verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Ана Анастасовска

Манипулација обоена со расизам

на 7. 03. 2016 | | sq

[Рецензија: Девојка открила неверојатна тајна после неколку месечна врска со црнец]

  Овој текст во неколку сегменти го прекршува Кодексот на новинарите. Написот нема никакви извори, раскажаното во него е анонимно и плус е дискриминаторски. Линк на оригиналниот напис: Девојка открила неверојатна тајна после неколку месечна врска со црнец Датум и време на објавување: 01.03.2016 Датум на рецензирање: 04.03.2016 Рецензент: Ана Анастасовска  

ДИСКРИМИНАТОРСКИ ТЕКСТ

Во текстот, анонимна девојка раскажува за наводна врска со црнец кој бил дојден службено да работи во нејзината земја. Момчето исчезнало од нејзиниот живот, а таа подоцна разбрала дека во неговата матична земја бил женет и имал деца, што било огромно разочарување за анонимната девојка. Самиот наслов на текстот е манипулативен и звучи расистички и

Насловот го упропастил текстот

на 3. 03. 2016 | | sq

[Рецензија: Луѓето на Верушевски сè уште прислушуваат за СДСМ?]

  Текстот што го рецензираме е предлог на наш читател. Написот е коректен, единствено има проблем со насловот, кој е манипулативен и наведувачки. Линк на оригиналниот напис: Луѓето на Верушевски сè уште прислушуваат за СДСМ? Датум и време на објавување: 29.02.2016 Датум на рецензирање: 02.03.2016 Рецензент: Ана Анастасовска  

МАНИПУЛАТИВЕН НАСЛОВ

„Павле Саздов отвори дилема – Луѓето на Верушевски сè уште прислушуваат за СДСМ?“. Ваквата насловна конструкција го поттикнала нашиот читател да напише: „Манипулирачки наслов за луѓе што ќе ги мрзи да го дочитаат текстот до крај. Инаку текстот по тоа е коректен и до некаде ја објаснува ситуацијата во собраниската комисија со изјави од двете страни. Единствено, нејасно е како

Две слики, голема манипулација

на 1. 03. 2016 | | sq
   

[Рецензија: ФОТО: Младите со јавна поддршка за ВМРО-ДПМНЕ]

  Веста која е предмет на оваа рецензија е предлог на наш читател, кој се прашува од каде медиумот е сигурен дека натписите ги поставувале млади луѓе, а не луѓе од партиски штабови? Линк на оригиналниот напис: ФОТО: Младите со јавна поддршка за ВМРО-ДПМНЕ Датум и време на објавување: 27.02.2016 Датум на рецензирање: 01.03.2016 Рецензент: Ана Анастасовска  

ЧИТАТЕЛОТ Е ВО ПРАВО

Прашањето на нашиот читател е на место и тоа говори за манипулацијата со оваа вест. „Денеска во Скопје се појавија пароли со кои младите даваат јасна порака. „Младите се со ВМРО-ДПМНЕ“ пишува на големите платна каде е испишана пораката.“ Прво, во текстот не е посочено каде точно се

Искривена слика

на 29. 02. 2016 | | en
 

[Рецензија: Првенците на СОРОС и СДСМ тврдеа дека ограничувањето на правото за помилување е противуставно, сега манипулираат и прават протести]

  Ова е еден крајно манипулативен и спинерски текст, кој наместо да информира за протестите на граѓаните против одлуката на Уставниот суд (да ја оцени како основана иницијативата за измени во Законот за помилување), се обидува протестите да ги припише „на СДСМ и на СОРОС“ и со тоа да ја фрли во сенка главната порака од настанот. Линкуван наслов на анализираниот напис: Првенците на СОРОС и СДСМ тврдеа дека ограничувањето на правото за помилување е противуставно, сега манипулираат и прават протести     Датум и време на објавување: 25.02.2016 Датум на рецензирање: 27.02.2016 Рецензент: Ана Анастасовска  

А ДА СЕ ПРАША

Извртени аргументи за политичка манипулација

на 26. 02. 2016 | | sq

[Рецензија: Падна договор: Македонија оди на избори]

  Текстот што е предмет на оваа рецензија ги извртува фактите и на тој начин прави спин, со намера да создаде погрешна слика за тоа што се случуваше на 23 февруари 2016 година, дента кога се очекуваше пратениците да пресечат дали ќе ја поништат одлуката за распуштање на парламентот или не. Линкуван наслов на анализираниот напис: Падна договор: Македонија оди на избори Датум и време на објавување: 23.02.2016 Датум на рецензирање: 25.02.2016 Рецензент: Ана Анастасовска   КОЈ ИНСИСТИРАШЕ ЗА ИЗБОРИ ВО АПРИЛ? Уште во првиот дел од написот, исто како и во насловот, има извртување на фактите. „Изборите ќе се одржат на 5 јуни. Ваков договор доцна вечерва паднал меѓу политичките партии, дознава 

Од спектакуларен наслов до новинарски дебакл

на 25. 02. 2016 | | sq

[Од медиумски спектакл до морален дебакл – Вирусот Заев смртоносен за опозицијата]

  Овој текст воопшто не наликува на новинарски, бидејќи во себе не содржи ништо од она што по правило треба да го има во една новинарска статија. Имено, во написот нема информација, нема извори, тој е несеопфатен и коментаторски, блед обид за манипулација. Линк на оригиналниот напис: Од медиумски спектакл до морален дебакл – Вирусот Заев смртоносен за опозицијата  Датум и време на објавување: 18.02.2016 Датум на рецензирање: 23.02.2016 Рецензент: Ана Анастасовска  

ОПОЗИЦИЈАТА – ОКУПАТОР?!

Овој новинарски напис се обидува на читателот да му објасни и да му претстави што покажала првата акција на Специјалното обвинителство, насловена „Титаник“. Притоа, за изнесените наводи не постојат никакви докази, ниту

Можен криминал затскриен зад македонштината

на 22. 02. 2016 | | sq

[Рецензија: Едмонд Темелко – брана на македонштината во Албанија]

  Овој текст претставува типична манипулација и истакнување на патриотизмот, обид да се претстават СДСМ и Катица Јанева како државни непријатели, како некои кои ги гонеле големите македонски патриоти. Линк на оригиналниот напис: Едмонд Темелко – брана на македонштината во Албанија Датум и време на објавување: 13.02.2016 Датум на рецензирање: 19.02.2016 Рецензент: Ана Анастасовска  

ПРЕДИЗБОРНА ПОЛИТИЧКА ИГРА

Прво, тоа што е нелогично и што претставува спин е поврзувањето на Зоран Заев со Катица Јанева и нивното заедничко дејствување, односно обидот да се претстави специјалната обвинителка дека работи по диктат на лидерот на СДСМ. Ваквата слика што подолго време се наметнува во дел од медиумите, сега е дополнета и со обвинителката

Лесно е да се манипулира кога нема втора страна

на 15. 02. 2016 | |

 

[ВИДЕО: СДСМ продолжува со сценариото за креирање на инциденти во Собранието на Република Македонија]

    Ова е еден спинерски и коментаторски текст кој има цел да ја претстави опозицијата во негативно светло. Пишуван во тој тон, написот креира слика дека СДСМ ги опструира проектите на Владата. Линк на оригиналниот напис: ВИДЕО: СДСМ продолжува со сценариото за креирање на инциденти во Собранието на Република Македонија Датум и време на објавување: 10.02.2016, 22: 29 Датум на рецензирање: 14.02.2016 Рецензент: Ана Анастасовска  

НАФРЛЕНИ СОМНЕЖИ, ПРЕТСТАВЕНИ КАКО ФАКТИ

Самиот наслов, како и почетокот од текстот, го наведуваат читателот на тоа дека социјалдемократите креирале инциденти во Собранието за да го попречат донесувањето на законот за формирање нов универзитет во Скопје. .„..

„Соросоиди“, „Лажеш како Турчин!“ – интервју полно со говор на омраза и со стереотипи

на 12. 02. 2016 | |
Колку дебели треба да бидат црвените линии за да не се случува говор на омраза. Фото: скриншот  

„Соросоиди“, „Лажеш како Турчин“, „Ти си изрод“, „Ти не си мушкарац“ беа само дел од квалификациите што главниот и одговорен уредник на „Сител“, Драган Павловиќ – Латас, му ги упати на лидерoт на СДСМ, Зоран Заев, во завчерашното интервју во централниот ТВ-дневник. Настапот на Латас беше полн со говор на омраза, диксредитација

Половична и збунувачка информација

на 12. 02. 2016 | | sq
 

 

[Добивките од спортска и заработувачката од интернет треба да се пријават во УЈП!]

  Во овој текст се пласирани половични податоци, со што читателите се површно информирани за тоа кои добивки од игрите на среќа треба да ги пријават во Управата за јавни приходи (УЈП). Линк на оригиналниот напис: Добивките од спортска и заработувачката од интернет треба да се пријават во УЈП!  Датум и време на објавување: 02.02.2016 Датум на рецензирање: 11.02.2016 Рецензент: Ана Анастасовска  

НЕПРЕЦИЗНОСТ

Информацијата дека во УЈП треба да се пријават добивките од спортска прогноза и од заработувачката на интернет е вистинита. Меѓутоа, во написот не е убаво објаснето конкретко кои добивки треба да се прикажат во даночната пријава. „Доколку, освен плата и пензија

Претплатете се за најнови вести