национални интереси.“

На почетокот од текстот, како и во самиот наслов, на читателот му се наметнува теза дека министерот за внатрешни работи се пазарел со националните интереси. Ова е едно тешко обвинување за кое треба да постојат цврсти факти и докази.

„По негова сугестија, на советот на општина Дебар, сменет е досегашниот командир на ПС-Дебар, Рашит Исмајлоски.“

Ова е единствената инфорамција што ја содржи овој напис, иако останува да лебди во воздух прашањето дали е точно дека тоа е направено по негова сугестија. Нема изјава од Спасовски, а информацијата не е потврдена од ниту една друга страна, на пример, од Општината.

„Македонците, православни и муслимани, овој потег на Спасовски го толкуваат како уште еден удар врз националното ткиво и губење на уште една важна позиција во регионот.“

Кои се тие Македонци, православни и муслимани, каде се нивните изјави и на кој начин тие ваквиот наводен потег на Спасовски го поврзуваат со уште еден удар врз националното ткиво? Каква врска има смената на командирот на ПС-Дебар со некаква важна позиција во регионот? Ништо не е објаснето. Важно има обвинувања и тоа неосновани и нелогични. Очигледно е дека станува збор за напад врз Спасовски по секоја цена, без притоа да се избираат начини и средства и, што е најважно во новинарската работа, факти и докази. Поради тоа, може да се заклучи дека овој текст е една голема манипулација и произволно толкување.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

информира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести