verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Еден транспарент – генерална слика!

on 6 - 04 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

Прилепчани паметат дека СДСМ ги уништ_ - http___kurir.mk_makedonija_politik

[Рецензија: Прилепчани паметат дека СДСМ ги уништи нивните животи и надеж за подобро утре]

 

Овој текст е крајно манипулативен и има цел да го оцрни името на министерката за труд и социјална политика, Фросина Ременски, поврзувајќи ја со локалните политики на СДСМ во минатото, со кои таа немала никаква врска. Притоа, нема цврсти факти ниту за обвинувањата упатени кон нејзината матична партија. Заклучоци се изведуваат од еден транспарент, чија порака се генерализира и се претставува како став на мнозинство граѓани, во случајов прилепчани.

Прилепчани паметат дека СДСМ ги уништи нивните животи и надеж за подобро утре Kurir.mkЛинк на оригиналниот напис: Прилепчани паметат дека СДСМ ги уништи нивните животи и надеж за подобро утре

Датум и време на објавување: 31.03.2016

Датум на рецензирање: 05.04.2016

Рецензент: Ана Анастасовскa

 

БЕЗ КОНКРЕТНИ ПОДАТОЦИ

„Во пресрет на посетата на техничката министерска за труд и социјална политика на Прилеп Фросина Ременски, бившиот потпретседател на Светски македонски конгрес, која не го осуди нападот на доскорешниот колега Тодор Петров, Прилепчани упатија порака преку транспарент во центарот на градот до СДСМ.“

Уште на самиот почеток од написот се наведува читателот на тоа дека прилепчани испратиле порака на СДСМ преку транспарент.

„Прилеп се сеќава на погубните политики на СДСМ за прилепското стопанство, на уништувањето на големи гиганти и бркањето на 15 000 луѓе од работа. Таа црна дамка од криминално спроведентата транзиција на СДСМ Прилеп ја чувствува и денес.“

Во овој дел од текстот, кој, всушност, е и неговата суштина, се користат општи работи и квалификации, за кои нема конкретни податоци. Едно е да се каже дека СДСМ спровеле погубни политики за прилепското стопанство и дека оваа партија уништила големи гиганти, но без конкретни информации, ваквите констатации паѓаат во вода. Нема конкретни имиња на фирми и на фабрики, нема конкретни податоци и бројки за ништо. Само нафрлувања за поентирање и за оцрнување на СДСМ.

„Оваа порака на Прилепчани боди како шило, ова е порака од грлата на илјадници гладни усти и затворени куќи кои ги остави СДСМ за време на нивното владеење во Прилеп. Заради сето ова ваквите политичари се непожелни во градот херој Прилеп.“

Она што боде како шило е непрофесионалноста и некоректноста на овој напис. Да се изведе заклучок дека ова е порака на „илјадници гладни усти“ од Прилеп и тоа само врз основа на еден транспарент, кој можеби го поставил и некој партиски активист, е надвор од сите новинарски стандарди. Она што недостига во овој текст се барем неколку изјави, луѓе со конкретни имиња и презимиња.

Вака пренесен написот, повеќе наликува на партиско соопштение за политичка манипулација со читателот.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

неофицијални

нерелевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

некреативен

несензационален

несоодветен

нејасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести