verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Не одлета Шекеринска, туку одлета новинарската професионалност

on 28 - 05 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

ЕКСКЛУЗИВНО-додека-СДСМ-кампува-Рада-и-Бобо-одлетаа-Вечер-crop-resize

 

[Рецензија: ЕКСКЛУЗИВНО: додека СДСМ кампува – Рада и Бобо одлетаа]

 

Сензационален наслов за сензационален и манипулативен текст. Ексклузивно: СДСМ кампува, Рада одлета! Тука ексклузивно се прашуваме: Па што ако Рада одлетала? Ова е класичен пример за тоа како во недостиг на конкретни и на проверени информации, новинарите манипулираат со фактите и на јавноста ѝ создаваат погрешна слика.

ЕКСКЛУЗИВНО  додека СДСМ кампува   Рада и Бобо одлетаа   ВечерЛинкуван наслов на анализираниот напис: ЕКСКЛУЗИВНО: додека СДСМ кампува – Рада и Бобо одлетаа

Датум и време на објавување: 22.05.2015

Датум на рецензирање: 25.05.2015

Рецензент: Ана Анастасовска

„Вечер ексклузивно дознава дека Радмила Шеќеринска и Божидар Јанковски утринава ја напуштија Македонија преку аеродромот Александар Велики на летот утринава во 5.50 часот за Загреб. Дали нивната крајна дестинација е Загреб, засега немаме информации, или пак можеби Хрватска им е само транзит кон друга дестинација.“

Анонимниот автор на овој текст пренесува, според него, ексклузивна информација, дека потпретседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, заедно со својот сопруг, „е фатена жива“ како од скопскиот аеродром „Александар Велики“ заминала за Загреб. Но, тоа не е сè. Авторот уште и отвара дилема и заговара теорија дека тоа, можеби, не е нејзина крајна дестинација. Со ударнава вест сè би било во ред доколку, на пример, Шекеринска е познат терорист, или, пак, има кривична пријава и за неа се води некаква судска постапка во земјава. Но, такво нешто, колку што е познато во јавноста, нема. Шекеринска не е некаков си криминалец, па да се чудиме зошто ја напушта Македонија. Причините за нејзиното заминување може да се многу, но, сепак, нема ништо спорно во тоа. Она што е спорно и што може да отвори многу прашања, е и дали личноста на фотографиите пренесени во текстот, навистина е Радмила Шекеринска или, пак, е некој што потсетува на неа. Кога авторот на фотографиите не е потпишан, не може со сигурност да се тврди дека станува збор за неа.

Очигледна е намерата на да се крене прав околу обична информација и за тоа да се создаде погрешен впечаток кај читателите, а сè само заради поголема читаност.

Подолу во текстот, авторот на овој напис ја открива својата намера и излегува со осуда дека Шекеринска отпатувала, додека нејзините сопратијци сè уште кампувале пред Владата и барале оставка од Груевски. И тоа е за осуда? Никој нема право никого да суди ако за тоа нема конкретни факти и причини. Уште помалку е тоа задача на новинарот.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

1 извор

повеќестрани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

некреативен

сензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

информира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести