verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Ана Анастасовска

Едностраната информација ја убива вистината

на 21. 06. 2016 | |

[Рецензија: Одложени преговорите поради намерата на СДСМ да воведе цензура во медиумите]

  Текстот што е предмет на оваа рецензија е спинерски и манипулативен и користејќи го правото на анонимни извори, изнесува шпекулативни информации, претставувајќи ги како факти. Притоа, ваквите информации не се проверени, односно за нив нема потврда од ниту една страна. Линк на оригиналниот напис: Одложени преговорите поради намерата на СДСМ да воведе цензура во медиумите Датум и време на објавување: 16.06.2016 Датум на рецензирање: 21.06.2016 Рецензент: Ана Анастасовска    

ШПЕКУЛАЦИИ ПЛАСИРАНИ КАКО ФАКТИ

Написот, кој е преземен од друг медиум ( тоа е коректно наведено, но не е ставен линкот), информира за она што се случувало на преговорите меѓу партиите, односно за што се дискутирало. Во

Хоророт можеби е од струшката болница, а можеби не е

на 20. 06. 2016 | | sq

[Реценџија: (ФОТО) Погледнете каков хорор се случува во струшката болница]

  Имаме куса, но исклучитечно тенденциозна фото-вест. Прикажани се две фотографии во комбинација со целосно непоткрепен коментар. Точно е дека една слика некогаш е вредна илјада зборови, меѓутоа во конкретниот пример двете фотографии не докажуваат ништо. Линк до оригиналниот напис: (ФОТО) Погледнете каков хорор се случува во струшката болница Датум и време на објавување: 16.06.2016 Датум на рецензирање: 16.06.2016 Рецензент: Ана Анастасовска    

А КАКО СЕ ЗНАЕ ДЕКА Е  СТРУШКАТА БОЛНИЦА?

Веродостројноста на оваа фото-вест е под голем прашалник. Таа се обидува да информира за состојбите во струшката болница и тоа преку фотографија. Само, во овој случај, тоа не е доволно. „Додека Никола Тодоров ужива на плажите во Грција,

Правила за пишување коментар

на 19. 06. 2016 | | sq
Страница за мислења и коментари. Фото: ribmunk.dk  

Вест или коментар? Која е разликата меѓу овие два новинарски жанрови? Во последно време на некои од македонските веб-страници можат да се сретнат многу написи кои се пласираат како вест, а всушност се коментаторски. Тие најчесто се непотпишани текстови и во голем дел се пропагандни

  Пишува: Ана Анастасовска   Границата меѓу веста и коментарот сè повеќе почнува да се губи, особено

Сè што се случува во Струмица, не мора да е поврзано со Заев

на 13. 06. 2016 | | sq

[Рецензија: КОМУЊАРСКА РАБОТА: Ем пратеник, ем сака да го лапне ловиштето во Струмица, а Заев му помагал во нелегалното преземање!]

  Ова е еден коментаторски и обвинувачки текст, кој обичната информација ја претвора во спин за да го оцрни името на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, и тоа без никакви факти и докази. Линкуван наслов на анализираниот напис: КОМУЊАРСКА РАБОТА: Ем пратеник, ем сака да го лапне ловиштето во Струмица, а Заев му помагал во нелегалното преземање! Датум и време на објавување: 08.06.2016 Датум на рецензирање: 12.06.2016 Рецензент: Ана Анастасовска  

А КОИ СЕ МАТНИТЕ ЗДЕЛКИ?

„Кире Михаилов, противкандидат на Марјан Даскаловски ја оспорува лигитимноста на неделното Собрание на ловџиите. Ден претходно во Центарот за култура во Струмица се одржало

ТВ-дневник: Катица Јанева е Баба Рога, Груевски е невин

на 12. 06. 2016 | |
Три напади врз Катица Јанева на самиот почеток од дневникот. Малку се, треба повеќе! Фото: скриншот

[Критички осврт врз ТВ-дневникот на ТВ „Алфа“ во 17.30 часот на 11.06.2016 година]

 

Реклама за владини проекти и добро осмислен напад врз Специјалното јавно обвинителство. Вака накратко може да се опише овој ТВ-дневник. Политичкиот блок вести, освен прилози во кои доминираше хајката против СЈО, друго немаше. Во дневникот беа опфатени и теми од

Не само да се објави, информацијата треба и да се провери

на 8. 06. 2016 | | sq

[Рецензија: Илија Димовски исшамаран во Велес, полицајците си гледале СЕИР]

  Материјалот што е предмет на оваа рецензија е едностран, се базира на рекла-кажала разговори, а добиените информации не се убаво проверени. Тоа го прави написот неверодостоен. Линкуван наслов на анализираниот напис: Илија Димовски исшамаран во Велес, полицајците си гледале СЕИР Датум и време на објавување: 06.06.2016 Датум на рецензирање: 08.06.2016 Рецензент: Ана Анастасовска  

