verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Ана Анастасовска

Фалбаџиска реклама маскирана како вест

на 16. 06. 2015 | | sq
   

[Рецензија: Ова е најпосакуваниот ерген во Скопје]

  Овој напис по ниту еден стандард не е новинарски текст, ниту вест, но, сепак, заслужува рецензија поради содржината и критериумите за „најпосакуван ерген“, но секако и поради коментарите на читателите кои се револтирани од напишаното. Линкуван наслов на анализираниот напис: Ова е најпосакуваниот ерген во Скопје Датум и време на објавување: 09.06.2015 Датум на рецензирање: 14.06.2015 Рецензент: Ана Анастасовска „Менаџерот

Новинарски текст полн со медицински дијагнози

на 16. 06. 2015 | |
   

[Рецензија: Oткако си пратија венец сами на себе, денес со црна пропаганда го погребaа Груевски]

Ова е еден коментаторски текст кој не ги исполнува новинарските стандарди. Тој е полн со навреди и со обвинувања кон одредени личности, без притоа да содржи факти и докази за таквите наводи. Линкуван наслов на анализираниот напис: Oткако си пратија венец сами на себе, денес со црна пропаганда го погребaа Груевски Датум и

„Трансцендентален“ напис без извори

на 8. 06. 2015 | | sq
   

[Рецензија: Научниците тврдат – мозкот кај луѓето што се на дроги е сличен како кај свештениците и верниците кои се на молитва]

  Написот кој е предмет на оваа рецензија има проблем со вистинитоста. Имено, во него се говори за некакви си научни докази, а од нив нема ниту трага, ниту глас. Линкуван наслов на анализираниот напис: Научниците тврдат – мозкот кај луѓето што се на дроги е

Македонската држава си го заборави претседателот

на 31. 05. 2015 | |
Посетите на Иванов: Азербејџан, Турција, Русија – исток, исток и пак исток. Фото: претседател на РМ   Шефот на државата, Ѓорѓе Иванов, последното интервју го дал за весникот „Дневник“ во август 2014 година, преку кое порачал: „Кога ќе влезете во туѓа игра, не излегувате лесно“. Во оваа, 2015 година, пак, не е спомнат во ниту еден медиум. Ова го покажуваат информациите на неговата официјална веб-страница во делот кој е посветен

Рецензија: Повторно на виделина исцелителните моќи на Лесновскиот манастир

на 30. 05. 2015 | | sq
  Вестите поврзани со натприродното и мистичното отсекогаш биле атрактивни, како за медиумите така и за нивната публика. Новинарите многу често објавуваат вакви и слични приказни за некакви чуда. Прашањето е дали новинарите имаат соодветна стручна подготвеност за ваквите прашања и дали токму нивното непознавање е причина за сензационализирањето на ваквите вести, а сè тоа за да се привлече што поголема читаност. Но, колку „чудата“ за кои се пишува се вистинити, никој не може да докаже. Линкуван наслов на анализираниот напис: Повторно на виделина исцелителните моќи на Лесновскиот манастир Датум и време на објавување: 25.05.2015 Датум на рецензирање: 27.05.2015 Рецензент: Ана Анастасовска Таков е случајот и со овој прилог, кој е предлог на наш читател и кој вели: „Вакви

Не одлета Шекеринска, туку одлета новинарската професионалност

на 28. 05. 2015 | | sq
 

[Рецензија: ЕКСКЛУЗИВНО: додека СДСМ кампува – Рада и Бобо одлетаа]

  Сензационален наслов за сензационален и манипулативен текст. Ексклузивно: СДСМ кампува, Рада одлета! Тука ексклузивно се прашуваме: Па што ако Рада одлетала? Ова е класичен пример за тоа како во недостиг на конкретни и на проверени информации, новинарите манипулираат со фактите и на јавноста ѝ создаваат погрешна слика. Линкуван наслов на анализираниот напис: ЕКСКЛУЗИВНО: додека СДСМ кампува – Рада и Бобо одлетаа Датум и време на објавување: 22.05.2015 Датум на рецензирање: 25.05.2015 Рецензент: Ана Анастасовска „Вечер ексклузивно дознава дека Радмила Шеќеринска и Божидар Јанковски утринава ја напуштија Македонија преку аеродромот Александар Велики на летот утринава во 5.50 часот за Загреб. Дали нивната крајна дестинација е Загреб, засега немаме информации,

Од опседнатост до смешни конструкции

на 21. 05. 2015 | | sq
 

[Рецензија: ФОТО: Како Хрватите ја рушат пропагандата на СОРОС?]

  Опседнатоста на некои медиуми со Фондацијата „Отворено општество Македонија“ и нападите по секоја цена кон неа, дефинитивно не запираат. Пример за тоа е и овој напис кој се служи со срамна манипулација и со спин, за да создаде впечаток кај читателите дека дури и „Хрватите знаат дека СОРОС лаже“. Притоа, во текстот нема никакви факти и докази за ваквата теза. Линкуван наслов на анализираниот напис: ФОТО: Како Хрватите ја рушат пропагандата на СОРОС? Датум и време на објавување: 19.05.2015 Датум на рецензирање: 21.05.2015 Рецензент: Ана Анастасовска „Граѓаните на Хрватска ги рушат пласираните лаги и тези на овие пропагандни медиуми за наводно присуство на само 30.000 граѓани на собирот на

Љубовно писмо или новинарски текст

на 20. 05. 2015 | |
 

[Рецензија: НетПрес Анализа: Со Мијалков како класичен партиски играч СДСМ ќе доживее политички потоп]

  Текстот кој е предмет на оваа рецензија е класичен пример за тоа како не треба да изгледа еден новинарски професионален напис. Уште од самиот наслов, станува јасно дека анонимниот автор кој ја направил оваа анализа, го идеализира поранешниот директор на УБК до ниво на бог, посочувајќи  дека по него на опозицијата ќе ѝ се случи потоп. Линкуван наслов на анализираниот напис: НетПрес Анализа: Со Мијалков како класичен партиски играч СДСМ ќе доживее политички потоп Датум и време на објавување: 13.05.2015 Датум на рецензирање: 19.05.2015 Рецензент: Ана Анастасовска Освен што оставката на Сашо Мијалков од позицијата директор на Управата за безбедност и контраразунување е доживеана

Никакви факти и докази, а серија сериозни обвинувања

на 15. 05. 2015 | |
 

[Рецензија: Терористите пристигнале во земјава во време кога траеја насилните протести]

  Очаен и срамен обид за манипулација и за поврзување на опозицискиот СДСМ со терористичката група што беше разбиена во полициската акција во Куманово. Текстот, од една страна, не е поткрепен со никакви факти и докази, а од друга страна, посочува сериозни обвинувања на сметка на најголемата опозициска партија. Линкуван наслов на анализираниот напис: Терористите пристигнале во земјава во време кога траеја насилните протести Датум и време на објавување: 11.05.2015 Датум на рецензирање: 13.05.2015 Рецензент: Ана Анастасовска „Терористичката група, која властите ја оценија, како една од најопасните на Балканот, која беше утврдена во кумановската Дива населба, според информации до кои дојдовме, на македонска територија влегла на петти и

СДСМ и Сорос виновни за сѐ – по принципот новинарски напис те тужи, новинарски напис ти суди

на 13. 05. 2015 | |
 

[Рецензија: СДСМ со очајна тактика добар протестант-лош протестант]

  Ова е едностран, несеопфатен и необјективен текст кој на секој начин се обидува да ги поврзе СДСМ и Сорос со протестите против полициската бруталност, но и со инцидентите што се случија за време на првиот ден од протестот, а во кој имаше повредено неколку протестанти и полицајци. Притоа, авторот на текстот користи изјава која е непроверена и која се пласира како факт. Линкуван наслов на анализираниот напис: СДСМ со очајна тактика добар протестант-лош протестант Датум и време на објавување: 07.05.2015 Датум на рецензирање: 11.05.2011 Рецензент: Ана Анастасовска „Откако јавноста ги осуди насилствата кои ги применува СДСМ врз полицијата и државниот имот, СДСМ се обиде со очаен обид да „испере“ дел

Претплатете се за најнови вести