verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Ана Анастасовска

Многу зошто, ниту едно затоа

на 17. 05. 2016 | | sq

[Рецензија: Револт поради десетминутниот огномет во Скопје]

  Многу прашања и претпоставки, а ниту еден одговор. Овој новинарски напис, кој воедно е и предлог на наш читател, на публиката не ѝ  нуди ништо освен коментари. Линкуван наслов на анализираниот напис: Револт поради десетминутниот огномет во Скопје Датум и време на објавување: 13.05.2016 Датум на рецензирање: 16.05.2016 Рецензент: Ана Анастасовска  

СКУДНА ИНФОРМАЦИЈА

Текстот што е пред нас само скудно информира за силниот огномет, кој во петокот (13 мај 2016 г.), вечерта во 22 часот, ги вознемири жителите на општина Карпош, особено тие што живеат во близина на „Сити мол“. На самот почеток написот соопштува: „Многу граѓани, посебно жителите на Карпош беа вознемирени и револтирани од вечерашниот силен огномет кој се

Ниту „е“ од етика!

на 16. 05. 2016 | | sq

[Рецензија: Ова е студентката која се породила на „Табановце“ и го фрлила бебето во контејнер]

  Проблемот кај овој напис се насловот и фотографијата употребени во него. Инаку, текстот не е спорен, се работи за коректно пренесен извештај од МВР за чедоморство, кое се случило за време на една апсолвентска екскурзија. Линк на оригиналниот напис: Ова е студентката која се породила на „Табановце“ и го фрлила бебето во контејнер
Датум и време на објавување:  Датум на рецензирање: 13.05.2016 Рецензент: Ана Анастасовска  

ЖИГОСУВАЊЕ

Каде е етичноста во овој напис, е првото прашање што се поставува кога медиумот одлучил да објави фотографија, наводно, од студентката која се породила и го фрлила своето бебе во контејнер. Прво, од каде му доказ на

ТВ-дневник: Фалби, „тајни документи“ и малку суеверие

на 15. 05. 2016 | |
„Спонтано“ чистење, руска разузнувачка служба и петок тринаесетти. Фото: скриншот/funphotobox  

[Критички осврт врз ТВ-дневникот на „Канал 5“ во 18 часот на 14 мај 2016 година]

 

Овој ТВ-дневник беше полн со информации и со настани, но тие беа главно посветени на активностите на владејачката ВМРО-ДПМНЕ преку промоција на нивни проекти и ставови. Пропаганда и суеверие, маркетиншки прилози, но и напад на опозицијата и демонизирање на „Шарената револуција“ го одбележаа

Дискриминирачки текст, полн со говор на омраза

на 14. 05. 2016 | |

[Рецензија: ЦЕЛА ЛГБТ СО СДСМ: Протестите во Крива Паланка одбележани од претставници на ЛГБТ]

  Овој напис, кој во ниту еден сегмент не може да се нарече новинарски, е класичен пример за ширење дискриминација и говор на омраза врз основа на сексуална припадност. Дискриминацијата и говорот на омраза се кривично дело во Република Македонија. Линкуван наслов на анализираниот напис: ЦЕЛА ЛГБТ СО СДСМ: Протестите во Крива Паланка одбележани од претставници на ЛГБТ Датум и време на објавување: 09.05.2016 Датум на рецензирање: 13.05.2016 Рецензент: Ана Анастасовска  

БЛИКА ОД НЕТРПЕЛИВОСТ И ОД ОМРАЗА

Самиот наслов на текстот е дискриминирачки, а таквиот тон провејува низ целиот текст. Имено, написот наместо да информира за настанот, конкретно за „Шарената револуција“ во Крива Паланка, тој

Спинерска „патка“

на 13. 05. 2016 | | sq

[Рецензија: Таки Фити од СДСМ најавува дека ќе кратат плати]

  Ова е еден крајно манипулативен и спинерски текст, кој има цел да ја збуни јавноста и да создаде слика за тоа дека СДСМ, кога би дошoл на власт, би ги намалил платите на административците. Притоа, написот се повикува на изјава на професорот Таки Фити, претставувајќи го како член на СДСМ, иако тој изјавата ја дал во друга функција и конотација. Линк на оригиналниот напис: Таки Фити од СДСМ најавува дека ќе кратат плати Датум и време на објавување: 11.05.2016 Датум на рецензирање: 12.05.2016 Рецензент: Ана Анастасовска  

НЕДОСТИГА НАЈВАЖНАТА КОЦКИЧКА ВО МОЗАИКОТ

Уште на самиот почеток од текстот, се гледа дека тој е политички мотивиран и пропагандистички. „Додека владејачката

Текстот не ги гледа тепачите, а виде платеници!

на 12. 05. 2016 | | sq

[Рецензија: Кој е платеникот што сакаше да го злоупотреби маратонот и го поттикна гневот на граѓаните?]

  Ова е едностран текст кој е политички мотивиран, односно има цел јавно да обележи и да жигоса политички неистомисленици. Линк на оригиналниот напис: Кој е платеникот што сакаше да го злоупотреби маратонот и го поттикна гневот на граѓаните? Датум и време на објавување: 09.05.2016 Датум на рецензирање: 11.05.2016 Рецензент: Ана Анастасовска  

ЖИГОСУВАЊЕ

Уште во самиот наслов и на почетокот од текстот имаме жигосување на активист на левичарското движење „Солидарност“, како „платеник и соросоид“. „Еден од соросовите платеници вчера се обиде да го злоупотреби и исполитизира скопскиот маратон со транспарент на кој беше испишана политичка порака. Ваквиот негов потег го поттикна

Новинарите мора да го препознаат говорот на омраза и да се оградат од него

на 10. 05. 2016 | | sq
Тони Михајловски: „Предавници, клетници, петтоколонаши…“. Фото: скриншот    

На 13 април годинава, на ТВ „Нова“, во рамките на ТВ-дневникот, имаше вклучување во живо од протестот на ГДОМ, пред Соранието на Република Македонија. И ова не би било предмет на новинарска лекција доколку, при ваквото вклучување, не беа прекршени низа новинарски професионални стандарди. Имено, новинарката во најавата прво нагласи дека станува збор за „револтирани граѓани од одлуката на Иванов повторно

Само од СМС-порака текст не бива

на 19. 04. 2016 | | sq

[Рецензија: Директор на јавно претпријатие со закани ги тера вработените на контрапротест во Скопје]

  Овој текст е едностран, а доказите и фактите презентирани во него се без цврста основа, што ја доведува во прашање неговата веродостојност. Tој се базира на една СМС-порака, при што целосно се игнорира втората страна во приказната. Линк на оригиналниот напис: Директор на јавно претпријатие со закани ги тера вработените на контрапротест во Скопје  Датум и време на објавување: 15.04.2016 Датум на рецензирање: 19.04.2016 Рецензент: Ана Анастасовска  

А ДА СЕ ПРАША ДИРЕКТОРОТ?

Уште во самиот наслов од текстот имаме сензационална информација, дека директор на јавно претпријатие им се заканувал на вработените и ги терал да дојдат на контрапротест во Скопје. Ова само по себе

Хартијата трпи сè, па и вакви „проблесоци“!

на 18. 04. 2016 | |

[Рецензија: Груевски моли на колена, Могерини и Бејли децидни дека избори не може да има]

  Написот што е предмет на оваа рецензија е предлог на наш читател, кој се прашува самиот себе дали ова е новинарски текст?! Во овој материјал имаме класична злоупотреба на терминот „анонимни извори“. Текстот е политички мотивиран, информациите се непроверени, а неговата веродостојност е крајно дискутабилна. Линкуван наслов на анализираниот напис: Груевски моли на колена, Могерини и Бејли децидни дека избори не може да има Датум и време на објавување: 10.04.2016 Датум на рецензирање: 18.04.2016 Рецензент: Ана Анастасовска  

НАВРЕДЛИВИ КОМЕНТАРИ

Уште на самиот почеток од написот, без никаква основа и поткрепа, имаме навредливи коментари упатени лично на сметка на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

ТВ-дневник: Агресивна политичка пропаганда, сите прилози во корист на власта

на 17. 04. 2016 | |
Пропаганда однадвор, пропаганда однатре. Фото: скриншот  

[Критички осврт врз ТВ-дневникот на „Алфа“ во 17 часот на 16.4.2016 година]

 

Овој ТВ-дневник беше класичен пример на политичка пропаганда со која се фалеше власта, а се напаѓаше опозицијата. Сите прилози беа во корист на владеjачката ВМРО-ДПМНЕ. Дури и прилогот за масовните протести кои ги организираат невладините организации против одлуката за општа аболиција на Иванов и против изборите, беа претставени како насилни

Претплатете се за најнови вести