verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Жива брука од текст!

on 8 - 04 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

 

zurnal

[Рецензија: Геј правникот е жива брука – Николовски од СДСМ е тотален непознавач на законите и прописите]

 

Овој текст е класичен пример за ширење дискриминација и за прекршување на основното правило во новинарската игра – пренеси ја втората страна.

Геј правникот е жива брука – Николовски од СДСМ е тотален непознавач на законите и прописите zurnal.netЛинк на оригиналниот напис: Геј правникот е жива брука – Николовски од СДСМ е тотален непознавач на законите и прописите

Датум и време на објавување: 05.04.2016

Датум на рецензирање: 08.04.2016

Рецензент: Ана Анастасовска

 

ДИСКРИМИНАЦИЈА БЕЗ ГРАНИЦИ

Написот во насловот содржи диксриминаторски коментар нагласувајќи дека министерот Николовски е „геј-правник“. Сексуалната ориентација на министерот, без оглед на тоа каква е таа, во случајов нема никаква врска ниту, пак, треба да се истакне. Со самото тоа што се нагласува дека тој наводно бил хомосексуалец, написот врши дискриминација и на тој начин го прекршува членот 10 од Кодексот за новинари, во кој јасно е наведено дека:

Новинарот нема свесно да создава ниту преработува информации што ги загрозуваат човековите права или слободи, нема да говори со јазикот на омразата и нема да поттикнува на насилство и на дискриминација по која било основа (национална, верска, расна, полова, социјална, јазична, сексуална ориентација, политичка…).

Вториот проблем во овој текст е што со него се напаѓа Николовски дека „уште еднаш покажал тотално непознавање на законите и прописите и дека продолжува да изнесува невистини во јавноста“.

Притоа, се пренесува демант од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, каде тој е заменик министер, а никаде не се спомнува што кажал Николовски и за што го демантираат. На тој начин, читателот не може да има увид дали искажаното во демантот е веродостојно или не.

Имајќи го предвид сето ова, може да се заклучи дека овој текст е политички мотивиран и дека има цел да ја убеди јавноста дека она што заменик министерот на СДСМ го зборува е неточно, иако читателите немаат можност да прочитаат за што точно станува збор.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

делумно

делумно

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

информира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

дискриминира

дискриминација според сексуална ориентација

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести