verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Крајно манипулативен наслов што не ја содржи главната информација

on 27 - 04 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

Владата планира зголемено породилно отсуство за мајките NetPress-crop-resize

 

[Рецензија: Владата планира зголемено породилно отсуство за мајките кои ќе родат две или повеќе деца]

 

Насловот на овој текст е крајно манипулативен и во себе не ја содржи главната информација, а тоа е за кои категории родилки ќе се зголеми породилното отсуство. Ваквиот наслов создава погрешен впечаток кај јавноста, а тоа очигледно е и главната цел на авторот, да ги изманипулира читателите.

Владата планира зголемено породилно отсуство за мајките NetPressЛинкуван наслов на анализираниот напис: Владата планира зголемено породилно отсуство за мајките кои ќе родат две или повеќе деца

Датум и време на објавување: 18.04.2015

Датум на рецензирање: 20.04.2015

Рецензент: Ана Анастасовска

Насловот „Владата планира зголемено породилно отсуство за мајките кои ќе родат две или повеќе деца“ е толку бомбастичен што веднаш привлекува внимание кај оној што ќе го прочита. Но, подолу во текстот се открива дека веста во насловот нема никаква врска со она што навистина е најавено. Она што недостига во насловот е клучниот збор „одеднаш“.

„Еве на пример наскоро Владата планира за мајките: Зголемување на платеното породилно отсуство од работа од сегашните 12 на 15 месеци, значи дополнителни 3 месеци, за мајките кои ќе родат 2, 3 или повеќе деца одеднаш.“

Одеднаш, значи мајките кои ќе родат двојка, тројка или повеќе близнаци. И тука веста добива сосема поинаков контекст. Тоа не значи дека мајките кои имаат две, три или повеќе деца ќе добијат зголемено породилно боледување.

Освен што авторот на овој текст користи бесрамна манипулација, тој заборавил во написот да се осврне и на проблемите кои родилките ги имаат во Македонија, како, на пример, најкратко породилно боледување, споредено со земјите од регионот, доцнење на исплатата за породилното отсуство итн.

Анализата на порталот „Инбокс 7“ (Inbox7) од 13 ноември 2014 година, токму на оваа тема, покажува дека Македонија има најлоши услови за родилките во регионот.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

нема лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

информира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести