verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Со свеќа да бараш, не можеш да најдеш „закани со насилни протести“

on 11 - 05 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

Сценариото-се-исполнува-Заев-се-закани-crop-resize

 

[Рецензија: Сценариото се исполнува: Заев се закани со насилни протести, како што на Скајп збореше Верушевски!]

 

Ова е еден крајно спинерски и манипулативен текст, кој има цел да ја убеди јавноста дека лидерот на опозицијата, Зоран Заев, подготвува некакво си сценарио за граѓанска војна. Во текстот се забележува речникот и тонот на владејачката политичка партија, а анонимниот автор е ставен во улога на нејзин портпарол, а не на новинар кој на јавноста треба да ѝ презентира факти и докази.

Сценариото се исполнува  Заев се закани со насилни протести  како што на Скајп збореше ВерушевскиЛинкуван наслов на анализираниот напис: Сценариото се исполнува: Заев се закани со насилни протести, како што на Скајп збореше Верушевски!

Датум и време на објавување: 28.04.2015

Датум на рецензирање: 08.05.2015

Рецензент: Ана Анастасовска

„Имено, опозицискиот лидер се закани дека во текот на месец мај ќе има насилни протести во Македонија, не откривајќи кога и како истите ќе се одвиваат.“

Авторот прво ја убедува јавноста во својот став, а потоа ја пренесува изјавата на опозицискиот лидер, Зоран Заев, што е спрoтивно на новинарските стандарди и правила. Задача на новинарот не е да ја убедува јавноста во нешто, туку да ѝ презентира факти и докази, да ѝ даде реален приказ на состојбата, а на читателот останува да одлучи која е вистината. Се нагласува дека Заев подготвувал насилни протести, иако во неговата изјава пренесена подолу, не може да се препознае такво нешто.

„Протест во мај месец ќе има, невиден до сега во Република Македонија, а датумот ќе го определиме заедно со граѓаните надвор од строго вратите на политиката, одговори Заев на новинарско прашање.“

И што е тука спорно? Тоа што Заев најавил најмасовен протест досега, невиден во Македонија? Протестот е уставно загарантирано право на секој граѓанин. Авторот ја извртува вистината и ја убедува јавноста во нешто што не постои и не било кажано.

Притоа, за поткрепа на својата теза, авторот се повикува на некакви докази од наводна скајп-конверзација меѓу Зоран Верушевски и петтосомничениот во случајот „Пуч“, во која, наводно, тие двајца разговарале и констатирале дека во Македонија ќе им граѓанска војна. Велиме наводно, бидејќи во судска постапка сè уште не е утврдена и докажана вистинитоста на оваа скајп-конверзација. Телевизија „Сител“ на 5 март годинава ексклузивно ја објави наведувајќи дека до неа дошла преку „извори во истрагата“. Вистинитоста на оваа конверзација сѐ уште не е докажана и тоа отвора простор за нови манипулации и за спинови.

Во овој напис се прекршени неколку новинарски стандарди кои се јасно нагласени во Кодексот на новинари, а тие се „Почитувајќи ги етичките вредности и професионалните стандарди во пренесувањето на информациите, новинарите ќе бидат чесни, објективни и точни; Право и должност на новинарите е да настојуваат да ја спречат цензурата и да го спречат искривувањето на вестите“.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

повеќе извори

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

некреативен

сензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

информира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести