verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Три во едно – навреди, говор на омраза и дискриминација!

on 11 - 03 - 2016       

http___infomax.mk_wp_

[Рецензија: СКАНДАЛ НА СОРОСОИДИТЕ: Злоупотребувале ментално заболени лица на протестите пред Уставниот Суд да врескаат!]

 

Овој материјал воопшто не личи  на новинарски текст. Полн е со говор на омраза,  со недолични квалификации, дискриминира и обележува граѓански активисти посочувајќи ги како „ментално болни“!

СКАНДАЛ НА СОРОСОИДИТЕ Злоупотребувале ментално заболени лица на протестите пред Уставниот Суд да врескаат iNFOMAX.mkЛинк на оригиналниот напис: СКАНДАЛ НА СОРОСОИДИТЕ: Злоупотребувале ментално заболени лица на протестите пред Уставниот Суд да врескаат!

Датум и време на објавување: 05.03.2016

Датум на рецензирање: 09.03.2016

Рецензент: Ана Анастасовска

 

НЕДОЛИЧЕН РЕЧНИК

Уште во самиот наслов и во воведот на оваа објава се користи исклучително навредлив речник.

„Очајот, јадот, чемерот, немоќта да направат ништо корисно кое ќе добие поддршка од граѓаните ги доведува до степен на лудило соросоидите и членовите на СДСМ. Многупати досега тие безкрупулозно ги навредувале Македонските граѓани, институции и државата, но последниот скандал е навистина без преседан.“

Нејасно е на кој начин „соросоидите и членовите на СДСМ“ се доведени до „степен на лудило“, од каде заклучокот за такво нешто и на кој начин тие „многупати досега бескрупулозно ги навредувале Македонските граѓани, институции и државата“? Дали граѓанските протести против политиките на власта се навреда? Или, пак, целта на овој „напис“ е да нишани и да „пука“ кон сите што го кренале гласот против Владата.

„Имено, соросоидите денес на своите протести злоупотребија ментално заболено лице да вреска пред Уставниот Суд, врвна институција на системот, да ја навредува истата, да ги омаловажува судиите и да се заканува дека на „на клоци и за уши ќе ги бркале“ од канцелариите!“

 

ДЕМОНИЗИРАЊЕ

Самата употреба на терминот „соросоиди“ е дискриминација. Се прави обид граѓански активисти да се поврзат со фондацијата на Сорос (Фондација „Отворено општество“ – Македонија) и таа да се демонизира по секоја цена. Се наведува читателот да мисли дека на протестите било „злоупотребено ментално заболено лице“, што е тешко обвинување кое мора да биде поткрепено со цврсти докази и со факти. Но, во овој „напис“, тоа не е случај.

„Освен тоа што соросоидите навредуваат граѓани, денес го допреа дното со злоупотребата на лица со ментален хендикеп. Наместо да се грижат и да побараат згрижување и нега на таквото лице, тие јавно го експонираат, користејќи ја неговата лабина личност за правење на спектакл. Лицето е извесен Славчо Димитров, и ги замолуваме надлежните институции да преземат мерки ова лице побрзо да се хоспитализира и да му се пружи соодветна нега.“

Славчо Димитров се посочува како „извесен“, иако тој не ѝ е непознат на јавноста. Имено, Димитров е член на коалицијата „Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници“. Неговиот говор беше во контекст на протестот, а не говор на „ментално заболено лице“ кое дошло да вреска, како што написот сака да се прикаже.

 

ИЗВИТОПЕРЕНА СЛИКА

Освен за Димитров, „текстот“ содржи квалификации и за Никола Гелевски од „Темплум/Контрапункт“,

„За жал, ова не е првиот пример на вакво однесување кај соросоидите, кои го имаат и таканаречениот Никола Гелевски алијас Коља Мрак, кој поради нервната нестабилност вреска во сите телевизии каде што се појавува.“

Меѓутоа, не е посочен пример каде Гелевски „врескал“ и кој документ докажува дека тој е нервно нестабилен. Со што се поткрепени медицинските квалификации за Димитров и за Гелевски? Со ништо!

Овој „напис“ грубо го крши Кодексот за новинарите, особено членот 10, во кој е наведено дека:

Новинарот нема свесно да создава ниту преработува информации што ги загрозуваат човековите права или слободи, нема да говори со јазикот на омразата и нема да поттикнува на насилство и дискриминација по која било основа (национална, верска, расна, полова, социјална, јазична, сексуална ориентација, политичка…).

Медиумската содржина што ја рецензираме претставува вистински пример за тоа како не треба да изгледа еден новинарски текст. Основна задача на новинарите е да ја почитуваат вистината, да информираат точно и објективно, а не да ги искривуваат фактите и да создаваат извитоперена слика во јавноста.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

релевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

манипулира

наведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

говор на омраза

не потикнува на насилство

дискриминира

социјална

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

има контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Претплатете се за најнови вести