ЧАРШИСКИ МУАБЕТ

Овој новинарски производ, ако може така да  се нарече, бидејќи ги нема основните елементи на еден професионален новинарски текст, повеќе наликува на чаршиски муабет. Имено, во текстот очигледно се сака да се оцрни името на пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски. „Ексклузивно дознаваме дека пратеникот од ВМРО ДПМНЕ и координатор на пратеничката

Фалбаџиски текст за „неуморниот“ Груевски

на 6. 06. 2016 | | sq
 

[Рецензија: По интензивната агенда на терен, Груевски со пријателите на партија баскет (фотогалерија)]

  Ова е еден фалбаџиски и популистички текст, кој од една обична информација, направил одлична реклама за лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски. Линкуван наслов на анализираниот напис: По интензивната агенда на терен, Груевски со пријателите на партија баскет (фотогалерија) Датум и време на објавување: 05.06.2016 Датум на рецензирање: 06.06.2016 Рецензент: Ана Анастасовска  

РЕКЛАМА ЗА ГРУЕВСКИ

„По интензивната дневна агенда во која оствари средби со граѓани и изврши увид во реализацијата на повеќе проекти во кочанскиот регион, селата Оризари и Подлог, Груевски најде време и за дружба со пријателите. Овој пат тоа беше кошарка, при што покажа дека освен фудбалот добро се снаоѓа и во баскетот“.

Само да се плука по „Шарената револуција“

на 30. 05. 2016 | |
 

[Рецензија: Изградиле, па ќе уништуваат: Заев, Шеќеринска, новопечениот милионер Шилегов и платениците на Соорос и денеска се изживуваа со боја]

  Овој текст е коментаторски и е полн со квалификации и со неиздржани обвинувања кои имаат цел да ја нападнат „Шарената револуција“, а особено некои функционери од СДСМ и граѓански активисти кои ги поддржуваат протестите. Линк на оригиналниот напис: Изградиле, па ќе уништуваат: Заев, Шеќеринска, новопечениот милионер Шилегов и платениците на Соорос и денеска се изживуваа со боја Датум и време на објавување: 25.05.2016 Датум на рецензирање: 29.05.2016 Рецензент: Ана Анастасовска  

ЕТИКЕТИРАЊЕ

Уште во самиот наслов и на почетокот од текстот, имаме разни квалификации и етикетирања на поддржувачите на „Шарената револуција“. „Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, неговата заменичка

Виорење на национално знаме не е провокација

на 20. 05. 2016 | | sq

[Рецензија: СЕ СПРЕМА ПРОВОКАЦИЈА НА ФУДБАЛСКИ НАТПРЕВАР: Пола Тетово доаѓа во Скопје да го развиори албанското знаме како провокација!]

  Овој текст, кој во насловот информира за некаква си провокација со истакнување на џиновско албанско знаме на фудбалски натпревар, всушност, самиот е провокативен и поттикнува на национална дискриминација, што е спротивно на новинарските правила и стандарди. Линк на оригиналниот напис: СЕ СПРЕМА ПРОВОКАЦИЈА НА ФУДБАЛСКИ НАТПРЕВАР: Пола Тетово доаѓа во Скопје да го развиори албанското знаме како провокација! Датум и време на објавување: 16.05.2016 Датум на рецензирање: 20.05.2016 Рецензент: Ана Анастасовска  

ПОТПАЛУВАЊЕ

„Се спрема провокација на фудбалски натпревар: Пола Тетово доаѓа во Скопје да го развиори албанското знаме како провокација!“. Ваков наслов во новинарски професионален текст е недозволив.

Гол маж висел од зграда, ама не во Гостивар

на 19. 05. 2016 | | sq

[Рецензија:  Гол маж висеше од зградата во Гостивар (галерија)]

  Оваа кратка фото-вест е невистинита, односно невистина е дека настанот опишан преку фотографијата се случил во Гостивар. Линк на оригиналниот напис: Гол маж висеше од зградата во Гостивар (галерија) Датум и време на објавување: 16.05.2016 Датум на рецензирање: 17.05.2016 Рецензент: Ана Анастасовска  

ЛАЖНА ИНФОРМАЦИЈА

Интересно е кога ќе прочитате дека гол маж висел од зграда во Гостивар. „Како што обично бива, швалерот в кревет, мажот на врата, швалерот – низ прозорец. Но, тешко е да се побегне од повисоките спратови, а во тао се увери овој Гостиварец!“ Уште и ако сте од Гостивар, веројатно ќе се потрудите да откриете кој е швалерот што се нашол во непријатна ситуација и

Претплатете се за најнови вести