verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Позитивно светло врз проблематичен проект со прикривање информации

on 27 - 04 - 2015       

Ќе се продаваат 18 хектари државно земјиште за комплексот Љубаниште 1-crop-resize

 

[Рецензија: Ќе се продаваат 18 хектари земјиште за комплексот „Љубаниште 1“]

 

Веста дека Владата на РМ неодамна на редовна седница ја усвоила одлуката за основање посебна туристичка зона „Љубаништа 1“, на брегот на Охридско Езеро, онака како што е објавена и пласирана е навремена, точна во своите „параметри“ и има многу податоци за тоа што ќе добијат како поволност тие што таму ќе вложуваат во туристички атракции. Владата во својата одлука предвидува ослободувања од многу обврски што вообичаено ги имаат инвеститорите за оние кои ќе се одлучат да градат во близина на Свети Наум. И сето тоа, во основа, даденo низ долг текст, заради проценката дека задоволува поширок интерес, е за пофалба. Се покажува дека е полезно кога се чита „Службен весник“. Посебно што истите сознанија не успеавме да ги забележиме во другите медиуми! Сепак, во тој текст, иако ги наоѓаме одговорите на сите основни новинарски прашања, многу е неправеден кон читателите кога го прескокнува општиот контекст во кој е ставен овој проект и кој пролеа толку многу жолч меѓу охриѓани и поранешниот инвеститор – Субрата Рој, заради кого власта, впрочем, доживеа огромна бламажа.

Линк до оригиналниот напис: Ќе се продаваат 18 хектари земјиште за комплексот „Љубаниште 1“

Датум и време на објавување: 19.04.2015, 19:38

Датум на рецензирање: 21.04.2015

Рецензент: Љубомир Костовски

„Владата донесе одлука за основање туристичка развојна зона ’Љубаниште 1’ на брегот на Охридското езеро, во близина на манастирскиот комплекс ’Свети Наум’, со што се отвора патот за реализација на туристичкиот комплекс Љубаништа, во кој според првичните најави треба елитен хотел, луксузни вили, голф-терени и марина.“

Се работи за истите оние хектари кои се одзедоа на црквата (МПЦ), како и на селаните, за да се дадат на Субрата Рој, лажниот милијардер кој заврши во индиски затвор, а кој кај нас беше гледан како „инвестициски Господ“. Ниту протестите на еколозите, угледните охриѓани, ниту ставот на Македонската православна црква, особено на митрополитот Тимотеј, која е еден вид идеолошки „жирант“ на оваа власт, не беа доволна брана да се тргне во одземање на првичните 18.000 хектари од црковниот вакаф.

Тој скандал не е присутен во текстот и тој има цел да исправи пред нас инвестициски проект со некакво „наоѓање нормалност во ненормалноста“.

И по задоцнетото и нецелосно признание дека Субрата Рој е погрешна инвестиција за двоецот Груевски – Ставревски, дојде новата парола „Љубаниште ќе се гради со или без Субрата Рој“(исто овде).

Индикативно е дека судскиот процес пред Управен суд заврши молкум, „колку да не сетат Власите“, не е присутно и тука, во текстот, дека обесштетувањето на црквата е мизерно (неколку евра за еден квадрат во најелитниот дел на земјава, како што пишува тука), што, исто така, укажува дека некој сака дебело да се „омасти“. Секако, вистинскиот информатор на јавноста би ѝ предочил дека МПЦ оди да се жали во Стразбур и се надева дека процесот на крајот ќе го добие. Со тоа проектот може да биде „со вградена мана“, бидејќи правната основа за поседување земјиште не е расчистена, а тука тоа не се предава како факт!

Да се пишува за оваа тема, мора да не се споменат сите перипетии што водеа и сѐ уште водат кон сериозни општествени конфликти. Инаку, имаме прикривање информации.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

веродостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност, комерцијална пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

наведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

некреативен

несензационален

соодветен

јасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести