verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Дискредитација врз основа на заедничка фотографија

on 28 - 04 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

ФОТО-Близок-човек-на-Стојанче-Ангелов-Прилеп-Press24-crop-resize

 

[Рецензија: ФОТО: Близок човек на Стојанче Ангелов ја демолирал зградата на општина Прилеп]

 

Овој текст има цел на еден инцидент да му даде политичка конотација и при тоа да го поврзе со лидерот на Достоинство, Стојанче Ангелов, дискредитирајќи го како политичка личност. Написот е политички мотивиран, тенденциозен и не го задоволува минималното ниво на сеопфатност.

ФОТО  Близок човек на Стојанче Ангелов ја демолирал зградата на општина Прилеп   Press24Линкуван наслов на анализираниот напис: ФОТО: Близок човек на Стојанче Ангелов ја демолирал зградата на општина Прилеп

Датум и време на објавување: 21.04.2015

 Датум на рецензирање: 25.04.2015

 Рецензент: Ана Анастасовска

„Човек близок до Стојанче Ангелов е кршачот на прозорците во Општина Прилеп. Млад прилепчанец во алкохолизирана состојба утрово околу 7 часот искршил преку 10 надворешни стакла од новата општинска зграда во Прилеп.“

Авторот на овој текст одлучил да искористи фотографија на младиот прилепчанец кој го предизвикал инцидентот, на која е сликан со Стојанче Ангелов. Ваквата фотографија служи за манипулирање со фактите и за создавање погрешна слика кај читателот. Целта, секако, е да се дискредитира Ангелов и тој да се поврзе со кршењето стакла на општинската зграда во Прилеп. Особено зашто последниот месец Ангелов е актуелен со неговите протести пред МРТВ и неговите најави за „ослободување“ на јавниот сервис.

„Упатените коментираат дека ваквите инциденти се вториот правец на сценариото на Заев за насилство, дестабилизација и внесување на немир кај граѓаните преку платеникот Ангелов, кој преку свои луѓе кои, како што е случајот со овој млад прилепчанец, сторители и на други прекршоци за нарушување на јавниот ред и мир се обидува да внесе немир меѓу народот.“

Самиот факт што „упатените“ ги нема никаде во текстот, а нивниот наводен заклучок е пренесен преку коментар на анонимниот автор, е доказ за спинот што се наметнува преку овој напис.

Но, во текстот очигледно намерно е изоставен еден друг факт. Тоа е дека младиот прилепчанец посочен во текстот, испратил демант за ваквите тврдења, придружен со фотографии на кои е сликан со челници на ВМРО-ДПМНЕ, министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска и пратеникот Антонио Милошоски.

„Сакам да кажам дека исто како што се имам фотографирано со Генералот Ангелов, се имам фотографирано и со министри од актуелната влада, што селективното користење на фотографиите од мојот Фејсбук профил го прави тенденциозно и злонамерно“ се наведува во реакцијата на прилепчанецот, која ја пренесува агенцијата „Мета“.

Авторот на овој текст го прекршил членот 3 од Кодексот за новинари, во кој јасно се наведува дека:

Новинарот ќе настојува да биде обезбедено објавување на исправка, деманти и одговор во случај кога ќе биде утврдена неточност на информацијата.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

нерелевантни

повеќе извори

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

издвоено од фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

некреативен

сензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести